Епа не знам прати и ја семинарската и најди некој што е од твојот факултет да те информира подобро,јас сум кај нејзе по друг предмет само меијлов ни го имаше испратено валјда по грешка на сите.
Може ли некој да ми каже дали дипломата од ФЗФ е признаена во Хрватска и каква е процедурата доколку е?
Da li moze nekoj da mi kaze koi knigi se potrebni za studiranje za 1 semestar istorija? Nekoj koj so sigurnost znae ili studiral vo izminatite godini. Blagodaram odnapred.
Да замолам некој што студира Историја или Историја со архивистика да ми каже нешто повеќе за тие два смера ..што е разликата и како се задоволни од самиот факултет Благодарам
Би требало да има известување ама мислам дека диплома, изводот ќе треба да се однесат кога ќе се објават листите на примени студенти.
Благодарам.Ме интересира каков е начинот на полагање на спомнатите предмети,дали се задолжителни предавањата/присуството?
Не се бара задолжително присуство на ниеден од нив..Креативни техники правиш како семинарска и ја презентираш на кратко,филозофија бара есеј да напишеш или состав, соц.заштита и етика и родот се прават тестови ама професорките сами на предавањата си ги кажуваат прашањата и скоро секогаш ги даваат истите од претх год.
Дечки, ако знаете со новите измени од МОН кои предмети може да ги предава дипломиран професор по филозофија? Благодарам однапред
Би сакала да ми каже некој мислење за институтот по филозофија и дали би ми препорачале да се запишам на студиите по филозофија?
Дечки мислење за ,,Родот и психоанализата" (Јасна Котевска) и ,,Ликовна семиотика-родови перспективи" (Никос Чаусидис, Анета Серафимова)? Pros&Cons Кој е подобар? *тука не зборувам за предметот туку за пристапот на професорот
Јас сум дипломиран професор по филозофија и искрено многу ми е мерак што тоа завршив затоа што навистина сакав да студирам филозофија.Треба да ја сакаш струката за да завршиш.Ако немаш желба за одредена студиска програма поарно не се запишувај на тој факултет.Мое мислење...
Според мене едно големо не. Не е доволно само да ја сакаш струката и професијата. Треба да гледаш дали е перспективна за работа. Со филозофија можеш само професор. Големо не.
Еве јас сум професор, како за женско тоа е измислена работа.Ако гледаме така најубаво е електро, машински,градежен,медицински ама ретко кој ги завршува и понапорна е работата.
Прво за да се вработиш како професор треба партиска книшка и лепење плакати и идење по митинзи. И тогаш може да не те вработат. И кога ќе те вработат, ако се смени партијата на власт леташ од работа. Значи големо не. За во странство може да идеш на мастер, ама и таму не знам колку се бара филозофија.
Не сум ни во партија, нит па имам намера да бидам некогаш.Чисто за информација си има закон, Државен Просветен Инспекторат постои за тие партии и врски.И со решение на неопределено време која сака партија нека дојде ништо не му можат на кој и да е професор.
Дали на Филозофски има мастер за клиничка психологија? Ја отворив страната ама само за психологија ги нема наведено смеровите за мастер.