Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет "Блаже Конески"

Дискусија во 'Образование' започната од viki85, 21 ноември 2010.

  1. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Оф топик, ама морам да пишам морам некако да ги продадам речнициве...

    Ако знаете некој што е сега прва година на Италијански на филолошки да му требаат речници, пишете ми, ги купив од италијанска катедра, цел комплет, не се користени воопшто. Италијанско-македонски, Македонско - италијански и граматика од Наум Китановски.

    Фала и извинете за офф.
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    А некој да ми каже отприлика, кога се првите колоквиуми?
     
  3. Saniche19

    Saniche19 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    10


    Фала ти многу, инаку друг ќе си изберам т.е словенска митолигија со семинарска бил хх. а искуство со професорката Сташа Тофоска по Македонски јазик некој има???
     
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    24.004
    Пол:
    Женски
    ^^

    Јас имам искуство со неа, да ти кажам право многу сум разочарана...

    За повеќето предмети кои ги слушав кај неа требаше да имам повисока оценка...
    Не сум тип да плачам и да се карам, па така оставив... а многу ми е криво ќе си пукнам.

    ;(

    А и што слушав искуства од други колеги/колешки...

    :x

    Така да мој совет, ако можеш не земај изборен кај неа.
     
    На Saniche19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Искрено, македонски сите фуфици ми беа. Се кај нив за еден поен не се положуваше, се кај нив не се ставаше повисока оценка за проценти (значи еден процент беше околу 0.30 поени, барем кај нас), се они нешто се измачени... Прв семестар океј ми предаваше професорката, после... Ич неубав впечаток имам македонски вака во глобала.

    А за Словенска, Агиологија и сличните со семинарска, веќе ни под разно не би зела. :x Топ се за некој што сака само да мине со 6ка или со 8ца, ама мене ми требаа високи оценки и салам си го измалтретирав газот за светци, за икони, за божества. Со недели ги правев, со подвлечени, болдирани делови, со цитати, со фусноти и пак не им беа по ќеиф направени, и јас веќе глупости и предмети што не ме интересираат - НИКАКО! :envy:
     
    На Saniche19 и senza.parole им се допаѓа ова.
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    24.004
    Пол:
    Женски
    Јас да ве прашам, која беше Стојка?

    Таа нон стоп шо оди на испити со Тофоска (дека ми нема предавано досега), нон-стоп е со косата во опавче, помлада така и има специфични зелени очи?

    И само она предава СМЈ ?
     
  7. monika.mk

    monika.mk Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    12
    Сигурно не е таа, јас колку што знам таа е постара жена, ако не се лажам и под пензија. :) Прва година сум уште не ги знам , ама како што имам слушано, а и со оглед на тоа што ги има напишано учебниците по македонски јазик за средно , а тие се издадени поодамна , значи не е млада.. :)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Saniche19

    Saniche19 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    10
    хх значи јас имам македонски од нејзе, немам изборен а кои изборни предава да знам да не бирам. Инаку вака строго ми делува професорката ама не е злобна, барем никој досега така не ми кажал дека намерно бутала или????
     
  9. Saniche19

    Saniche19 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    10

    Е зошто да не зедам. Имам постара колешка што зела и поминала со 10. агиологија. е сега нема предавање, нема учење ама семинарска ќе и направам како што треба. Инаку само тој предмет сакам да би е полесен а другите два изборни не ми се со семинарска :)
     
  10. mekusce

    mekusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    Дали продава некоја учебници за прва година италјански јазик ?Пишете ми во лп :)
     
  11. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Мој најдобронамерен совет е да не земате квази предметчиња што се поминуваат со семинарска. Лани пола катедра ПиТ зема агиологија и словенска митологија само за да не се малтретираат да одат на предавања. Па утре преведувачи или толкувачи ќе бидете побогу. Таквите предмети никогаш нема да ви се најдат во идната професија- затоа и не се ставени на нашата катедра нели. Времето си лета, 4 години ќе ви поминат без да осетите, ама после доаѓа маката. Гледајте да извлечете од најаките професори се' што можете, баталете ги ваквите предмети.
     
    На sonique и Doozy им се допаѓа ова.
  12. Saniche19

    Saniche19 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    10

    Е ако де јас два предмета ќе си земам од мојата катедра,,, икт и дипломатска ама агиологија ќе ми е само за кредити :) и само два имаше активни од мојата катедра да имаше три или повеќе сите ќе ги зедов од ПИТ секој со своја среќа
     
  13. bubi44

    bubi44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здравооо :) Сакам да ве прашам дали некоја од вас има земено шпански јазик под Ц и дали е тешко. Мислам јас сега ќе слушам Шпански јазик 1 во прв семестар, а шпански јазик 2 во втор (секако доколку го изберам). Сега не знам дали да го изберам, пошо слушнав дека многу мака мачеле со шпанскиот.
     
  14. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Здраво :) Да ве прашам, речниците и книгите од Зозе мораат да се купуваат? На листава што ни ја даде има 4-5 речника и една книга. Тоа се заедно колку пари би чинело?
     
  15. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Лани сите заедно ги даваше за 5000 и тоа на рати :)
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Некој да каже збор, два за Науме Радически? :)
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.440
    Допаѓања:
    91.718
    Пол:
    Женски

    Стојка е постара жена со седа коса до под уши. Предава она СМЈ 1 и 2, а 3 и 4 порано ги предаваше Велева, но сега не знам кој ќе ги предава.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    24.004
    Пол:
    Женски
    ^^
    За СМЈ 1 и 2 предаваат Симон Саздов и Анета Дучевска, зборам за Англиски јазик и книжевност катедрата, а на ПИТ појма неам кој им предава.

    За СМЈ 3 и 4 исто не знам, ама може и да се истите...
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.440
    Допаѓања:
    91.718
    Пол:
    Женски

    Јас сум ОКК мене ми предаваа Стојка и Велева. Кај Саздов имав Ономастика, не знаев дека предава и СМЈ.
     
  20. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Не бирај изборен кај него, многу замара. Земи нешто полесно. Нас не плашеа дека пуштал само еден во сесија, ама не беше така. Ги пушти скоро сите, ама со 6, евентуално 7. Бара семинарска, активност, редовност, плус класичен испит. За печатни грешки во семинарската може да не ти даде поени од истата или да те бутне. Е сега, вака беше пред едно 3 години, сега може се сменил, иако не верувам.
    А онака да го слушаш како предава навистина многу ќе научиш.
     
    На Jewel му/ѝ се допаѓа ова.