Колешке мене ми треба предмет до 5 кредити, од Економски сум Што ми предлагаш, и кај кој професор за да знам што да пријавам Благодарам однапред
Здраво дали некој до сега имал искуство со изборниот предмет родот и спортот да ми кажи што се учи,дали е лесно и какви се колоквиумите,дали бараат присуство? Фала однапред
здраво, дали некој/а од вас ја има книгата еколошка безбедност од тони милески за продавање? по можност да е од минатата година издание
Здраво, Сакам да прашам дали некој ќе може да ми kаже нешто повеќе за филозофија на филизофски факултет, дали е многу тешко, дали професорите бараат многу и такви работи. И што можеш да работиш со тоа
Можеш да отвориш филозофџилница и везден да млатиш празна слама со муштериите... за сериозно, може да се работи како професор по философија, етика и сл. во средно училиште. Во секој случај за очекување е дека ќе се текнеш со мошне богат речник на изразување па може и новинар или писател да се биде. Многумина дипломирани филозофи работат нешто сосема друго, некои се каат што студирале нешто толку теориско и непрактично за денешно време, други сметаат дека тие студии интелектуално ги збогатиле па она друго или трето што го работат индиректно е облагородено со претходните знаења. Но имај го во предвид и следниот факт: За да се запознаеш и ја негуваш филозофијата како и за да се стекнеш со богат фонд на зборови, воопшто не е неопходно да студираш филозофија!!! Доволно е да прочиташ повеќе книги кои се бават со филозофија - Вовед во филозофија од Бошњак, Филозофија на источните народи од Вељачиќ, Претсократовци од Митевски(за античка филозофија ги препорачувам сите книги на Митевски, ги има во Матица многу ефтини), Светот на Софија и др. Од друга страна за да некој легално биде лекар, неопходно е да студира медицина, или некој за да биде контролор на летање неопходно е да помине соодветна официјална обука. Е сеа, ако си имаш вишок време а материјално си веќе ситуирана па не ти пречи наместо заработка и провод да читаш што другите мислеле за тоа што претходните мислеле тогаш студирај си тоа. Но бидејќи го постави прашањето околу работење (логично, од тоа произлегува и заработка) вреди да се размисли дали и уште кои други студиски програми и факултети би биле интересни но и практични. Можеби странски јазици (кој знае добро на пр. германски може филозофите Кант, Фојербах, Фихте и тн. да ги чита во оригинал а може и да преведува за пари книги или конференции, зависно од насоката). Или менаџмент па да менаџираш печатење книги по филозофија . Или информатички науки да составуваш филозофски софтвер, или медицина па да ги лекуваш филозофите... и уште многу други правци има. Не е исклучено ниту тоа некој да заврши филозофија па потоа да заврши уште еден факултет. Но тоа подразбира трошење извесно време (3-4 години) и пари (различни факултети во различни земји имаат различни тарифи).
Имам уште време за факултет али сакам од сега да се одлучам за после да небиде набризина одбран факултет па затоа закам да прашам и за факултетот по дефектологија и социјална работа и социјална политика нешто повеќе да ми кажете. Иначе имам слушнато дека на социјална работа и социјална политика го немало секоја година тој смер бидејќи не се запишувале многу студенти.
@Queen_Killer Па тебе лично што повеќе те влече? Сепак се работи за доста различни професии. Дефектологијата како наука според мене е потешка од социјална работа и политика, впрочем мислам дека е најтешкиот смер на Филозофски, заедно со психологија, материјата е пообемна и професорите повеќе бараат. Оваа наука исто е поврзана со медицината, ќе имаш неколку медицински предмети како што се Хумана генетика, Физиологија со функционална анатомија и уште еден кои ги предава Владимир Трајковски, што важи за страв и трепет на факултетов, да не те плашам сега јас, ама од многумина ќе наидеш на истото мислење. Книгите му се обемни и има доста за учење. Другите предмети и професори се горе-долу ок. Убава работа е што имате пракса, ве носат во специјални училишта, центри за деца со посебни потреби итн. За работа мислам дека е поперспективно од социјална работа и политика, зошто сега мора да има дефектолог во секое училиште. За социјална работа и политика, па тежината е средна, не е ни тешко но не е ни лесно, имаш некои зезнати професори ко и на секој факултет, и ако те интересираат општествени науки, социологија во главно, да помагаш на ранливи групи на луѓе (иако во реалноста работата ти е повеќе средување документации, отколку реален контакт со луѓе) тогаш овој смер ти е добар избор. За работа што имам слушано од луѓе, па и немаат некое позитивно искуство, или ќе ги примат и работат се само не она за кое се платени.
Јас имав антропологија кај неа, професорката е царица. За полагање даваше прашања, а на предавања смеење до солзи. Е сега не знам дали е исто на етика, али ваму беше супер
Колешки го избрав род и спорт од Филозофски, па ако имате некои материјали пратете ми. Благодарам однапред
Dali nekoj prodava kniga medicinski osnovi na invalidnosta od prof. Vladimir Trajkovski i kniga za znakoven jazik kaj prof. Zora Jacova?
Колешки, имам земено изборен Супервизија и евалуација на социјалната работа кај С. Димитријоска. Од Економски сум инаку. Во либро и зоки незнеа воопшто за предметот,а на па материјали да ми дадат. Како и да е,бев на првиот час никој не се појави освен јас и една колешка и бевме известени дека професорката е на пат и дека материјалите ќе ги добиеме на меил (сеуште ништо немаат испратено). Ме интересира дали сте запознаени како оди со метаријалите кај овој предмет/ професорка и полагањето? И исто ме интересира каде ги имате распоредите за колоквиумски сесии? Ја пребарав цела страна на факултетот и единствено што можев да најдам беше распоред од зимскиов семестар што помина и од јунска сесија.