Благодарност за искрениот пост, без никакви пристрасности. @blueeparadise Сметам дека некои смерови се намерно измислени за професорите да си имаат повеќе предавања. Тие смерови што ги сметам такви се, од филозофски факултет, семејни студии, родови студии, андрагогија. Од правен, односи со јавност. Овие смерови не ти даваат специфично знаење што ќе го имаш ти само како дипломиран на тие студии, туку го има целата популација.
Точно! Смислени се за повеќе пари да земаат, и не ми е јасно ни како било дозволено и одлучено да се оформи конкретно мојот смер, доколку не постои во законот? Немаат тие некоја координација меѓу нив? Пример и филозофија е тотално неперспективен смер во однос на работа, филозоф денес сигурно нема да бидеш нели, единствено можеш да бидеш професор во средно школо, па и тоа сигурно нема сите да станат професори. Социјална работа и политика, психологија, дефектологија би ги сврстила како едни од поперспективните смерови од ФЗФ. Иако и психологија смеров и оние што се запишуваат на него, најголем дел ми се дискутабилни (НЕ од аспект на тоа дека психолозите се непотребни, далеку од тоа), од друг, ама тоа е веќе друга тема што ме мрзи моментално да се расплинувам сега и за тоа.
Ме насмеа на коментарот за психолозите. Како студент на тој институт потврдувам дека сме дискутабилни личности (заедно со професорите)
Хахаха, не го мислев на лош начин.. не до толку де. Имав три професорки од психологија ми се чини, и најврв ми беше Фрицханд што ми направи. Не се сеќавам се точно како беше, мислам два колоквиуми положив, за едниот спремав 150 страни вечер пред испит, положив, и тоа не со лоши поени. И после некое време, женава ми вика ау ти го немаш положено испитот, немаш доволно поени, имаш тука 3-4 минуси за присуство. А да ми кажеше тоа претходно, да не идам воопшто да полагам. На крај не знам што се случи искрено со предметот и како ме пушти, ама ме пушти. А за студентите (ќе напоменам, не сите секако), ко некоја мода да е сега сите да се запишуваат на психологија, сите сакаат психолози да се, а уствари најголем дел им е интересна таа поп психологија што ја гледаат по интернет, и сега има видеа на секој чекор, како да бидеш позитивен, како да го преземеш кормилото на својот живот, и се презлоупотребуваат поими како депресија, анксиозност, OCD. Врие од мотивациони говорници како Ана Бучевич што изиграваат психолози, и не знам, мислам дека на доста млади лица им е тоа интересно, па ајде ќе се запишеме на психологија. А психологијата е многу повеќе од тоа. И не е само да ти е интересно, еј јас психологија студирам, туку треба и да те бива за тоа и навистина да го сакаш зошто утре нема да решаваш квизови каков тип на attachment имаш, туку ќе треба да работиш со клиенти и добро да имаш разработено различни проблематики.
Верувај Ана е најсрце на целиот институт. Секогаш фер, секогаш достапна и нула избаци на хистерија за разлика од останатите. Во врска со формирање оценки, јас отсекогаш сум била против 30% од оценката да ми зависи од присуство и семинарска работа. На факултет оценуваме знаење или кој колку приуства има? Нависина е апсурдно да извадиш максимум поени на колоквиуми/испит (100% знаење) и да имаш 7ца . Јас потполно ја разбирам придобивката од пишување семинарски и целиот тој процес на истражување, но секогаш ќе си стојам на тоа дека се што не оценува знаење треба да биде бонус активност. За студентите целосно се согласувам. Токму поради причините што ги наброја голем дел од студентите се отпишуваат или постојано коментираат како не се задоволни од работите што ги учиме.
Мислам дека е само писмено кај Алма. Нема којзнае какви барања, али секако учи да знаеш..генерално нејзините предмети се едни од полесните на тој смер
A дали се плаќа за втор пат полагање или пак се плаќа ако го презапишеш за следен семестар пр да е од 2 јас да го презапишам за во 3? Не знам како оди со плаќањето прв пат ми е да паднам.
Тест на заокружување(прашањата ги спомнуваше на самите предавања) присуството не беше задолжително, книгата ја праќаше онлајн со тоа што се учеше само тоа што е во болд.
Се плаќа ако го запишуваш за друга година пр.предметот е од 1ва год го запишуваш за 2ра год тогаш се плаќа
Здраво дали има некој да е прва година на семејни студии ми треба помош за прашањата од предметот антропологија
Запишаниот предмет можеш да го полагаш во 3 испитни сесии - јануарска, јунска и септемвриска. Ако не си го положила сега, можеш во јуни да полагаш. Ако во сите сесии не го положиш, го презапишуваш предметот и тогаш плаќаш. Но, не можеш да запишеш предмет од зимски семестар во летен, треба да чекаш до следниот зимски семестар(всушност тогаш и ти се поминати сите шанси за полагање) и тогаш го запишуваш.
Не се замарај значи. Ако ти е од зимски ко шо кажа, за полагање во јуни не ти е потребно никакво плаќање, чак што и да паднеш пак во јуни, имаш шанса во септември и тогаш не се плаќа. Ако паднеш и во септември, кога ќе запишуваш нов зимски семестар рецимо 2024/25 тогаш ќе платиш пошо ти е од зимски семестар предметот.
Треба да полагам кај Владимир Трајковски усно. Може ли некој поискусен со него да ми каже tips and tricks за полесно поминување и каков му е начинот на прашување, и дали има можност за повисока оценка од 7.