Девојки сакам да Ве прашам дали на филозофскиот факултет ќе има дополнителна сесија за полагање сега?
Иако прашањето може да се однесува и на друга тема, тука прашувам поради тоа што на овој факултет сум. До кога можат да се земаат оценки? Го имам положено предметот, имам потпис, само оцената ми фали и тоа од прв семестар, а веќе го почнавме вториот. Дали ќе ми прават проблеми или можеби нема да ми признаат, па пак ќе треба да полагам? Верувам и на други факултети е исто, па ако може да ми помогне некој.
Ве молам по детално некој да ми каже за социјална работа и социјлна политика во план сум да си запишам на тоа ......... ???????????
Има некој студирано, или студира на филозофскиот во Скопје? - Историја на уметност. Ако има ве молам да ми пишете лп, да ве прашам нешто.
Имам сеуште време, но сакам да се определам без брзање, паники и пополека. Во план ми е да запишам редовни студии по археологија или дефектологија, на филозофски. Низ списоците од минатите години, на археологија гледам дека има само државна квота и вонредни студии, а во ланскиот список мислам дека имаше студент со едвај 40 поени, запишан во државна квота. Ме интересира, толку ли нема заинтересирани студенти или на некој поинаков начин се определува кој влегува, а кој не? Многу повеќе ме привлекува првиот институт, но се двоумам и за дефектологија. Најголемиот страв ми е, доколку изборот ми падни на ова, дали ќе се снајдам, со оглед дека сум економски техничар. Како и да е, би ви била благодарна доколку некоја издвои свое искуство, со оглед дека последното мислење за студии на археологија е напишано пред скоро година дена.
Новитет, Семејни студии на Филозофски факултет Луѓе кој си е женет/ мажена никако да не се разведува, еве денес разбрав дека разводот е општествена девијација и како таков ќе се учи по факултетите http://www.plusinfo.mk/vest/139272/Na-S ... dnesuvanje Ќе се учи дека разводот не е нормална појава и дека е проблем кој води кон општествени девијации. Значи што све трпат нашите учебници . Кој ја одобрува оваа програма?
Eva, gledam deka si na filozofski fakultet pa bi sakala da te zamolam za edna usluga. Utre polgam matura filozofija no ke imame i esej od 400 zborovi na tema kojasto ke ja dobieme utre na testrianjeto. Mnogu ne me biva za pisuvanje esei pa sakam da te zamolam dokolku mozes da ti ja kazam utre temata i da mi napises barem nesto posto si vo tek so toa..Moze li> blagodaram odnapred
И мене ми требаат по детални информации за социјлана работа и социјална политика ... во план сум да се запишам на тоа... ???
Па оваа теза повлекува една долга дискусија : доколку мажот и жената немаат деца, океј, не им оди бракот и решението е развод.Но што се случува доколку имаат дете? На денешницава се повеќе се присутни брачни заедници каде мажот, жената имаат 20 години им здосадува а имаат и мало дете па се разведуваат.Детето расте во поделена средина, малку кај татко, малку кај мајка. Згора на тоа, таткото ќе си бара други жени, мајката такоџе, детето ќе го гледаат од што веќе се мора.. тоа израснало со недоволно љубов и внимание и се ствараат поинакви размислувања кај детето, секако- има исклучоци секогаш
Од каде па ти заклучи дека децата на разведени родители растат со недоволно љубов и внимание? Или дека родителите го гледаат од што веќе се мора? Вакви предрасуди имаше пред пола век. Не знаев дека уште се присутни
Ако те интересира социологијата како наука не, не е тешко воопшто, интересно е, ама доколку ова ти е: ај било каде да се запишам (или друга причина), тогаш е многу досаден матријалот за учење (но може да се поминува и така ако си упорна), а има и многу за читање, многу книги дополнителни кои секако ти се плус за крајната оценка, а и за тебе општо. За бодовите не се секирај, лани имаше некои со многу ниски бодови како 40-50, ама и со максимум, бидејќи вкупно можеше 50 студенти да бидат примени. Не знам како ќе е оваа година, но лани сите што влегоа беа во државна квота како редовни. Она што се учи во прва година нема да биде како што си учела во основно/средно, т.е. многу е општо се, учиш за сите социолози посебно и нивните теории и некои основни делови од социологијата, но понатаму се доаѓа до некои сличности и секако многу поопширно е и поинтересно. Професорите на овој смер се супер, нема некои проблематични, "лоши", намерно да те буткаат и сл. достапни се за секој проблем и многу помагаат, даваат доста шанси и бидејќи примаат само 50 студенти поблиски се со студентите и на предавањата се има слика како еден клас во средно со класната. Но сепак не е се нели така одлично, негативна страна е прашањето што по завршувањето, односно вработувањето по струка која скоро и да го нема.
Не ми е само колку ради реда да запишам факулет Единстевното нешто што ме интересираше од предметите во средно беше социологија , така да тоа ми е желба . не сум нешто многу добра со оцениве во средно па затоа те прашав со колку примаат Фала ти многу што ми објасни што како е со факултетот , уште еднаш фала
Дали знаете дали работат Студентски прашања во овој период? Ако не работат, кога би требало да започнат со работа?