Пола поен да ти фали на колоквиум ќе те бутне, а и многу има за учење. Од друга страна супер е професорката и многу добро предава. Зависи колку си по учењето, јас се помачив малце поише додека успеав да го положам.
Не знам кој предава специјална дидактика, но предучилишна педагогија мислам дека е кај професорката Лена, добра професорка со високи стандарди и кај неа е малце потешко.
Дали негде на интернет можам да видам кога се полага некој колоквиум од филозофски факултет зошто имам земено изборен предмет од таму?
Здраво, размислувам да се запишам на смерот Родови студии па ако може некои искуства да споделите, каде можеш да работиш после, со која титула се стекнуваш и сл
Јас сум на родови студии и би ти далаа само еден совет. Доколку не го сакаш нештото и поважна то титулата воопшто не се запишувај. Смерот е предобар, се разработува родовата проблематика.. се отвораат многу чувствителни теми итнитн.. За информации околу студирањето слободно пиши ми ќе ти помогнам колку што можам.
Фала за одговорот, немав лоша намера со тоа прашање само ме интересираше каде ќе можеш да работиш сепак треба да се размисли и за тоа
После средно сакам да продолжам на филозофскиот факултет, поточно безбедност. Сега сум средно и треба да изберам поддрачје, според тоа што сакам да продолжам понатаму. Па ме интересира кои предмети ги има на безбедност, за некои сум запознаена и дали има големо влијание предзнаењето или се се учи од почеток. Затоа што во тоа подрачје што е за филозофски, повеќето се економски предмети, па се мислам дали да изберам нешто друго или тоа.
Јас размислувам да се запишам на Филозофски, смер социјална работа и политика. Ве молам кажете кои предмети ги има, какви се професорите, дали е со колоквиуми.. Искуства од секој тип се добредојдени. Бидејќи сум во работен однос, а ми кажаа дека обично предавањата се од сабајле и нема секој ден сакав да се запишам како редовна студентка, дали би било паметно? Земајќи во предвид дека сум од друг град и планирам да патувам. И ме интересира каде СЕ би можела да се вработам. И дали некоја знае кога се уписите? Благодарам однапред ❤️
Некој што студира на филозофски смер одбрана и безбедност нека ми пише во порака Планирам таму да се запишам па ми требаат повеќе информации .
Планирам да се запишам овде,студии по педагогија,е сега имам филозофија и социологија како изборни предмети на матура,дали при упис важат како соодветни или несоодветни за педагогија?
Јас сум на педагогија, и јас за матура избрав социологија. При упис немав никаков проблем, така што мислам дека и тебе нема да ти претставува никаков проблем.
Дали некој може да ми објасни, бидејќи утре полагам, но не сум подготвена и сакам да го оставам испитот. Првпат ми е да оставам испит за понатаму, за наредна испитна сесија. П дали можеби некој знае кога ќе е таа наредна испитна сесија на Филозофски?