има некој да ми каже за италијански јазик и книжевност, дали се добри професорите, дали е лесно сфатлив јазикот и сето тоа? :/
Јас бев на Блаже-италијански и книжевност 2 години и потоа заглавив и се префрлив во Штип.Искрено има многу голема разлика.Е сега многу е битно и дали го слушаш јазикот за прв пат или имаш претходно некаква основа.И немој да си мислите дека италијаснкиот колку што е убав толку е и лесен за учење.Напротив тежок е, и има толку многу обамни работи за учење што нема да ви се верува.А за професорките има и добри и многу многу строги.
Можи да ја посочиш разликата меѓу Штип и Скопје? Мислам се знае дека Ск е потешко, но поконкретно објасни за филолошкиов факултет!
јас сега сум за 4 година,а се мислам за факултет,навистина ми оди аглискиот а исто така и граматиката ми оди по македонски,германски, е сега се двоумам меѓу медицински или филолошки.навистина ја сакам медицината ме интересира и ми фаќа глата,ама се плашам оти викат дека е многу тежок а и 6 години не се малку за да останам скопје,а иначе сум од битола.незнам навистина ми треба некој совет
Дали некој знае кога почнуваат предавањата на филолошки факултет? Слушнав дека почнувале покасно од другите факултети,па да си прашам.. или се зависи од катедрата?
Абе ТРЕБА да започнат на 15ти Септември, ама... зависи од катедрата најверојатно. Конкретно на Англиски јазик и книжевност не сме почнале на време никогаш.
Што се случува ако не запишеш семестар од октомври, т.е. ако правиш пауза една година?Следуваат ли казни, се плаќа ли нешто?Дали некоја е информирана или имала искуство со вакво нешто?
Ќе ве молам некој доколку ја знае жиро-сметката на факултетот да ми ја каже и треба на другарка за упис
Има ли некој што студира македноски јазик и литература да ми каже каков е фак, предметите и предавањата ... ве молам,многу се мислам..
Мене не ми е јасно зошто факултетов не ја признава DSD дипломата Зошто некој што положил за B1 ниво (кое е повисоко од потребното за усписот), да полага приемен? Сосема непотребно. Не се работи за диплома стекната од некој си курс по германски од квази училиште за странски јазици, туку диплома што ја издава Гете институтот. Тестовите не се ни прегледуваат од страна на наши професори, туку ги носат авионски директно во Берлин и таму ги прегледуваат. А ако приемниот испит со 40 прашања го сметаат за повалиден од испит во три дела (разбирање, пишување и говорење), каде секој кандидат прави усна презентација на тема по избор и само писмениот дел од испитот трае 5 часа, тогаш не знам...