Во студентски сервис на филозофски факултет мора да ја има скриптата. распоред за колоквиумски сесии се договарате со професорката на предавање кој ден ке се полага. Јас го имав лани избрано тој предмет. ама јас не одев на предавање зошто ми се поклопуваше со друг предмет.
Грешно имаш слушнато јас сум на социјална работа, точно е дека бројот на студенти е доста помал од оние на економски или слично, ама секоја година има студенти.. По 50 студенти сме во генерација.
Мислење за професорот Илија Ацески? Доста негативни коментари имам слушнато до сега за него, дека испитите му биле претешки, ретко кој положувал кај него и намерно буткал студентки... Јас на предавање еднаш сум му била до сега и ама навистина не го разбирам што збори, прво многу тивко и придушено збори, второ скока од една на друга тема, скроз неповрзани работи кажува, за едно прашање сто пати различни одговори дава.
Ова е гад човек, не знам професор на филозофски кој толку ги малтретира студентите, ова за изборни зборувам. Кај него за џабе се оди на предавања, не знам дали до толку не знае да предава, го мрзи или намерно сака да замара студенти со небитни работи, неповрзани со материјалот. Речиси и да не запишува присутност, а и да запише ништо не значи, нема ништо да ти помогне тоа и не дава плус оцена за присутност. Исто така, кога не знае веќе која глупост да ја тропне, почнува да досаѓа со проектни и семинарски, а ако му направиш и однесеш не ги чита, ама еве, може да се каже дека колку- толку му значат тие проекти. Колоквиуми, кога дозволува, има четири, не два. Се полага прво писмено, па усно, а може и за друг пат да се одложи колоквиумот, бидејќи нема време толку студенти за еден ден да помине. За писмените колоквиуми гледај да напишеш околу 4-5 страни и за усниот да ги знаеш убаво. На усниот испит некогаш знае да запрашува да му раскажуваш од редовните предмети што си учела, да види дали си препишувал таму. Се фаќа за ситници, те запрашува за приватни работи, зајадлив е и сака да докаже дека е секогаш тој во право, дури и кога не е. Јас кога полагав, не пушти повеќето што останавме последни, како што кажа тој, за да не откачел, да не се замарал веќе со нас (повеќе би рекла ние со него веќе да не се замараме, ама ај). Многу ми е жал што си избрала нешто кај него и се надевам дека ќе поминеш колку што можеш подобро. Гледај да не му се замараш многу, научи си за колоквиуми и кога ќе дојде време, немој пак да бираш предмети кај него.
@the.vampire.girl Ох, за жал не ми е изборен предмет, задолжителен ми е. Уште одамна имам слушано лоши работи за професоров, и нема теоретски шанси да одберам изборен кај него. Инаку, кај мене тие студенти што му биле повеќе пати на предавање, ми рекоа дека цело време иронично и цинично се обраќал на сите, со потсмев. (Tоа го забележав од тој еден пат што бев кај него, не прашуваше од кој град сме, и на тие од помалите градови иронично им забележуваше "голем град, нема збор ") За присуството, еднаш рекол мора да се оди, после тоа кажал ма што сакате правете, ако сакате доаѓајте, ако не немојте. За семинарските не издави, и што и да одбереш не му одговара, те исправа, те поправа, на крај пак по негово, а од тебе бара ти да си смислиш семинарска... Па, кога ќе сме оделе на испит (прво писмен, па усен дел) можел да не праша за семинарските, ако не сме знаеле, лошо ќе било. А и пред тоа да сме ги презентирале. Значи, не знам, конфузен е човеков ептен. За материјалот... ни даде сто негови книги за учење, пола книга ја помина на едно предавање, а уствари ништо не кажа ко што треба. Ти благодарам во секој случај, бар да знам за сигурно дека лошо ми се пишува.
Здраво, дали има некој што полагал социјална психологија кај Михајло Поповски да ми каже какво искуство има во однос на тоа дали е строг со оценките и дали бара многу материјал и каков е видот на прашањата ?
Дали некој има искуство да ми каже како изгледа усмен испит кај проф. Ило Трајковски? Како прашува, колку...?
Ако има некој список за предмети од социјална работа и социјална политика да прикачи? Благодарам однапред
Кои денови работат студентски прашања и од колку саат? се јавувам вика секретарката одберете локал стискам бројки не сака да ме вклучи? И шо документи се потребни за отпишување?
Dali bi me primile so 64-65 poeni na socijalna rabota i politika? Ili pak na semejni studii? Itno e please.......
Девојкии можда прашањето не е за оваа тема ама се надевамќе одговорите. Можно ли е на пример на мир, безбедност и одбрана прва година да запишам редовно а после од втора да почнам вонредно? Или пак мора од прва да се определам за наредните 4 години