Здраво! Јас сум вонреден студент на македонски јазик и изборен модул книжевност и имам неколку прашања. 1. Споредбена граматика на словенските јазици ми е задолжителен предмет во втора година. Јас сега ја чистам трета, па мора ли сега да го положам испитот или е можно дури во четврта година? Знаете ли некој метод за полесно да го совладам материјалот? Никогаш го немам слушано предметов, а и немам шанси да одам на предавањата, вработена сум. Доколку знаете некој/а што дава часови за предметот, дајте ми контакт, Ве молам. 2. За дијалектологија на мак. јазик кај проф. д-р Марјан Марковиќ - како поминуваат на испит? Од каде може да се купи ,,Дијалектологија на македонскиот јазик 1", приредил Марјан Марковиќ, Филолошки факултет “Блаже Конески”, Скопје 2001 - ја има ли на самиот факултет каде што се копирите и кадешто се купуваат обрасците? 3. Како е на испит кај проф. д-р Славица Велева? И каде може да се купи ,,Тенденции во зборообразувањето во македонскиот јазик", Скопје 2006 од истата професорка? Ви благодарам!
Ве молам некој ако има искуство да ми пише.За да го положам испитот ми фали еден ипол бод англиски б1 дали е попаметно да пишам меил или да одам лично три професорки се...
Феминки, сакам да студирам турки јазик ( како втор факултет, веќе сум на Правен), но не најдов многу информации на страната на Филолошки, па ви би била многу благодарна ако ми одговорите на сл. прашања- дали можам да се запишам како редовен студент? дали треба да го запишам туркиот јазик ( како немајчин) со уште некој друг? дали треба претходно познавање на јазикот? и како е воопшто студирањето на овој факултет- има испити или колоквиуми, какво е вашето искуство? Ви благодарам однапред
1. За вакви прашања ќе мораш да се информираш на отсекот за реторички, пардон, студентски прашања. Што се однесува до предметот споредбена граматика, претпоставувам се` уште го предава Емилија Црвенковска, и е далеку полесен и порелаксиран од старословенски јазик во прва година. Ние на времето имавме 40 мошне обемни прашања за учење, кои не се состоеја од одговор во вид на реченичка или две, туку по цели лекции, ама пак, кога си ограничен на само 40 се постигнува некако. Таа книга, една ужасна портокалова-каки боја ја имаше за 200 ден. во фотокопирницата. 2. ,,Дијалектологија на македонскиот јазик 1 и 2", приредил Марјан Марковиќ, може да се купи фотокопија од фотокопирницата на Филолошки. На времето многу лесно се поминуваше кај Марјан. Човекот е многу фин и разбран, поднаучи си нешто, ама добро научи го, не мора воопшто да се поминува цел материјал, затоа што е премногу сложен и обемен. За 6ка и 7ца лесно е кај Марјан. 3. Славица Велева е исто фина професорка, ама од тие што си бараат знаење и учење. Кај неа добро треба да се подготви испитот. Книгата можеш да ја побараш во Просветно дело. Впрочем, сите книги и литература потребни за факултетот ги има - или на факултет или во Просветно дело. Толку.
И јас како Tilia(неколку постови над мојов) би сакала да дознаам повеќе околу студирањето на турскиот јазик. Дали е потребно некое предзнаење и дали може да се искомбинира со некој друг јазик под А или обратно Барав и на интернет ама не најдов информации, па доколку некоја од вас студира/ла или пак е информирана околу оваа тема, нека пише фала
Филолошки - Предмети со семинарска? Ќе може ли некој да ми каже кои изборни од Филолошки се со семинарска?
Сакам да се запишам на овој факултет и како прв јазик да го земам италијански. Бидејќи не сум доволно информирана, сакав да ве прашам дали како втор јазик можам да го земам турски?
^ Студирање на јазик А,Б и В е укинато. Студираме по модули, па за да земеш турски би значело да земеш втор модул од катедра за турски, што би значело дека треба да извадиш втор индекс и да платиш уште една школарина, исто како за втор факултет.
девојки ајде ве молам нека ми каже некоја подетално за факултетов, сестра ми е 4год сега и сака на филолошки да се запише..... дали е тешко, професорите какви се...и дали може да се одбере англиски албански и италијански(или германски) ? и ако има искуство некоја...дали откако ке се заврши фак. имаш перспектива и работа...зошо некои велат као демек професорите по анг ј. и општо проф не биле почитувани во ск...дали е вистина тоа....зошто сестрами навистина сака да биде проф по анг ј....ајде ве молам совети ааа да ке забораев и ако може да ми кажете кои предмети да ги одбере за матура ...пошто сака да иде на овој фак. она е у гимназија....?? пишете ком, мн ке ни помогнете...фала однапред
Можда сум малце надвор од темава ама нема посоодветно место. Кое фото студио ги слика апсолвентите од овој факултет? Некаде сликите на интернет може да се најдат?
Мојата генерација се сликаше во фото Јасмина. Страницата е www.fotojasmina.com иако добар дел од времето не функционира како што треба.
Да си го преформулирам прашањето, каде да се најдат сликите од апсолвентите од Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици Студиска програма за српски јазик и литература? Ја изнамачив Гордана, ама не ги најдов сликите
Здраво, да ве прашам какво ви беше искуството со предметот Педагогија? Дали дава тешки прашања (некои детали или прашува за поважните работи) и како оценува? Материјалов е многу досаден, не знам како ќе се натерам да го научам
Сакам да прашам дали на овој факултет може да се изучува еден јазик или треба повеќе од еден ? Зошто јас сакам само италијански да го изучувам .