требаше до 1.о5,ама другарка ми и ја пикна семинарската под врата вчера,и ја така направив хахахахха,пробај ако не ја најдеш у кабинет не може шпански како прв ,не сум сигурна дали може и како 2 или 3,до пред некое време беше стаен само како изборен предмет,а за сеа не знам,ама прв сигурна сум дека не може
Девојки да не има некој случајно семинарска кај Нина А. Шкрињариќ за предметот Словенска митологија ( било која тема)? Или да не ја има во пц книгата Словенски пантеон многу ќе ми помогне Фала многу се надевам брзо ќе одговорите, поздрав!
Kazete mi sto po konkretno se uci Italijanski jazik dali ima mnogu gramatika i dali e mnogu kompliciran?
Не сум на италијански, но ако планираш да го учиш како главен односно прв јазик логички е дека се ќе има. Целосно ќе ја изучувате граматиката, книжевност, колко што знам од други и италијански книги ќе читате итн. Значи се
на филолошки ако го положиш предметот во два колоквиума толку е? не одиш на испит како што е направено сега на правен? и ако не положиш некој предмет не ја губиш годината? само го презапишуваш во наредниот семестар? Вториот јазик го одбираш откако ќе се запишеш? Приемниот испит е само англиски?
Слушнав нешто дека оваа година ке имало приемен испит на филолошки.Вистина е или дезинформација ми е оваа ?? Ај ако некој знае нешто ве молам нека каже ....
Девојки, значи Преведување и толкување и на пример, Англиски јазик и книжевност се две различни катедри (два различни насоки така ако смеам да ги наречам) ? И сајтот им е тапа, не можам да се снајдам и да најдам кои предмети се изучуваат, ми требаше да споредам.
Приемен испит? зар ќе има па немаше... инаку и јас мислам дека шпански годинава може да се земе како прв
Различни се, со тоа што ако земеш „Англиски јазик и книжевност“ имаш граматика, литература и се тоа, но можеш да избереш дали ќе бидеш професор по англиски јазик и книжевност или преведувач. А на ПиТ се концентрира строго на преводот т.е. нема воопшто литература и мораш да го земеш со уште еден јазик, француски или германски. Еве ти линкови од наставните програми ПиТ - http://flf.ukim.edu.mk/LinkClick.aspx?fileticket=dTFd76I0WM0=&tabid=97&mid=423 Англиски јазик и книжевност - http://flf.ukim.edu.mk/LinkClick.aspx?fileticket=7VIL2TZsyo0=&tabid=97&mid=423
Досадни сте што ја заклучувате нон стоп темата кадешто може сѐ да се праша. Ајде да прашам нешто. Дали може да се земе потврда за редовен студент, ако веќе сум завршлила 4-та годна со сите предавања, а имам уште неколку испити за полагање? Пример сега сум четврта, и во Октомври ќе ми треба потврда за редовен студент. Ќе ми дадат? Уште сум студент нели, се додека ги немам положено сите испити?
Може да се земе, и јас зимам потврди. Се додека не положиш се, ќе се водиш како редовен студент на факултетот.
Јазик? Планирам оваа година да се запишам на филолошки факултет, но не знам дали да одберам италијански или француски јазик. Ако може ваше мислење... навистина не знам кој е поперспективен, а и би ми значеле туѓи мислења, бидејќи стварно не можам да се одлучам.
И јас се мислам за француски и сакам да прашам дали е неопходно претходно знаење или се почнува од нула? И дали некој знае отприлика колку просек е потребно?
Дипломирав на Македонска книжевност со Компаративна. ММММММ......... Уште 100 пати да треба да се запишувам, пак ќе си го одбреам овој факултет и оваа група. Студирав навистина со љубов. Како да издвојам ОМИЛЕНИ професори - сите ги сакав повеќе или помалку, ама ТОП ми беа Венко Андоновски (ух Вене...), Атанас Вангелов, Влада Урошевиќ и ...немав предавања кај него ама одев да го слушам чат-пат Ферид Мухиќ. Леле можеби требаше СИТЕ други да ги набројам, ах, стварно студирањето ми беше незабораво - и на факс и надвор од него - низ дружбите. Ако испитот траел пола час, јас и цимерката после евоциравме спомени и си го раскажувавме најмалку 2 саати Дури и кај Стојка и кај Минова (македонски 1 и 2) си поминав супер, навистина беа човечни, професорки на место - само што се строги зашто многу убаво предаваат, даваат се` од себе и нормално така и бараат. Сега и јас сум наставничка па знам дека е така. Важно е да се биде праведен и човечен.
Xandra според мене француски е попреспективен од италјански, со оглед на тоа што француски сега многу го форсираат затоа што одат мн малку студенти. И јас планирам да одам на француски само смртно се двоумам помеѓу ПИТ и Книжевност. Магнолија мислам дека оваа год на книжевност ќе се формираат две гр едната со почетно ниво а др со напредно. А на Пит се почнува од понапредно ниво. За просек не се секирај лани немаше многу конкуренција, за оваа година не знам ,како што кажав многу почнаа да го форсираат. Е сега мене некој да ме советува ПИТ или Книжевност? Добро сум запознаена и со двата смера, само не знам што да одберам. Вие што планирате?
Хмм и јас сум воа дилема за ПИТ или Книжевност,велат дека потешко било на книжевност па и тие што се на ПИТ велат дека е тешко,добро разбирам јас кога ке отидеш мораш да учиш ама некако ме разубедуваат сепак јас сум за на Книжевност па сега што биде нека бидее.. здравје до 16 пак ке подразмислам.. Бидејки сакам да бидам на Германски јазик, втор јазик си бирам Анг? дали може некој што не ми е учен пр Турски Албански?
Е за мерак, ако не ми се поклопат коцките... Дали знаете како може да дознаам со сигурност, кај да прочитам или кој да прашам? Пошо не ми се остава така и сакам најскоро да донесам одлука. А може ли да се земе македонски јазик како втор, пример? Најскоро планирам да одам у Скопје, па валјда ќе одам до факултето да се распрашам, ама ич не ми се чека...
ако веќе си одлучена за книжевност не бираш втор јазик. германскиот си го учиш како главен. а за јазици можеш да си избереш кои сакаш и ќе ти важат како изборни, нема да ти ги пишува во дипломата дека си ги изучувала.
Јас сакам ПИТ... а чим си добро запознаена да те прашам... дали и за ПИТ и за книжевност има и основно и напредно ниво? и дали има и за двете опција за 2 јазик? :/