Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет "Блаже Конески"

Дискусија во 'Образование' започната од viki85, 21 ноември 2010.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Интересира ме дали некој студира славистика?

    И ако земеш македонски за прв, дали било кој јазик можеш да го земеш како втор? добро, прочита за овоа.

    Колку просек треба за да влезеш во државна на македонски?
     
  2. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    Мислам дека ако земиш само македонски за прв можиш да направиш некоја комбинација со модулите (гледав има за српски,хрватски, словенечки, но не знам дали можи за било кој јазик, а мислам дека можи ако си од друга катедра т.е. ако студираш друг јазик и да избереш модул за македонски јаз.), ова е наставната програма : http://www.femina.mk/out/?id=a579ae08e2 ... Bmid%3D423

    Иначе од ланските уписи имаше просек од 99 па се до 50 и нешто и беа сите примени во државна, плус останаа и уште 44 празни места за втор уписен рок. Нема голема заинтересираност за катедрите по Македонски обично.
    еве ги резултатите:
    http://www.fakulteti.mk/upisi/2011-2012/rezultati.aspx
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.604
    Пол:
    Женски
    Од колку отвара студенстки? Порано беше од 12 , но сега дека лето да не е од порано?
     
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    На страната на факултетот пишува дека работат од 9 до 12 сега околу пројавување на испити. :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Се решив да се запишам на Германски јазик и книжевност, и една моја школска почна некако да ме разубедува дека тоа е потешко, дека сите се зажалат од книжевноста поарно ПиТ да сум одбрала, стварно ме стави во заблуда, сакам да слушнам мислења од оние кои биле на книжевност ? :(
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ах со мислењава дека на ПИТ си ја ладиме, а на книжевност само црно им е пишано, затоа приемен ставија и раат сум, се намирив дека ќе знаат барем да читаат наредниве бруцоши. |(

    Како да ви кажам, кај и да отидете, ќе мора да учите. Избришете си го мислењето дека некаде е лесно и лесно се мине. Посебно во Скопје на државните, има салам да си го загреете столот за пролазна оцена, а за понатаму и за повеќе, се знае, по заслуга.

    Еве на Книжевност имаат литература, ама па на ПИТ имаш македонски и Граматиката на Блаже не ти бега. Цела година ќе ја танчите, а да не зборувам и човекот колку ја истанчил веќе, сите колоквиуми се од таму и на глава нека застанат не можат да ме убедат дека ако учиш од друга, поедноставна граматика ќе положиш. На ПИТ се два јазика плус македонски, на Книжевност е еден ама со сто предмети поврзани со него, е сега, што ти се чини поприфатливо, да копаш и да навлегуваш повеќе во еден, или да изучуваш два истовремено?

    Заради такви мислења, на ПИТ е лесно, од 40 души во група, 20 останаа со неположен Англиски 1, значи најосновниот предмет заради кој си дошол на таа катедра, не ти е положен. Не викам дека факултетов е некој најтежок, споредбено со Медицина или со Електро признавам дека не можеме да се носиме, ама па не е ни гола вода.

    Оди на тоа што те влече и ти сакаш, другарките и мама и тате нема да учат и да полагаат за вас, вие ќе полагате и вие ќе го работите тоа некој ден. :)
     
    На Hopeful и Vik4e им се допаѓа ова.
  7. anabela7

    anabela7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Кои предмети се учат на англиски јазик и книжевност во прва година? Барав на страната на факултетот ама не најдов
     
  8. autumnborn

    autumnborn Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Сакам да се запишам на италијански јазик ( преведувачка насока) и како втор албански да го земам.. Дали некој може да ми објасни кога се почнува со вториот јазик, дали е ист или сличен фондот на часови со првиот и дали се учи потемелно и во електронската пријава кај треба да се внесе ,бидејки само за прв јазик има поле.. Иначе имам 77,805 поени, имам шанси за влез? :)
    Фала однапред феминки ! :)
     
  9. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    601
    Сега ќе има приемни испити на превод и толкување или не? На конкурсот пишува дека ќе има, а овде читам некој пишува дека са јавил на факултетот и кажале дека не е одобрено од министерството, друг пак вели ќе има.. кои информации се веродостојни?
     
  10. madridistaa

    madridistaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    про електронското пријавување кај листата за префрлување на студиите од левата во десната листа турки јазик мајчин не треба да се префрула бидејќи ни е немајчин или ај малку помош
     
  11. Princess.Of.Weed

    Princess.Of.Weed Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    јас се регистрирав на филолошкиоф ова шо беше као електронски демек...италијански јазик си го одбраф..не заради нешо ама онака си ми е најмил јазик :)) си го учев во средно и ептен го засакаф :) иначе сакав да прашам дали само документите шо ги пишува на страната треба да се носат или и нешто плус?:)
     
  12. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Женска, си го утнала факултетот..
     
    На Ana.Jones, anneyy и Ducky им се допаѓа ова.
  13. Princess.Of.Weed

    Princess.Of.Weed Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    хахахаха зошто ? :)
     
  14. tea19

    tea19 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    23
    Ако вака пишуваш/збориш и на филолошки дефинитивно си утнала :D :D
    Инаку да, тоа што ти пишува тоа треба да носиш, другите документи (интерен, универзитетски пријавен.. ќе можеш од таму да ги земеш)
     
    На Pocahontas.93 и Danilela им се допаѓа ова.
  15. Princess.Of.Weed

    Princess.Of.Weed Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    фала богу дека нема да пишувам и да "зборам" така на факс... ;) :)
     
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Може ли некој да ми ги објасне моделите за книжевност? Тука или у ЛП!
    Значи не сфаќам скоро ништо :D Шо би требало да стое на местото на цртата и дали во прва ќе имаме само 3 предмета? :^) Невозможно!

    Молам, итна помош!



    ццц модули, значи модули! Фала Дузи, немам памет веќе
     
    На MissPagane и Doozy им се допаѓа ова.
  17. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    Можеш да одбереш студии само со еден модул, или студии со два модули.
    Но ако одбериш само еден модул ќе учиш по 6 предмети во семестар, 3 задолжителни и три изборни (било кои). Првиот модул е задолжителен.
    Ако одбереш двомодуларни студии ке земеш предмети од листата за втор модул плус трите задолжителни. Зависи што ти треба, наставна насока, или учење на уште еден јазик итн..
    И вака и така имаш по 6 предмети во семестар.

    Пример,
    1. Диплома за прв модул = Дипломиран филолог по ...
    2. Диплома за двомодуларни студии= Дипломиран филолог по ... со втор модул
    3. Диплома за двомодуларни студии = Дипломиран професор по ...
    4. Диплома за двомодуларни студии = Дипломиран стручен преведувач од (прв
    јазик) на (втор јазик) и обратно.
    5. Диплома за двомодуларни студии = Дипломиран стручен толкувач од (прв
    јазик) на (втор јазик) и обратно.
    6. Диплома за двомодуларни студии = Дипломиран стручен преведувач и
    толкувач од (прв јазик) на (втор јазик) и обратно.
    7. Диплома за Преведување и толкување = Дипломиран стручен преведувач од
    (А-јазик) и (Б-јазик) на македонски јазик и обратно
    8. Диплома за Преведување и = Дипломиран стручен толкувач од (А-јазик) и (Б-
    јазик) на македонски јазик и обратно.

    Види на 6та страна има пример за тоа со модулите, и мислам дека тоа важи за сите катедри
    http://www.flf.ukim.edu.mk/LinkClick.as ... 97&mid=423

    На која катедра си? Јас ќе бидам на Македонска книжевност. :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. autumnborn

    autumnborn Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    А дали требаше во електронската пријава да се внесе превод и толкување (италијански) или тоа се бира кога ќе се запишуваме ??

    Кога се бира втор јазик?
     
  19. Lila95

    Lila95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    Dali nekoj znae shto e potrebno za zapishuvanje vo chetvrtok ili petok na prevod i tolkuvanje angliski jazik ??? Dali treba da se uplatat pola od parite za drzhavna ili privatna kvota ili pak samo tie 750 denari ?? :)
    [mod-kirilica:1azrwcdv][/mod-kirilica:1azrwcdv]
     
  20. Ined

    Ined Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Незнав каде да прашам, се надевам темава е соодветна :wasntme:
    Имам потреба од лектор па доколку некој од вас е лектор или е студент на оваа област и добро си ја знае работата ве молам нека ми пише ЛП.

    Поздрав