Знам дека касно одговарам на ова, но како некој што е во фаза на спремање дипломска на семејни, осеќав потреба да кажам дека апсолутно се што имаш напишано е точно. Камо да размислев за ова подобро кога се запишував, сега ќе имав зачувано и време и пари кои буквално ги "фрлив". Но ете, се што ме интересираше беше психологија и бидејќи таму не ме примија, избрзав и се запишав на смеров што претходно не знаев дека постои. Професорките си се супер, немав никаков проблем со ниту еден професор, се беше океј, но да не се лажеме, иднина и добра работа со семејни едноставно нема. Потпишувавме и петиции, и се, но ништо не е сменето и не верувам ни дека во иднина ќе се смени. И да, според мене единствени корисни и асални предмети беа: Развојна психологија од Ана, Психологија на семејство и Психологија на партнерски односи од Орхидеја, Ментално здравје од Ангелка, Социјална работа со семејство од Борнарова, Семејно право од Наташа, Семејни кризи и социјални последици од Иван. Ова се единствените предмети од сите четири години кои стварно те учат нешто и кои би ти послужиле во иднина. Другово... не беше ни на ниво за средно, во средно поголем и потежок материјал учевме. Тоа е што е, им посакувам повеќе среќа на идните генерации )
Некој да не има прашања по предметот Професионална ориентација и оспособување од проф. Наташа Трајковска Станојковска од СЕР?
Дали некој има прашања по предметот Психосоцијален развој за втор колоквиум или за испит од кај професор Иван и за стрес и справување исто така?
Сакам да прашам какво е студирањето на насоката Безбедност на Филозофски факултет при УКИМ. Какви се предметите, професорите, атмосферата? Дали има многу за учење и дали е интересна насоката? Ако има некој што студира или студирал таму, би ми значело ако сподели искуство. Фала многу!
Случајно некој да не има прашања по изборниот предмет Академско говорење и пишување од кај проф Наташа? Искуство за полагање кај неа, какви прашања дава..?
Дали некој ја презентираше семинарската оваа година по предметот Спортот и родот/ Психологија на спортот од Филозофски Факултет? Како одеше полагањето дали имаше дополнителни прашања, дали се читаше…?
Дали некаде може да се најдат предметните програми за задолжителните предмети од филозофски? Конкретно за СЕР?
нема многу за учење искрено, но не значи дека е ептен лабаво само не се престроги професорите, нема да зажалиш ако се запишеш, луѓето се исто топ од секоја генерација, разгледај ги предметите во распоредот ако те привлекуваат темите запиши се, ако треба нешто инфо пиши ми позз
Здраво студирам на смерот СЕР и ме интересира дали некој знае да ми каже, ова го најдов на интернет а искрено не бев информирана до сега за вакво нешто дали е така? Цитирам: Бидејќи секоја програма од прв циклус влијае со 60 ЕКТС, точното правило важи: минимум 48 ЕКТС од првата година е предуслов за премин во втора година. Ако некој знае да ми каже би била благодарна
Здраво, има некој што е запишан на Меѓународни и интеркултурни студии? Ми изгледа дека ретко се зборува за оваа студиска програма. Би било убаво ако некој може да сподели свое мислење или искуство. Ви благодарам однапред!
Ве молам некои што учи или дипломирал на семејни студии да ми пише или да ми каже како е,што се учи,и каква е процедурата за вонредните дали некои знае
Здраво, Видов дека студираш на Филозофски Педагогија, и јас се запишав сега на тој факс. Ми треба ако имаш некои материјали за 1ва година и некој совет околу изборни предмети итн. Поздрав
Здраво, Видов дека студираш Педагогија, и јас се запишав сега на тој факс. Ми треба ако имаш некои материјали за 1ва година и некој совет околу изборни предмети итн. Поздрав
Завршив пред 5 години. Материјали ви дава секој професор засебно за предметот. Немаш потреба од ништо дополнително
Не фрлај пари за џабе. Како профил ако не е систематизиран, само губење време, работа нема. Ова од мое искуство со евроинтеграции, пошто се слични, па имав некои колеги ги запишаа тие студии и баталија.
Некој што е на Педагогија на Фзф или завршил на истиот да сподели мислење за изборен предмет, професори итн прв семестар. Се запишав вонредно па немам толку пристап до информации. Секое инфо е добредојдено.