Луѓенца, ајде ќе ве молам мсилења за Програмата по Педагогија, оваа година треба да се запишам и навистина ми треба мислење од некој кој поминал низ ова, Ви благодарам однапред !
на социологија со 97.925 ќе се запишам? И ако има некој што студира социологија да ми објасни дали може да се исчисти се на колквиуми и какви се истите, дали книгите се скапи и дали мора сите да се купат, и дали факултетот дозволува учење со разбирање или бараат се напамет бидејќи со учење напамет сум слаба.. социологијата ми е најјака страна и имам прочитано преку 50 социо-психолошки книги кои ги сакам ми велат да не запишувам но сакам да продолжам со менаџмент на човечки ресурси па во таа струка да се вработам, сега засега за социологија ме интересира некој поконкретно да ми објасни, фала однапред! исто така ако знае некој да ми каже дали дипломите од натпревари (прво место државен по бизнис, второ место државен англиски, многу први места на општински и регионални), и уверенија од курсевите ќе ми се вреднуваат нешто плус? дали воопшто да ги носам кога ќе се пријавувам?
Ќе се запишеш. Има колоквиуми, претежно писмени се, треба да имаш од 18 до 35 бодови за да положиш. Повеќето од материјалот се скрипти, има некои книги од по 400 денари нагоре, најскапата книга е Социологија од проф.Илија Ацески, 1500 денари но во неа е содржан сиот материјал од сите четири години стидии. Можеш и да ги копираш книгите, не мора оригиналите да ги земаш. Учење напамет не, повеќе ценат и вреднуваат кога се изразуваш така како што ти си разбрала. Дипломите и уверенијата можеш да си ги носиш, но и со нив и без нив секако ќе те примат. Со среќа.
и јас би сакала да знам. мојот другар се мисли дали да се запише на безбедност одбрана и мир на филозофски или на факултетот за безбедност. што е разликата? што можеш да бидеш со завршените факултети?
Некој што се разбира да ми објасни https://drive.google.com/file/d/0B99pj4QcCmRPQ3BDRnV2VFkzd2p2LTNtejR3R0FRVmU4VGxj/view?usp=drivesdk што значи. Пријателот ми кажа дека факултетот е сега прифатен во странство.. тоа е?
А што треба да ми се спремни..уште тие уплатниците да ги земам и обрасците, ги имаш ти? Инаку се мислам психологија или географија на пмф овие денови ќе одлучам