Епа еве што е потребно за запишување и заверување на семестри. Има на странава и распоред кога која година оди. Сепак еве распоредот: 1 – ГОДИНА = 1 – 7.2 2 – ГОДИНА = 8 – 14.2 3 – ГОДИНА = 15 – 21.2 4 – ГОДИНА = 22 – 29.2 Еве условите: http://www.flf.ukim.edu.mk/уписизаверкафевруари2012/tabid/931/Default.aspx Е сега ај вие што бркате услов з а4та да ми подобјасните мене паника ме фаќа. Условот требаше да се исполни до сега, ама на крајов пишуава до септември. Го продолжиле роков? Што им текнало?
Марама јас лани бркав услов за 4-та и едвај го фатив и да до февруари беше. А зошто не си прашаш на студентски дали е продолжен најубаво ќе ти кажат таму. Подобро така за да не се зезнеш нешто, нели гледаш дека постојано менуваат правила.
Инаку, мора да ги пријавите онлајн предметите па дури после да одите да заверувате семестар и да запишете нов. Мене ми кажаа дури денеска, таму никаде не пишува, а јас за џабе ќе се изакав до Скопје и назад. Сега друг проблем, изборните. Од кај мене од катедра нудат два, од кои едниот го слушав веќе, а не е продолжение, и другиот го земав, Дипломатска 2. Ми требаат уште 2 предмета, што се без предуслов да го имаш слушано 1. Општа лингвистика можам ли да го земам? Има ли тој 1, 2, што било??
Мене какви паники ме имаа фатено аууу. Трчај по продеканката да ми внесат изборен предмет за да имам плус три кредити, страшно. И на крај испадна сега, дека и тие што го исполниле условот и што не го исполните смеат да заверат 7 i 8 семестар. Така не грижи се. Јaс и денес пак прашав на студентски за да се осигурам.
А да ве прашам дали треба да ги имаме оценките од сите предмети кои ги полагавме за да го завериме прв семестар и да запишиме втор или нема врска?
Не требале оценките, тие ќе ни требале кога ќе сме запишувале година, сега за семестар не. Ова беа од кај мене на факултет да прашаат, специјално за ова. Само треба прво онлајн да си ги пријавиш предметите од летен семестар, сосе изборни и се. Давежи.
Дузи што направи со изборните,кои ги зема? Мене ми треба уште еден ама не знам кој да го пишам.. Тој ИКТ-терминологија го имаше ти во прв семестар и ќе го има во втор? Ако го имаше лесен е?
Да, го имав јас ИКТ, супер си поминав кај Николче. Сака редовност, и да направиш убав поимник, а на испит дава 15 поими, 10 од твојот поимник и 5 од поимите на час. Под убав поимник подразбирам зборовите да не ти бидат маус, киборд, него нели, малку поконструктивни. Кај нас од оваа група што полагавме сега, имаше околу 12-3 10ки, 15ки 9ки и повеќе убави оценки... Само поимникот предупредувам дека е давеж, јас три недели го правам. Во секој случај, океј предмет е вака сумирано.
Предавањата се во вторник од 9 и 40 до 11. Нема скрипти или книга, тој си кажува поими, ти запишувај ги со точен превод. Мој совет, за да не ти се соберат многу е како ги диктира, да запишуваш и дефиниција... Ако испуштиш некоја, веднаш дома побарај ја, затоа што на крај се собираат многу и ќе се отепаш од пишување. Поимите ќе ги најдеш од поимникот на mio.gov.mk, ќе ви објасни тој како треба да се направи Поимникот. И да ти кажам дека прилично брзо се учат, моите поими ги научив можеби за половина час, тоа правењето одзема многу време.
Дали може некој да ми каже нешто повеќе за преметот интеркултурни проникнувања кај Дореана.Знам дека кај неа се минува многу лесно ама отприлка како се полага дали сака некоја семинарска и сл. За друг предмет знам како е кај неа ама можеби има друга техника за овој.Благодарам однапред
Англиски или италијански? Луѓе би сакала со вашето мислење некако да ми помогнете. Значи сега сум 4та година јазичен смер...сакам да се запишам филолошки факултет ама не знам дали да одберам англиски или италијански јазик... Англискиот го знам доста добро, а италијанскиот го учам веќе две години со оцена 4... Ама гледам со италијанскиов се почнувало од почеток... А и англиски мислам дека има многу луѓе што зимаат, па не знам. Ваше мислење?
Со Италијанскиот започнуваш од нула и ти е убрзан курс а со Англиски од напредно адванс левл.Доколку се решиш за Англиски спремај се повеќе затоа што пред некој ден професорката соопшти дека од Септември ќе се полага приемен
Планирам да се запишам на овој факултет, пошто др ништо не ми оди. Сакам да прашам..еве од генерациите што завршиле... Колку брзо може да се најде работа? Дали е исплатливо? и од тие што се уште студираат еве нека споделат искуство, дали се каат за својот избор или пак се задоволни со својот избор...Плс ми треба совет
Девојки ке ве молам да ми кажете дали сигурно има насока -преведување- на факултет за италијански јазик ! Затоа што сум заинтересирана за изучување на италијански јазик но не би сакала да бидам наставник туку преведувач,некои велат нема одделна катедра за преведување некои велат има насока од трета година.Доколку нема насока за преведување во трета година да не се запишувам-затоа сакам да знам.
благодарам за одговорот...инаку да не знаеш кои предмети се препорачливи за полагање на матура за факултет за италијански јазик?