1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет "Блаже Конески"

Дискусија во 'Образование' започната од viki85, 21 ноември 2010.

  1. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Не има ли на Фемина од „Блажо“? Јас дипломирав на англиски и книжевност со македонски и мислам дека со нашиот факултет лесно се наоѓа работа. Имавте ли омилен професор? Или некој омразен? Како поминавте кај Стојка :) ?
     
  2. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Филолошки факултет Блаже Конески

    Jас сум (верувале или не) веќе трета учебна година незапишана....грррррррррр....инаку бев по стара програма и стигнав до 3-та година на мак. јазик со јужнословенски јазици и книжевност. Кај Стојка не сум ,,поминала,, се уште бидејќи испитот кај неа ми е во 4-та година, ама затоа пак син и Наумче ми е ептен другар! (џабе се тешам, кај неа нема врски! :rofl: ) Инаку, омилен професор ми е Венко Андоновски, едни професорки по антропологија Слободанка Марковска заедно со асистентката Сузана (овие се од Филозофски) и сега веќепочинатата Бог да ја прости Јадранка Владова....
     
  3. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Филолошки факултет Блаже Конески

    Не се секирај за Стојка, јас супер поминав кај неа. Пази само кога полагаш писмено да НЕ ја напишеш буквата Ш со цртичка одоздола, зашто слушнав дека таквите тестови иделе во ѓубре одма, зашто Ш се пишувало без цртичка ортографски, и кога ќе влезеш на усно пази како ќе ја поздравиш, акцентот да биде на право место зашто може да те врати уште од врата. Сега дали се точни информацииве мои не знам за сигурно, ама јас не сакав да ризикувам и си пазев на тие детали.Иначе Стојка си е супер ако си научиш, и на усно е баш забавна и опуштена. Јас поминав од прва кај неа со 8. Марковска е срце, кај неа ја добив првата 10ка, иако првиот пат ме бутна (по моја вина).
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Филолошки факултет Блаже Конески

    Бух.
    Јас дипломирав македонски јазик и албански јазик под Б на Блажета.
    Последната генерација по стара програма.
    Не ја начекав Стојка, ама затоа ја имав честа кај дотичниот мистер Жиле - Живко Цветковски. :)
    Не сум имала проблем кај ниту еден професор и со гордост изјавувам дека немам паднато ниту еден испит.
    Мене ми беше лесен факултетот.

    Омилен професор - асс. по српски јазик Ненад Вујадиновиќ, проф. по антропологија Слободанка Марковска, ја обожувам и незаменливиот Т.Т. - Томислав Треневски, знаење, шарм, интелигенција и невидена харизма од човек!

    Од албанската катедра ги издвојувам проф. Ваљбона Тоска и Агим Полоска.
     
  5. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Филолошки факултет Блаже Конески

    Кај Треневски лингвостилистика? Најдобар е :) Кај Живко поминав лесно, ок беше човекот. Старата програма беше најдобра, јас сега сум на постдипломски по ЕКТС и за нигде е, ко средно: на предавања мораш да идеш, семинарски, глупости...
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Филолошки факултет Блаже Конески

    planiram da se zapishvam tuka..pa dajte pomognete malku kazhete kakov fakultet ee..lesen tezhokk..hehe abe za segde treba da se zagrej stolcheto :) ..profesorite ima nekoj gadni ili..??Pozz Ochekuvam Odgovor ;)
    [mod-kirilica:2jl2mjbi][/mod-kirilica:2jl2mjbi]
     
  7. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Филолошки факултет Блаже Конески

    Ааааа цар е Нено жими се.Тој и проф.Чедомир Стојменовиќ се главни и одговорни за нашата група.Јас сум на српски и македонски.Кога се запишував си мислев лесно е ај,знам да зборувам српски,ама граматиката тешка им била.Ама нема врска,не се жалам,еве 4 година сум.Инаку факултетот е малку неорганизиран и немам колоквиуми,се полагам на испити и покрај тоа што сум по ЕКТС.Македонски полагаме само на колоквиум.Тоа не ми се допаѓа само.А има и некои стварно зезнати професори :worried:
    Како мои најомилени ке ги издвојам веќе спомнатите Ненад и Чедо,потоа Венко Андоновски и Славица Велева.Ејј а еден по хрватски што имав професор ммм,ама си отиде :( многу беше убав :D
    Многу си го сакам факултетот и баш ми е жал што ова ми е последна година :(
     
    На mila85 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Филолошки факултет Блаже Конески

    само името шо ке и се спомне на стојка,ми се крева косата нагоре :@ според мене многу злобна жена,животот мислам ми го скрати за некоја година..сите тешки испити ги земав од прва,ама она богами ми наплати за сите останати.. :worried: и тоа не дека неучев кај нејзе или сл,учев ама ете..некој може ке рече зашо пишав злобна погоре...имав еден случај со неа,ама ке ви го раскажам во друга прилика можеби,сега не ми се пишува за тоа,да не си расипувам расположение :)
    омилени професори-покојната Јадранка Владова,која живееше за книжевноста,Венко Андоновски,Вера Антик итн.ги има и други прекрасни професори,ама да не набројуваме многу ;)
     
  9. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    20
    Може сум имала среќа,но јас кај Стојка многу убаво си поминав,барем до сега,ќе видиме како ќе поминам на последниот испит во мај.И кај Живко поминав супер,и кај Црвенковска.Да простиш,Чедо и Нено си се тандем невиден :D многу закон "човечиња",особено Нено :D
    И ај да не ги набројувам омилените професори, :!: не сум бубалица :!: но бидејќи сите ми се омилени,ќе си кажам дека онаа Кристина Николовска не можев ни тогаш,а ни сега,да ја поднесам,среќа што моментално не е на фах.А кај Анета Дучевскаааа....брррррр....хорор филм,фала богу што сепак успеав да положам кај неа и нема повеќе да ја гледам.
    Останатите професори си се ок.Секако дека секој си бара знаење,кај некој и полесно се поминува,но никаде не ставаат оценки на убавина.
    Дека факлултетот ни е крајно неорганизиран е повеќе од точно...но тоа е.

    П.С.Дотичниот Људмил Спасов...мора да го запознаете...на предавања го нема,но за на телевизија е прв...како и да е,не ни недостасува :rofl:
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Прва година, англиски јазик и книжевност :)
    Кај Стојка не знам дали ќе имам предавања (во втора година), ама знам сестра ми имала проблеми со неа... неарна жена...

    Како и да е, би ја издвоила Рајна Кошка Хот, англиска книжевност (драма), која ќе ми предава и во четврта година Шекспир (има време до тогаш). Супер интелектуална жена, која знае да пренесе знаење (што е и најбитно!). Јованка Лазаревска предава Лексички категории, многумина не ја сакаат поради испитите и како зборува англиски, ама сепак професоркава е океј, забавна и помага при студирањето на предметот (плус, предметот го препорачувам, иако е изборен премногу помага за општо знаење англиска граматика). Милан Дамјаноски е асистент и сите го сакаат бидејќи е суперзакон :) И тој не зборува баш најубаво англиски, но сепак сосема успева да пренесе знаење, ни ги држи вежбите по поезија и јас сум задоволна. И исто би ја спомнала Анета Наумоска, професор по САЈ 1 и 2, која целосно се внесува во работата и многу се труди да не научи, и се разбира успева со оние студенти кои исто така сакаат да се надоградат :)

    На Блажета можат (и требаат) да му ги реновираат тоалетите!
     
  11. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50

    Се согласувам, иако мене Чедо ми е помил, на магистратура сум запишана и така, Ненад е исто фин, ама на Чедо му нема рамен ( ќе оди сега за неколку месеци во пензија), убаво што налетав на ваква тема, ќе им кажам дека убаво зборувате за нив, дека ги има по форуми ..

    П. С. На истата група како тебе и јас бев, пред 4 ипол год, дипломирав.позз
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^^ Јас - исто како колешкава над мене :) Англиски јазик и книжевност, прва година.

    И јас, како и Брајт, морам да ја издвојам Лазаревска. Многу научив досега од неа, а и се‘ уште учам, и можам да кажам за неа само пофални зборови. И да, Лексички/Граматички категории доста помага при совладување на одредени делови од Морфологија.
    Кога сме веќе кај Морфологија, за нашата драга Марија Јанева би рекла дека баш и не се замара, што може да се забележи по нејзините предавања и ми се чини не постои друг професор бетер од неа. Абе бар она што го предава, нека го научи на памет, колку да не чита од книгата :x
    Ќе завршам и јас со мојата професорка по САЈ, Светлана Гугучевска, која неодамна е примена на работа и која е еден од најпосветените професори (што сум имала прилика да ги сретнам и да ми предаваат). Толку млада, а толку способна да ни пренесе знаење.
    Малце сум испотресена од Анчевски (поезија), на тие што сте од истава катедра сигурно добро ви е познат :D На крајот на семестаров треба да полагам кај него и искрено, морам да признаам дека страв ме фаќа, и тоа најмногу од муабетите што сум ги слушала за него.

    Не ми се допаѓа на нашава катедра тоа што се‘ полагаме на испити (освен Морфологија и евентуално некој изборен, ама евентуално :!: ), наместо да си полагаме на колоквиуми.... али тоа е тоа.

    И ја користам приликава да го поздравам Стојче од студентски :D
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Се пријавувам и јас, горда ПИТовка во 4-та година. Гледам сте ми го спомнале омилениот професор Томислав Треневски, од една страна премногу ми е криво што дури во 4-та година ми предава македонски, ама битно на првиот испит кај него, кај усно, кај 10-ка опалив! Да си се пофалам малку. :D

    Покрај него, Драги Михајловски. Иако знае да се расплини на некоја тема и надолго и нашироко да ја раскажува, никогаш не сум изгубила интерес или концентрација на негово предавање.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Ајде и јас да пишам нешто на темава за мојот ценет факултет :D
    Англиски јазик и книжевност, исто како 2те колешки од погоре, само што јас сум 3та година :)
    Првите две години не ги ни осетив кога поминаа. Како вчера да беше кога се запишував.

    Од прва год. - Јованка, граматички и лексички. Да не се повторувам со коментарите од другите 2 колешки, си пишаа се што сакав да кажам :D Само да додам дека овие 2 предмета ги полагав само од белешките што ги фаќав на предавања т.е не само јас туку цела група :) После Сај 1 и 2 ми предаваше Анета Наумовска. Супер проф. , секогаш предавањата и беа добро организирани и никогаш не ни било досадно кај неа :) Кошка исто така добра проф., е сега за Анчевски, навистина сите имавме страв од него, ама со тек на време исчезна. Го научивме каков проф. е и кај него присуство на вежби задолжително.
    Во втора, Сај ми предаваше Румена Бужаровска, исто така многу добра проф. Како Анета, предавањата организирани, ма супер :) Фонетика и Морфологија ми предаваше Јанева, кај која не се појавив на предавање :D Сега во трета Сај ми предава Марија Маџар, ми предаваше и Writing во прва. Немам коментар за неа :D Нови предмети годинава ми се Историја на Англискиот јазик - многу досаден предмет |( и Методика - поинтересен за разлика од Историја. Е само овие 2 предмета ги полагаме на колоквиуми, другото се на испит.

    Иначе како една од најдобрите проф. би ја издвоила Киркова, ми предаваше Фонетика - вежби. Срце проф. јас фонетика положив благодарение на неа и вежбите. Ако нешто не ни беше јасно, ќе го објаснува се додека не ни се разјасни.

    А да, едноставно морам да пишам за проф. Пандев. Не знам со кој памет лани одбрав Лингвистика за изборен. Абе душата ми ја извади човекот, јесда кај него најлесно се положува. Најниска оценка му е 7, и се полага на 30 прашања што сам ке си ги напишеш. Амааа за тие прашања може 5 пати да те врати т.е да дојдеш нареден термин кога има па да чекаш со саати, како мене што ми правеше. Абе ужас.

    И мислам дека е доста, се распишав ептен :D
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Јас пак кај Пандев брзо поминав. Прв семестар немав кај него, само сега, втор. Ама кога станав ме праша 4-5 прашања од тие 30 и си отидов дома. Толку :)
     
  16. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Мене само првиот пат, првиот "колоквиум" одма ме пушти, после тоа душата ми ја вадеше. Ај седнете колешке ке ве допрашам, ај дојдете во петок од 8 пред кабинет. Па ќе дојдам во 8, него го нема. Го сменил терминот за во 11, а јас тогаш имам предавање :@

    Туку имаш ти среќа само 1 семестар што си кај него, јас 2, цела година |(
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ако ве враќа Пандев, сметајте го тоа за комплимент за вашата убавина. Со генерации наназад зборат дека враќал девојчиња што му фаќаат окце. :D
     
    На CurlyBlossomGirl и shiningstar им се допаѓа ова.
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    А јас кај Пандев во канцеларија полагав :D фин е човекот, малку е перверзњак ама не е опасен, не се вреѓајте одма, и вие зезајте го. Стар волк е он. :)
    Важно е да ве памти од предавања и ќе немате проблем.
    Мене ми беше интересен што се бричи и шиша во октомври , па следнотот бричење и шишање е некаде во февруар, од сесија на сесија :D
     
    На CurlyBlossomGirl и Bajaderka им се допаѓа ова.
  19. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Ме изнасмеа со бричењето и шишањето и ние со колешките го забележавме истото :D
    кај него и јас си поминав лесно, првиот испит го положив од прв пат, а вториот од втор пат :)

    Ако нешто многу те загњави побарај му да ти даде одредена тема за која ќе треба да направиш едно (така да го наречам) истражување, мене конкретно ми даде за билингвизам во Италија и без да ме праша нешто од материјалот ми ја пиша оцената во индекс.
     
  20. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Убаво сите си споделувате искуства и сето тоа..но јас би сакала да ве прашам нешто..бидејќи ми одат јазиците посебно француски,планирам да се запишам на овој факултет (макар што се уште се двоумам)но како и да е..се распрашувам ..па да ве потпрашам и вас нешто..
    Колку јазици може најмногу да се избере..?? и како одат тие комбинаци..А,Б,Ц... кои може јазици да се изберат со француски.. :) :) фала однапред...