Јазик под Ц значи дека го слушаш/ следиш предметот со 4 часа неделно, као трет јазик. Бидејќи прашуваш за Илинка Митрева претпоставувам дека си прва година на француски јазик и книжевност. Во прв семестар имате преглед на фр.литература: историја и периодизација или така нешто. Подготви се да учиш бидејќи жената си бара, бара знаење никако фолирање дека знаеш нешто и трескање глупости. Одете редовно на часови, следете ги внимателно предавањата, ако земате за експозе немојте случајно да не сте отишле на часот кога треба да излагате, бидете подготвени за презентацијата, ако затреба да работите некое дело направете извадоци од текстот и поделете меѓу студентите и нека глумат. И секако спремете се добро за испитот. Имате писмен дел, устен и активност и присуство ама да си знаете дека на устен ги прашува најслабо одговорените прашања од писмениот.
Искуство со шпански јазик? Сакам да го земам како изборен, само слушнав лоши коментари за професорката...
Дали некој знае како е на руски јазик ц1 и граматика на рускиот јазик1? Какви се професорите, дали се тешки предметиве? Ги избрав како изборни само малку ми е страв за граматикава..:/
Ако може да ми кажете како оди оценувањето по Француска култура и цивилизација - современи состојби, дали има устен испит, дали до детали треба да се учи? Ако може некој совет од претходно искуство
Кога ќе се сетам, ми се приплакува од тој колоквиум... Ели вика дека не бара детали ама толку многу детали бара да е ненормално. Учете од збор до збор, и сите оние региони (со тие јадењата ни се качи на глава, од секој регион има по неколку карактеристични јадења) се што ќе ви каже запишувајте, заокружувајте што било правете, пошо може да изгледа наивно ама бара се. дури има и некои зезнати прашања кои се разликуваат многу малку. Имаше прашања на заокружување, дополнување, да кажеш дали е точно/неточно и прашања за пишување. Устен има и на устен ќе ве прашува сешто (колку била најниската измерена температура, празници кои ги немаше во книгата). и има презентација на семинарската. а за следниот семестар ви препорачувам да земете Корективна фонетика (тоа е еден користен предмет, а асистентката е срце - Јоана, а нема теорија за учење туку само вежби), пошо цивилизација во 4 семестар кај снежана е уште потешко.
Знае некој какви прашања дава Пандев по општа лингвистика на тој т.н. официјален колоквиум, освен тие 30 прашања што треба сами да ги составиме...
Јас кога полагав пред 2 години, даде некаков есеј да пишуваме ама тоа нема никакво значење, колку да се каже сме полагале.После полагањето, не спомна ни есеј, ни резултати од колоквиум, туку оценките ги составуваше според усното одговарање.
И нас ни рече дека големо влијание врз оцената има присуството на предавања и секако активноста, но малку измешано предава и ти па чуди се од кај да учиш. Тоа што го предава го нема во скриптата :/
Тој е целиот збркан и кога предава, се префрла од едно на сосема осмо нешто.Скриптата нема никаква врска со тоа тој што го предава.Треба да си запишуваш по нешто од она што го кажува и оттука да ги формираш прашањата.За присуство ти се потпишува на едно ливче и треба да му однесеш неколку такви кога ќе ти ја пишува оценката.
здраво јас студирам на овој фалкутет и сум македонски јазик и сум прва година ке мозе да ми казете за кај пандев по лингвистика како се полага јас не го сфатив добро нешто треба 30 прашања да си составиш и он те испрашува од тие прашања усно или писмено ти дава пошо ни рече да сме носеле еден празен лист и прашањата што сме ги составиле.. знае некој да ми казе ?
^ Епа треба сама да си составиш 30 прашања од она што го предава на час, и потоа професорот од нив ќе те прашува.
Дали познавате некој/а професор/ка кој/а дава приватни часови по старословенски јазик? Доколку да, ќе може ли да ми дадете број за контакт во инбокс? Благодарам.
Здраво девојки! Сега сум четврта година во гимназија и сакам да се запишам на филолошки факултет. Прв странски јазик ми е англискиот а втор францускиот. Сакам да одам на преведување и толкување за француски јазик. Сеуште не ми е јасно апсолутно ништо за тоа како да се запишам, кој јазик можам да го одберам како прв, колку јазици треба да одберам и тн. Ќе може ли некој кој е или завршил преведување и толкување, подетално да ми објасни?
Ако прашањето ти е кои предмети треба да ти бидат на матурата, ќе треба да си видиш во конкурсот, за сите тие екстерни и интерни предмети. А доколку ти е прашањето за упис на факултетов, на денот на запишување ќе конкурираш за ПИТ-француски со англиски. Можеш да избереш и трет јазик ама тоа коа ќе почне студентската година.
Ме интересираше уписот на факултет. Сеуште мислам дали ќе земам француски со англиски или обратно, и дали ќе изберам и трет јазик, но некои луѓе велат дека многу тешко било три јазици. Благодарам за информацијата.
Па, да, малце е тешкичко, ама зависи и од третиот јазик кој ќе го одбереш, би ти советувала барем за прва година, да земеш некој јазик, а за подоцна да си ги земеш полесните предмети (култура на говор, вештини на пишување, агиологија и сл). Што се однесува на ПИТ француски со англиски или обратно, се зависи колку си заинтересирана за кој јазик. Ако се определиш да речеме француски со англиски, во трета година ќе бираш насока: толкување или преведување, и тогаш ќе толкуваш/преведуваш од француски на македонски и од македонски на француски, ама само ќе преведуваш/толкуваш од англиски на македонски. Истово ова важи и ако земеш англиски со француски: ќе толкуваш/преведуваш од англиски на македонски и обратно, ама ќе толкуваш/преведуваш само од француски на македонски. Имаш ли прашања околу тоа што е толкување, а што преведување?
Дечки, ај ако може малку да ме информирате кој знае. Кога се полагаат - Старословенски јазик 1 и 2 кај Емилија Црвенковска - Теорија на литература( книжевност) 2 кај Кристина Николовска - Општа лингвистика кај Димитар Пандев И ако има некој што полага лингвистика ако може да ми пише ЛП да прашам уште нешто. Однапред благодарам
Јас би ти препорачала да земеш англиски прв, а француски втор, бидејќи откако ќе завршиш нема да најдеш многу работа како преведувач француски, бидејќи не е многу застапен како англискиот. Англискиот доколку одлично го совладаш ќе имаш доста работа. Ова ти е моја препорака, бидејќи јас сум преведувач и толкувач и ти кажувам од искуство, па ти размисли си