Државна квота е 200 евра, приватна веројатно од 400 до 500 евра. Во однос на часови, зависи од распоредот кој ќе го добиеш, меѓутоа си има. Но,сега имаат и повеќе изборни предмети, и според помладите колеги со кој комуницирам, е доста полабаво, од аспект на тоа што за многу од предметите не се бара задолжително присуство. Од мое лично искуство сметам дека факултетот може да понуди многу повеќе. Во поглед на пракса, барем во мое време беше така, односно буквално молење по институции да влезеш, и секаде каде што бев гледаа да ме „мафнат“ побрзо, така да и од тоа не се стекнува многу искуство, секако има исклучоци. Се надевам дека сега е променето на подобро. Во однос на добивањето работа, зависи од многу работи. Најново е дека никој не смее да извршува психолошка дејност без добивање на лиценца, која што чини 250 евра. За да добиеш лиценца, потребно е една година да стажираш во некоја институција под менторство на психолог, и за жал скоро никаде тоа не е платено, а ти треба да поминеш тамо цело работно време. Од таа причина јас сеуште не сум се лиценцирала, а во меѓувреме без лиценца не смееш да се вработиш. Имаш околу ова дискусии на страницата на Комората на психолози на МК. За да станеш психотерапевт исто така мораш да се доедуцираш, Кај нас има гешталт, когнитивна, семејна и системска психотерапија, и.т.н. Најчесто се скапи едукации, траат 4 до 5 години вклучувајќи ја и супервизијата која мора да се помине. Месец чини од 60 евра па нагоре. Има и по 100 евра од последната информација која ја добив од школата за ОЛИ интегративна метода. Во тој поглед, на тие школи можеш на сретнеш и правници и економисти, иако секаде се вели дека се наменети за психолози и сродни науки, ама на крајот психотерапевт може да биде и лице кое не се едуцирало за основните психолошки теории за личност такаречено. Лично познавам такви лица, кои вршат таква дејност. Јас завршувам и магистерски студии, во поглед на тоа, се згодив во таква група да се запишеме само двајца. Предавања нула, демек менторски, ама кога ќе отидеш или нема време или има многу луѓе пред тебе, или нема време да се закаже термин надвор од конслтации. Најпосле се очекува од студентот самостојно да изработи нацрт истражувачки и елааборат, без нула поддршка. Има големи предизвици но ако сакаш и сметаш дека имаш желба, се успева. Интересна наука е во секој поглед.
срцки ако има некој што го имал предметот Стрес и Справување кај Иван Трајков, ако ги имате прашањата од претходните колоквиуми ве молам да ми ги пратите во лп слушнав дека секоја година се истите
Јас сум од медицински факултет, имаме предмет социологија на здравје и болест со проф. Бранислав Сркањац. Книгата негова сакам да прашам дали ја има на филозофски да ја копираш?
Planiram da se zapisuvam na institut za bezbednost odbrana I mir pa ako moze da spodelite mislenje okolu institutov, blagodaram
Мислење за Институтот за безбедност одбрана и мир ? Ако има и некој што планира да се запишиува таму нека ми пише
Здраво дечки, Јас сум од друг факултет, па бидејќи не сум многу информиран за изборните предмети на Филозофски, би сакал да ми предложите изборен предмет кој е со конкретен материјал и интересен за учење и лесно се положува (или пак изборен предмет кој се положува само со стручен труд). Благодарам однапред на предлозите.
Да ве прашам, за смер дефектологија ова предметов што е здравје и спорт, значи дека ќе треба да се вежба со опрема како во средно или??
Лесни се сите предмети кај сунчица, но главен проблем е тоа што не знам колку ќе бидеш информирана за полагања и слично. Јас имам многу негативно искуство во поглед на изборните предмети од други институти.
Која е процедурата за преместување од редовни во вонредни студии? Редовни студии приватна квота, знам и за вонредни е истата рата. Други документи, предности/маани? Фала!
Да не знае некој зошто на iknow системот ми пишува дека емаилот не постои во системот а го користев до вчера?
Ако може предлог изборен предмет од Филозофски за зимски семестар кој е со прашања на заокружување и лесно се поминува бидејќи ми е последен. И мислење за Родот и спортот дали е од зимски и каков е принципот
Кај сунчица викаат дека лесно било. Давала прашања за учење. Подетални информации немам зошто не сум имала предмет кај неа.