Колешки да ве прашам дали некоја од вас го има слушано предметот Терминологија? Кој професор го предава и какво е вашето мислење за предметот?
Сакам да кажам дека не е воопшто како што викаат како на курс да си се запишал.Книжевност на пример материјалот поезија е 20 песни за анализа на италијански јазик, плус писатели, плус дела,плус семинарска, значи месец ипол најмалку спремање секојдневно. Мене лично најтешко ми падна преминот од прва(каде што предаваат на макеоднски јазик) и во втора години одеднаш на италијански.Не им е битно дали разбираш тоа што го диктираат или не.Имаат некој професори разбирање, за некој збор ќе ти помогнат но сепак цел материјал треба да го знаеш на италијански. Пак ке спомнам ова не е англиски, јазик кој го слушате, читате и пишувате секојдневно, италијанскиот се учи од почеток, од азбуката.
^^ Технички, можеш да се префрлиш... Само треба да си прашаш на студентски, а мислам дека тоа требало да го направиш пред уписите. Најдобро, прашај си на студентски. Овде никој нема да ти даде 100% точен одговор. Во секој случај ако ти е се положено од прва, 6-те изборни ќе ти ги признаат и овде. А, дел од другите 6 со сигурност ќе си ги сместиш како кредити во некои од наредните години пр. СМЈ 1, 2 итн.
тоа сакам и јас да го направам бидејќи не си стиснав за кофинансирање по грешка на елктронското и се запишав на македонски, и ми кажаа горе во деканатот дека ништо не е изгубено ќе се префрлам во трет семестар и да земам изборни италијански, др ми кажаа не можело да земам изборни италијански во прва дури во трета сега многу ме израдува значи премногу сепак да, ќе се распрашам убаво фала многу
Не сум се префрлила, на италијански си бев само прва година голем дел се на македонски јазик предавањата, а втора година од прв час почнуваат се на италијански јазик да предаваат! И јас те советувам за се што те интересира да си го прашаш Баже од студенски, бидејќи можно е да е сменето нешто.
Ne znam ni jas, bidejki i jas imam problemi so najavata vo iKnow. Se nadevam deka ke ni kazat vo Cetvrtok vo 10h i 11h. A broj na indeks ke imame koga ke gi podigneme indeksite vo Cetvrtok i Petok.
Ај нека ми помогни некој.. Кога за прв пат се најавив на системот, нели ни пратија еден линк во меил, и требаше тој да го отвориш па да се најавиш, меѓутоа јас ги избришав пораките од мејлот и сега ми го нема линкот..што да правам, како да се најавам сега? ?
Имаш во е-маилот фолдер со избришани пораки?? Кај мене на хотмеил има таков. Ако имаш, најди си ги таму. Ако не, не знам што да ти кажам.
Како се става факултетот во мирување?Знам дека се уплаќа 1000 денари, заедно со такса.Прашањето ми е дали треба да одберам предмети на интернет профилот за семестаров, иако нема да го запишам или само на отидам на студентски да го решам тоа? И уште нешто:ако го запишам сега семестарот, дали ќе може, на пример по еден месец да го ставам во мирување и следната година да продолжам?Тогаш пак што се случува, се плаќа ли казна? Знам, комплицирам, ама важно ми е да знам. Се надевам дека има некој упатен да ми ги разреши дилемиве
Ова поодамна беше, ама ај ќе ти го пишам моето искуство. Кога требаше да запишам втора година немав пари да платам, а беше краен рок. Сакав да го ставам факултетот во мирување ама ми рекоа дека тоа е можно само ако сум(недај боже) тешко болна и бараат уверение од лекар специјалист, или ако ја напуштам држаата на подолго време, и исто така бараа потврда. Јас им кажав што ми е проблемот, разговарав со шефот на студентските прашања и ми излегоа во пресрет. Ми го одложија плаќањето на неколку пати. Тогаш само така можеше да се стави факултет во мирување, сега можеби е нешто изменето не знам, најубаво да одиш и на студентски да ти кажат.
Јас го имав предметот. Го слушав кај Виолета Димова/вска- така нешто, ама потоа не знам зошто ја сменија и полагавме кај Весна Мојсова Чепишевска. Има многу книги за читање, не се ни тешки ни големи, само се ти зависи од тоа колку ќе си го научиш материјалот. Во книгите ќе треба да бараш код, дали е чуден, чудесен или фантастичен, ќе видиш ќе има тоа на предавањата. Мене тоа ми беше тешко само додека научив да ги разликувам. Инаку се полага прво писмено а потоа и усно. На усмениот дел ќе ти даде една од книгите да ја раскажеш, анализираш, нешто за ликовите ова-она... Јас би ти кажала да си го земеш предметот ако тоа се мислиш, јас многу го сакав, како и професорката. Срцка е
Дечки, веќе пишав на темата за ангиска катедра, па отпосле ми текна дека може некој овде ќе има повеќе информации. Еве го истиот пост: се извинувам што дуплирам постови
^^ Колешка моја лани слушаше Корејски 1 и 2. Она беше презадоволна, мислам 10-ки и беа и двете. Друго не знам да ти кажам.
Здравоо девојки Да прашам дали некоја колешка што е примена во претходните два уписни рока има распоред на предавања за македонски јазик?? јас денес се запишав и сум изгубена во времето и просторот хелппп плииииззз
Дали некој има информација каде е објавен (или ќе биде објавен) распоредот за француски и книжевност?