Стсл. јазик се полага после 15ти, не сум сигурна, а инаку кај Кристина бев на консултации да прашам за полагање по реторика и стилистика и таа рече дека полагањето ќе биде на 21ви јануари во 9 часот, заедно со уште еден друг предмет. Е сега не знам дали се работи за теорија на книжевноста. А лингвистика, Пандев рече дека се полага на 15ти, и тогаш ќе се земаат оцени. Мислам дека тој е терминот. Инаку положив кај Пандев, ако те интересира нешто дополнително, консултирајме во лп.
Јас сум прва година сега. Од причина дури да се навикнам и завлезам во факултетот оваа година си го земав само англиски како јазик. Инаку оваа година се определувавме уште од почетокот. И јас би ја издвоила Рајна - жениште, ептен интелегентна и полна со знаење. Со Анета имам вежби по Лексички категории и е фина. А со сестра и writting. За некој ден ми почнуваат испитите, стравот ми е навлезен во коските...
здраво девојки.. сакам да се запишам на Германски јазик сакав само да прашам дали треба да имаш одредено предзнаење и дали се почнува од почеток пошто јас немам учено и немам никакви предзнаења?
Не можеш, од минатата година се воведени приемни испити за студентите, мора да имаш предзнаења. Се разбира дека не се почнува од почеток.
Ако толку сакаш германски да се запишеш, најбезболна верзија ти е да се запишеш на Превод и Толкување катедрата, прв англиски, втор германски. Ако не ти дадат од почеток да запишеш германски како втор, поради тоа што го немаш изучувано, запиши втор француски и откако ќе те примат, со молба до деканат можеш да се смениш со втор германски. Инаку без никакви предзнаења не може, а и многу ќе ти биде тешко, затоа што не се почнува од почеток. Како и да е, можеш уште од сега да си почнеш на некој интензивен курс и колку-толку да се запознаеш со основата. Hope I could help.
Помош од тие што се на Филолошки Имам изборен јазик овој семестар ( не сум на Филолошки), понудени ми се германски и англиски. Англиски го предава Л-тор К.Содиќ, а германски Л-тор О. Атанасовска. Ако ви имаат предавано, може збор-два да кажете критериуми, блаблабла..
Здраво. Ќе може ли да ми кажете што поточно се изучува по предметот Педагогија (бидејќи планирам да го земам како изборен за летниот семестар), кој го предава и на кој начин се полага? Многу ви благодарам однапред
Девојки, тие што сте на Македонски јазик, ќе сакате ли да ми кажете предметот Зборообразување на СМЈ дали е тежок, бара ли семинарски и редовност и дали предава Деканката?
Јас лично го немам одбрано, но имам колеги што го имаат избрано и да, деканката предава. И како што кажуваат било лесно, а за полагање не знам точно како е. : )
Може да се одбере за 1година нели? Само не ми е јасно како за македонската катедра овој предмет е за 3 година мислам, а нам ни е понуден за 1 на англиска катедра..? Ич не ми е јасна работава..
Ovde ima nekoi studenti sto se na Makedonski i knizevnost pa se nadevam deka mozete da mi pomognete mi treba pomos analiza na pesnite Ezero 1 Ezero2 i Ezero 3 od Mateja Matevski no kako za pismena rabota mi treba ke pravime pismena a ne mi ide analizata ve molam za pomos koj znae neka mi pise inbox
Од 10ти февруари. Но, секоја катедра различно започнува бидејќи испитната сесија трае до 10ти па додека се соберат оцени едно др рачунај плус упис во летен семестар.
Дечки, некој за Општа реторика да каже дали се полага на колоквиуми, каков е професорот и дали може за 1 година да се избере?
Не сум сигурна, но мислам дека овој предмет го предава проф. Димитар Пандев. Ако е кај него, многу е лесно и секогаш се полага на колоквиуми! На која катедра си?
Да, тој предава. Ни рекоа дека давал 30 прашања сами да си составиме и од тие испрашувал. Инаку од англиски јазик и книжевност сум. Фала ти