Ајде да ве прашам дали е точна информацијава што ја дознав дека не можеш да студираш и македонски ј-к и англиски заедно ? Чив дека од сега брзо се укинала таквата комбинација. Точно ли е ?
Dali nekoj gi ima nekoj prasanjata po interkulturni proniknuvanja i plus odgovorite fala vi odnapred kaj doreana za vtor semestar
Девојки, имам пишано и во други теми поврзани со факултет ама навистина не знам што да правам, премногу сум неодлучна. Вие како сегашни или студенти кои веќе завршиле на овој факултет мислам дека би можеле да ми дадете некој совет. Јас се двоумам помеѓу ФИНКИ и Филолошки. Јазиците навистина ми "одат" и навистина ги сакам. А кон информатиката пак, има нешто што ми е интересно ама пак никогаш не сум била "блиску" до никакво информатичко инжињерство па ми е страв, доколку се запишам на финки, да не ме пречека таму нешто што прв пат го гледам и да ми ја снема желбата за финки. Додека пак јазикот си е јазик, тоа е тоа, нема што да ме изненади. Единствено нешто што ми создава дилема е перспективноста...не сакам да бидам една од оние што и покрај факултет работи нешто трето за 10.000 плата. Но и не значи дека ако имаш диплома од финки дека работата те чека веднаш, или пак така е? Тоа е мојата дилема. Доколку имате некој совет или информација околу факултетиве, доколку имате пријатели/блиски на финки или пак нешто, билошто поврзано со финки и филолошки, ве молам пишете. Ви благодарам однапред
Феминки, ме интересира се во врска со Сертификатот за познавање англиски јазик што го издава Филолошки факултет. Значи кои се условите за издавање, колку време има важност и секако колку чини? Ако има некоја од Вас што може да ми помогне, многу ке ми значи. фала и имајте убави сончеви денови исполнети со љубов
Сепак се одлучив за филолошки факултет, турска катедра. Доколку некој на форумов студира Турски јазик(немајчин) или познава некој што го учи јазиков, ве молам за информации околу катедрата,секако ако можете фала ви
И мене ме интересира за Педагогија...јас дипломирав на Филолошки ама сега сум на ППМ Доквалификација и матријалот за Педагогија е отров жив,не знам како ќе го научам.Инаку мене ми е проф.Марија Тофиќ Ќамилова па некој ако полагал во последниов месец или општо кај професоркава нека пише искуство..па и по можност што се паѓа најчесто
Ги има едни прашања по теорија на преведување и толкување1 се вртат меѓу студентите а треба да го спремам до 29ти. Ќе има ли ефект ако учам од тие прашања или треба и книга да фанам?
jas bev na katedrata za makedonski jazik i juznoslovenski jazici ama zaglaviv so staroslovenski jazik kaj prof.crvenkovska,usno poloziv a pismeno ne,poludev od toj predmet,a najlesno pominav po lingvistika kaj dimitar pandev i fonologija kaj ljudmil spasov
Ај ако некоја полагала Теорија на ПиТ 2 кај Солзица на 26ти или 29ти јуни не знам точно кога беше, ако се сеќава на некои прашања нека ги каже
сакам да ве прашам во врска со филолошкиов факултет, поточно за македонски јазик, или како јас би рекла за професор.. колку мислите дека по завршувањето на овој факултет ќе се најде работа, колку е просперитетен..? и ако има некој кој ја изучува оваа насока, да каже дали е тешко, какви се проф..и сл..
Ми треба помош. Дали со средно винарско училиште би ме примиле на овој факултет(маккедонски јазик) скроз одлична ако сум, македонски имав доста добра наставничка, полна со знаење до 8 одделение и дури и за средно учевме доста работи. Утре се уписите така да ако може некој нека ми каже, поточно прашањето е дали со средно винарско училиште ќе ме примат на филолошки факултет, ДА ИЛИ НЕ
Дај ве молам објаснете ми во детали за приемниов испит. Задолжително ли е да се оди на најжешкото во ЈУЛИ на подготовки за приемен? Веќе ми е жешко од самата помисла Како се одвива тој процес ако може некој да ми појасни ќе бидам многу благодарна
не знам за другите,ама јас не отидов на никакви подготовки за приемен испит,освен тоа јас цела година се спремав за психологија и во последен момент се одлуцив за филолошки,земав граматика и лиература од сите 4 години,и тоа е тоа полагав освоив бодови и влегов во дрзавна квота