Па има еден список од сите кандидати што поднеле документи со бодови, објавена во понеделникот... Конечната треба во петок нели
Да но таа во петок е конечна после приговорите. Сите факултети објавија денес ранг листи со примени/непримени за да можат да се поднесат договори и да се објави конечната ранг листа во петок, освен филозофски.
Освен Економски и Правен ниеден друг факултет нема објавено прелиминарна ранг листа, туку само списоци на пријавени кандидати која сите требаше да ја објават денес (а не како нив во понеделникот). Конечните излегуваат во петок и не ми е јасно зошто некои факултети не ја почитуваат одлуката на УКИМ. Патем, и конечните нема да бидат со име и презиме туку само со ИД од електронската пријава, па приговори се поднесуваат само за поени или редослед на студиски програми, а не и за лични податоци.
Имам неколку глупички прашања околу уплаќање семестар во прва година приватна квота така да доколку некој е во приватна на факсов и би сакал да ми објасни нека ми пише ЛП. Успат, со среќа на сите примени!
Јас се мачам со прашањето дали при запишување сега се плаќа 200 евра или 100, тоа што напишале од факултетов ме збуни
Има конечна само од филозофски. Видете си. Половина се плаќа сега, зависно од тоа дали си државна 100е или приватна 200е.
Да јасно ми е тоа, али имаат напишано и дека прва рата 50 евра за тие од државната квота А 100 евра за тие од приватна и тоа ме збуни..
Уште едно глупичко прашање..Овие што се влезени у државна, приватна квота или по националности, заеднички предавања имаме или се делат по квотата како што се примени??
Може некоја што е на социјална работа и социјална политика да ми каже нешто повеќе за професори испити итн?
А, има ли некој искуство со следниве предмети: Општа лингвистика Пенална и постпенална социјална работа Андрагогија Клиничка социјална работа Психологија на семејство Семејни кризи и социјални последици Фала. На кој начин е полагањето Филозофија? Бидејќи имам инфо. дека давал само есеј да напишеш подготвен од дома.
Полагањето филозофија е од дома да си напишеш есеј и таму само да го препишеш. Психологија на семејство ако ти е кај орхидеја моите колеги многу лабаво си поминале, мора да одиш на предавање ама можело многу да се препишува и далава прилично лесни тестови. Пенална и постпенална социјална работа ги имаш прашањата однапред и тие ти се паѓаат на колоквиум.
Сите заедно имате предавања (на задолжителните предмети), а на изборните ќе се поделите како што сте ги избрале. Ако сте повеќе луѓе на вежби може да бидете поделени во групи. Сепак зависи на кој институт си на ФЗФ.
Дечки, некој да ми каже лесен изборен предмет. Бидејќи и горе поставив исто прашање но филозофија веќе избрав, а социјална заштита и етика веќе ги имам избрано претходно. За пенална и постпенална надминат е лимитот за студенти. Ви благодарам.