Дечки некој случајно да не има податоци за сметката за уплаќање за потврда за редовен студент онаа што е 100 денари?
Здраво дечки, сакам да прашам дали има некој што е на смерот за безбедност? Колку е перспективен смеров. Во дилема сум дали правен или Безбедност (одбрана, мир/приватна и корпоративна). Ако може ваше мислење. Дали познавате некој што нашол работа по оваа струка? Благодарам однапред.
Ме интересира дали некој студира на овој факултет на отсекот- историја, и колку е перспективен истиот?
Генерално како се поминува на полагање, дали дава општи прашања или нешо конретно, и дали може има прашања од колоквиуми кај неа што може да се земат од студентски?
Ако убаво учиш и ги следиш предавањата се поминува, иако генерално доста се жалат од нејзините предмети дека се тешки. Пред короната, се полагаше есејски на принцип да раскажеш еден дел од книгата. Сега со онлајн полагањава ги дава на заокружување и дополнување. За прашања не знам колку би ти послужиле затоа што буквално се' може да се падне од тоа што има предавано. Нас ни даваше лично она примери за испитни прашања чисто колку да видиме како би ги поставувала, но немаше ни еден дел што беше изоставен. Се надевам бев од помош, со среќа.
Здраво девојки, дали има некоја од вас запишана на институтот за семејни студии, би сакала да поставам некои прашања
Dali nekoj znae da mi objasni sto treba za rabotilnicata kaj Sofija po predmetot socijalna rabota so deca i mladi vo rizik??
Да ве прашам. Имав еден задолжителен предмет во прва. Го паднав и го презапишав во втора. Повторно не го положив и сега доколку пак го презапишам во трета година паѓам од државна во приватна квота или имам уште годинава шанса за во државна??
Ќе паднеш во кофинансирање. Гледај до октомври да го положиш. Исто така зависи кој семестар си го слушал. Ако е зимски септемвриска ти е последна шанса, ако е летен, јануарска.
Во врска со полагањето. Не можам да на никој начин да го добијам професорот. На емаил, на тимс ко по правило не враќа. Ако имаш полагано да ми посочиш на што да се насочам или како најдобро да го најдам професорот за да зборувам со него ако постои таква можност.
Аха. Вака, не знам да ти кажам како да го контактираш, но како некој што полагал многу пати кај него можам да ти кажам да научиш буквално се. На испит ми се имаа паѓано прашања од типот колку испитаници имало во тој и тој експеримент. Знам дека не ти помагам, но таков е. Да се видиш со него, не знам дали нешто ќе ти помогне, искрено не верувам. Спремај го неговиот предмет доста, не е тежок предметот, тежок е он.