Да ти го јадат газот Тоа сакам да ти кажам. Не е ок. Не е за снегулка. Соодветствувај на тоа што си, немој да паѓаш испод ниво. Кога си гуштер на факс, влагаш на прво предавање и професорот како ти се обраќа? Со вие, колега? Мислам дека ме сфаќаш што ти кажувам...
4година медицина мислиш на средното училиште сигурно. Ако си медицинска сестра, јас би ти препорачала да полагаш испит или како и да оди постапката за да моеш да имаш шанса со такво средно образование и надвор од мкд. Ама тоа ако си медицинска сестра и ако имаш такви аспирации. Е сега не дека тригодишните студии за техничари, сестри се нешто подобри во наоѓање работа. И нив ги матката со договори, па волонтерство.... Затоа ти кажав да имаш карта во џеб плус ама зависи што смер си
Предавања немаат многу, професорите не се воопшто проблематични. Материјалот е прелесен. Ако мене ме прашуваш за мислење, едно големо не.
Јас влетувам во дискусијава од нигде никаде ама морам да искоментирам на ова. Семејнолог не може да работи како психолог за семејни односи. Психолозите се обучуваат за дијагностика и психотерапија во најразлични области (семејство, форензика, клиничка психологија и сл.) и тоа самиот дипломиран психолог се определува во кој правец ќе оди. Да не мешаме семејнолог кој има 4 годишно образование и психолог кој за да врши специфичен вид терапија треба да има минимум 6-7 години образование. Понатаму, во прогрмата за смејни студии се наоѓа по некој предмет од психологија и повеќето се изборни. Во врска со работните позиции на семејнологот, Филозофски факултет го има следново наведено: ''Семејнолозите може да работат во предбрачни и брачни советувалишта, центри за социјална работа, центри за планирање на семејството, младински центри што се занимаваат со малолетничка бременост, злоупотреба на психотропни супстанции и сл., невладини организации чиј фокус на интерес се децата и заштитата на нивните права, домови за деца без родители и штитенци, домови за стари лица, центри за истражувањe на развојот на семејството и семејните односи, владини институции кои во својата работа го вклучуваат семејството и креираат политики и стратегии во врска со него, и др.'' Семејнолозите може да работат во центри каде се пружи помош ама никогаш нема да имаат звање психолог за семејни односи и проблеми. А за тоа дали и колку учат студентите на родови и семејни студии, јас си имам свое мислење оформено од мое лично искуство. Вие слободно може да не се сложите со мене ама искуството не можете да ми го промените. Во прва година имав изборен предмет од Родови студии кој за студентите на тој смер беше задолжителен. Сите имавме ист материјал за учење, единствената разлика беше што ние имавме дополнителна задача (ако сакаме да ја направиме) што за студентите на тој смер беше задолжителна задача. Верувале или не, ние што ни беше изборен предметот бевме поредовни на настава, поактивни и скоро сите ја исполнивме задачата. Колоквиумите и испитот беа прелесни, не можам ни да опишам колку лесни. И сега ќе речете дека самиот предмет бил лесен, па сум го погодила таков, и тоа е во ред од ваша страна. Но, јас лично познавам човек кој до средно не беше воопшто ангажиран за учење и на семејни студии се имаше запишано ради реда. Овој човек, воопшто несериозен лик беше најдобар во групата со минимум учење, и не, не е генијалец па да му 'одело' лесно. Факт е дека на тие два смера се учи помалце. Материјалот е помал и не толку комплициран.
Не постои. Не ни можат да се вработат во државни институции. Оваа професија не е призната од државата.
@srhsejbsk дека членкиве погоре кажаа дека не постои, јас не сум доволно упатена, но има некој што е и фала ти што сподели
Знам дека не можат да се вработат, но називот си постои, самиот факултет кажува дека се дипломирани семејнолози.
Факултетот нормално така ќе ги нарекува. Називот не постои. Го нема во националната класификација на занимањата.
Јас студирам моментално социјална работа и социјална политика предавања немаме премногу по 3пати неделно отприлика, професорите се добри(одредени исклучоци) соработуваат со студентите за поместување на некој колоквиум или дообјаснување за одредена лекција, за најлесен не е како и за сите смерови и факултети ти треба учење ако сакаш да положиш, а за работа секој со својата среќа..
Od kaj znaesh dali ne uchat nishto? Si bila? Imash ideno na predavanje? Rekla kazala i ajde makedoncheto po toa sudi zatoa ne ne budiva od poedinci. Sekoj fakultet si bara znaenje i trud koj poveke koj pomalku.
Ете јас имав изборен од родови и најлесно поминав Факт е дека помалце учите, не знам зошто се лутите толку. Јас на пример си признавам дека на мојот факултет учиме помалце од медицина, електро, архитектура ама не се лутам ако дојде медицинар и ми рече дека помалце учам.
Ако кажам што се вработи еднава другарка од семејни... Нека биде само да знаете дека работи во училиште. Не можело? Мхм..
Не се лутиме, свесни сме и ние ама нема потреба да се понижуваме знаеме дека учиме помалку од некои факултети и дека е полесно ама до толку да се навредува нема логика. Секое добро
Абе дечки, ви ја читам дискусијава веќе неколку дена околу Семејни студии смерот. Јас имам завршено таму, и да, прелесен беше, никој таму не го сфаќаше сериозно (од студенти, до професори и надворешни лица). Некој денес кога ќе ме праша што имаш завршено, ем ми е срам да кажам, ем сите прв пат слушаат и ме прашуваат: а што е тоа? Најмногу предмети имавме од социологија и педагогија, нешто од социјална работа и политика, малку психологија и јас лично избрав изборни Невропсихологија и Специјална едукација и рехабилитација. Тие два предмети и Развојна психологија од Ана Фрицханд (со некое друго име за нас, и упростен и изџвакан материјал) се единствени што ги памтам од сите 4 години, што ми имаат оставено некој впечаток. А од тие новокомпонираните предмети од типот на Религија и моралот и слични, колку да се има предавања по нешто, не памтам ни еден збор, не знам кога и како би ми се нашле во животот и во некоја си идна професија. Е, тука стигнуваме до поимот - професија. Каква ли професија може да се има со овој смер? Ветувања имаше безброј, па вие можете да работите во градинки, во центар за Социјална работа, во невладини... И социјалните работници секако рекоа они не се ние и не може да ја работат нашата работа - и со право. Ние немавме врска со нивната работа, а и да имавме, чему потполно нов смер за истата струка/позиција? Прво, немавме никаква пракса, обука, создавање на вештини за понатамошна работа. Ни викаа па идете на пракса или во градинка или во специјално училиште. Јас отидов во Иднина и дефектолозите таму ни се чудеа што правиме и што да ни покажуваат, кога ниту сме дефектолози, ниту психолози и никогаш нема да можеме да работиме нешто слично. И јас во целото мое студирање, повеќе од 300 страни по еден предмет не сум имала. А да не зборам дека повеќето беа скриптички од по 20-50 страни. Тоа ли е студирање, тоа ли е академски граѓанин, па во ЈБТ имав повеќе од 20 страни за учење. И не, "семејнолозите" не може да бидат психолози оти врска немаат со психологија, и да, овој термин не постои, зошто не е влезен во законот, ние немаме никакво звање зошто законот не не признава! Убаво ми кажа почитуваниот проф. Ајдински кој присуствуваше на мојата дипломска, да си запишам после ова магистратура дефектологија или таков факс, зошто со овој смер нема да бидам ништо и нема да најдам работа. И секако дека беше во право. Куп од моите колешки запишаа втори факултети и/или магистратури и или се преусмерија кон социјална работа и политика или кон човечки ресурси. Јас завршив во 2019 мислам, дипломирав во 2020, и кога почнав да аплицирам во секакви организации, во домови за стари лица како социјален работник и слично, сите ме гледаа како падната од марс, и или не знаеја каков е тој смер што го имам завршено и дека бараат дипломирани социјални работници. Се обидов за образовен асистент, не ми дозволија ни тоа, речиси сите други смерови од ФЗФ можеа, само ние не - зошто не постоевме во законот како легитимна професија. И така, еве јас си работам те Customer Support, те Sales Representative и слично, си запишав магистратура како што ме посоветува драгиот професор, и си го учам конечно она што го сакам, што има некаква поента, стриктна цел и е признаена професија што надежно, ќе ја работам во иднина.