1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет "Блаже Конески"

Дискусија во 'Образование' започната од viki85, 21 ноември 2010.

  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас учам на овој факултет, на англиски јазик и книжевност сум, трета година. Досега задоволна сум, но понекогаш се каам што отидов на наставна заради Бабамова. Не дека ме малтретира, но многу ми е одбивна и ме нервира тоа што е иронична и тоа многу. Од другиве професори најголем впечаток ми има оставено Јованка - без разлика на строгост, пропусти и грешки во зборувањето, предавањата и се :up:. Ако не ти е ншто јасно од книгата оди на предавање, слушај ја и ќе ти се разјасни. Јас досега и предметите во прва што ги слушав кај неа, а сега и лексикологија ги учам од на предавања. Елена Ончевска ми има оставено супер впечаток, штета што не предава повеќе. Попозитивен човек немам видео. Секогаш насмеана, фина, другарски расположена, креативна. На предавања беше супер, се објаснуваше перфектно, особено ми се допаѓаа преводите кај неа зашто сите имавме удел. I miss her! Билјана Наумоска исто е ок. Милан асистентот, сакам пак да ни држи вежби. Многу ми беше интересно кај него на вежби. Киркова според мене е една од најјаките, најдобрите, најпаметните, најучените професори. Секоја чест на жената. Од неа научивме фонетика, од Јанева ништо. А и оној британски ацент што го има, перфектна е, само најдобри зборови имам за неа. Е сега, чичко Анчевски е многу принципиелен, сака да е по негово и сака сите се да знаеме по поезија |( . Многу начитан човек, полн со знаење, културен и еден од најдобрите професори на катедрата. Кошка исто. Јас и Соња Витанова си ја сакам, многу ми е кул, иако сите критики и обработки на делата што ни предава и се copy-paste од sparknotes. Виолета Христова по американски расказ ич не ја сакам. Гадно створење кое само си зборува-само си слуша. Тоа е тоа, моите впечатоци. Поздрав колеги и колешки!
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски

    Се согласувам за Бабамова.
    На предавања е таква тивка, добричка мислиш најфина личност е. Ама коа ке дојдат испити. :o
    Ајде мрдни додека полагаш, ми беше страв само главата на страна да ја свртам ко укочена седев зошто ги бркаше сите надвор само ако се свртеа.
    И многу строга за оценки.
     
    На CharlizeTheron му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    едно молба :D ..ако можи повеќе да објасните за факултетот,што смерови има :)
    многу ме интересира меѓутоа нема каде да се информирам
    однапред фала ;)
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Јас сум на Филолошки пак прва година :D
    Бев лани на Италијански под А и Словенечки под Б запишана, ама тоа професорките од Италијански се која од која... Се откажав најмногу заради Ѓурчинова. Го ставив факултетот во мирување, по завршување на прва година. Тој што е на италијански знае најдобро :)
    Продолжив само на Словенечки јазик.
    Исто ми е ко да студирам на приватен факултет, не мислам на неучење, туку на односот на професорите спрема студентите, тоа колку сме ние привилегирани. Додека за учење збор нема, што се мора се мора :) Јазикот го обожавам и постојано читам нешто и слушам словенечки програми на нет, за што побрзо да го научам.
    Омилен проф ми е Лидија Аризанковска, прекрасна личност, има разбирање за се, супер објаснува, фина е, забавна, и што е најбитно часовите кај неа не ни се монотони- класични, јас предавам вие пишувајте. Одам на секое предавање кај неа, секогаш има нешто да ни каже, да не насмее.
    За оценување е исто супер. Не прегледува тестови точно -неточно и толку. Не знае секој посебно, знае дека може да е грешка која си ја направил од што си брзал и дава шанса секогаш да ја исправиш.
    Воопшто не ми е жал што сум пак прва, наместо втора година, зошто на ниту една друга катедра го нема тоа што нас ни е овозможено. Имаме супер соработка со амбасадата на Р. Словенија во Македонија, поканети сме ние студентите на секој прием што го организираат. Последниот пат бевме на прием во Палас кога беше Министерот за надворешни работи од Словенија во Скопје. Амбасадорот беше пред два дена на факс со гостинка од Словенија, која е преведувач и писател, промовираше нејзини книги и преводи.
    На моменти не ми се верува дека студирам на државен факултет.
    Повели линк од филолошки, се надевам дека ке најдеш се што те интересира http://www.flf.ukim.edu.mk/
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Е јас дипломирав пред 6 години на ОКК.
    Ме навративте со спомените наназад, гледам често се повторуваат некои имиња.
    Кога јас студирав Томислав Треневски беше асистент по македонски јазик и го викавме Бранко Коцкица (ни личеше на него).Најдобра професорка од сите беше Маја Бојаџиева, најарогантна-Катица Ќулавкова, најманијачиште Саво Цветановски, тука Пандев неможеше да му конкурира.А Пандев даваше долги и кратки потписи,ако потписот е долг, лесно ќе поминеш на испит, а ако е краток-мисли му ја...
    И легендарната Стојка Бојковска, со кумановско потекло,а кумановчаните најмногу ги рендаше.Супер поминав кај неа на испит,ептен супер!
    Рајна КОшка ми предаваше Шекспир и ми остави многу фин впечаток.
    И на крај Владимир Мартиновски, татко му во тоа време беше ректор на универзитетот, а тој млад и прекрасен со цели 26 год.асистент по ОКК, најмасовно посетени беа неговите вежби.Го видов пред некое време, сега не ми е толку убав,свири во групата Баклава.
     
    На senza.parole и marama им се допаѓа ова.
  6. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Здраво девојки :)
    Дали некоја знае кога има отворен ден на Филолоски факултет?
    Неможам да најдам нигде информација, а сакам да одам :)
    Фала многу однапред
     
  7. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Отворен ден во смисла студентски прашања ? Работат секој ден од пон.до петок од 12 до 14 часот.
     
  8. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Отворен ден за сите идни студенти во смисла да биде организирана тура низ факултетот, да ни презентираат што се учи на секој смер и слично :)
     
  9. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307

    Под А ти е главен јазик за кој имаш најголем фонд на часови и изучуваш буквално се, јазикот под Б ќе му дојде исто, со малку помал фонд на часови, а под Ц имаш да речеме двапати во неделата предавања, т.е. само јазик, додека под Б изучуваш и граматика и историја на јазикот, а под А буквално се.
    Можеш да земеш и 2 и 3 јазика, само колку можеш да постигнеш ? Бара голема жртва, буквално по цел ден ќе си на факултет, ама па од друга страна денес сите бараат билингвални најмалку, и зошто времето додека си на факултет да не си го искористиш на најдобар можен начин . Верувај после ќе ти се исплати многу во животот. Што се однесува до француски, можеш да земеш во комбинација со јазиците од романската група на која припаѓа и тој како што се шпански, италијански, португалски, романски, но можеш и со англиски.Јазиците што се од други катедри (во стил албански,турски) се малку извитоперени овие од факултетот и не ги даваат под б, според мене глупост жива. Tоа е воглавно. :)
     
    На Kicky и Chocoholic.girl им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Превод и толкување, Француски може да ти е прв, Англиски втор, двата се учат скоро на исто ниво.
     
  11. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307

    Хаха ова нешто ново е ? Ќе се промовираат,а. Не знам, јас кога се запишував немаше нешто такво, ако знае некој нека пиши, или ѕиркај на веб порталот, може ќе има нешто. Среќно ;)
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Не е ништо ново ова. Секоја година (кон крај на учебната година за средношколците), колку што сум информирана, има ваков ден кога оние кои се заинтересирани за запишување на овој факултет можат да дојдат тука и да прашаат што ги интересира.
     
  13. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Во времето јас кога се запишував немаше ! Инаку, денес имаше отворен ден за филолошки и филозофски факултет ...
     
  14. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Е штета, го пропуштив значи :( Баш сакав да се распрашам подетално. Може некој да ми каже дали со завршување на катедрата литература и книжевност може да се биде и професор и преведувач? Дали факултетот организира размена на студенти во Германија на пример да се изучува една година во странство? Како оди полагањето преку колоквуми или директно испити и дали се оценуваат според европскиот кредит трансфер систем?
    Фала многу однапред :)
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Прво: вчера беше отворен ден САМО :!: за Филозофски. За Филолошки не.

    Второ: ако завршиш на јазик и книжевност си ПРОФЕСОР. Ако сакаш да бидеш и преведувач, оние предмети кои ти се исти со тие кои учеле за преведувачи ќе ти бидат признаени, а останатите ќе треба да ги полагаш. Ама мислам ќе треба како нов факултет да запишеш и се разбира да си плаќаш школарина.

    И трето: полагањето (на Катедрата за Англиски јазик и книжевност) оди преку испити (најчесто). Додуша, зависи од професорот (има професори кои даваат колоквиуми). На други катедри (пример италијанската) се полага преку колоквиуми. Не знам за која катедра си заинтересирана.
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Фала ти многу Hipica за информациите :) Ти како си задоволна од факултетот? Која катедра си? Јас сум заинтересирана за литература и книжевност под А германски, а под Б англиски јазик :)
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Јас сум запишана на Катедрара за Англиски јазик и книжевност. Еве тука имам пишувано повеќе: http://forum.femina.mk/obrazovanie/...?hilit=катедра за англиски јазик и книжевност
    Само да ти кажам дека опцијата да земаш јазици под А, Б, Ц веќе не постои, со воведување на новиот кредит-трансфер систем.
     
  18. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Дали тоа значи дека ќе може да се одбере само еден јазик за изучување или само начинот на оценување е сменет?
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Начинот на оценување баш и не е сменет (иако ТРЕБА да е сменет).
    А за јазиците... не можеш да земеш повеќе од еден. Додуша можеш, ама ќе го земеш како засебен ПРЕДМЕТ, како на курс да одиш ќе ти дојде.
     
  20. GoricaS

    GoricaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира нешто повеќе за катедрата по алабнски јазик и книжевност, дали треба да имам некое претходно познавање на јазикот или слично? ако има некој то студира да ми ка е нешто повеќе за факултетот.