Општа реторика го предава проф. д-р Димитар Пандев. Не е многу тешко за полагање, но треба да имаш поширок спектар на знаење, според мене, значи, затоа што кога ќе те изнесе пред цел амфитеатар и ќе ти поставува од твоите 30 прашања, a ти мора да знаеш и примери. Секогаш знае да потпраша нешто одоколу, па затоа биди си спремна и немој да се мислиш многу кога одговараш.
Би сакала да ве прашам ? има ли голема конкуренција на овој факултет ,јас одбрав на матура биологија и хемија пошо сакав медицински ама нема шанси да ме примат пошо нема да имам толку поени..и сеа неможам да ги сменам пошо веќе се пријавени во министерство дека тие ќе ги полагам и дали ќе има проблем коа ќе се запишувам да не ме примат на книжевност поради тие предмети шо сум ги полагала ?? Или нема врска предметите ?
devojki ima li nekoja sto e na makedonska i juzno slovenska knizevnost mi trebaat informacii sto mozes da rabotis posle fakultetot, dali e tesko itn..
Сакав да прашам дали е тешко ако земам втор јазик? Конкретно сакам германски, иако немам големо познавање од јазикот. Ете сега размислувам да почнам со интензивно учење... за 2 години колку може интензивно да се научи, кој знае. Ако не, останувам на англиски. Прашав, зошто една пријателка студираше англиски и како втор зеде албански, а претходно не знаеше ни збор да изусти..
Зависи која група - професор, преведувач... но само ако имаш врски. Во спротивно, како многу што познавам, ќе си седиш дома, или ќе работиш нешто сосема трето. За жал реалноста е таа.
ај ако можи некој да ми објасни оти јас ништо не се разбирам...сакам да учам шпански и италијански!! па ај некој нека ми кажи шотреба како треба дали воопшто можи ваква комбинација или мора англиски или македонски да се изучува..фала однапред а иначе така-така знам шпански а италијански воопшто незнам ама ептен сакам да ги изучувам тие јазици
^ Можеш само еден од овие јазици да го студираш. Пример, Италијански јазик и книжевност, но да си земеш изборен јазик шпански.
A obratno nemozi? Spanski da studiram kako prv jazik a italijanski izboren...i dali treba da go znajs jazikot prethodno ili nmv?
Не заборавај дека ова не е курс за јазици да учиш од занимација. За изучуваш било кој јазик треба да имаш гооолемо познавање од јазикот. Инаку да, може. Има катедра за Шпански јазик и книжевност и учиш само шпански јазик. Ако земеш Италјански јазик како изборен, ќе имаш само еден предмет.. Исто како Германски/Француски што си учела во средно. Спојлер Не ти препорачувам да се запишуваш на Шпански книжевност ако имаш познавање "така-така" од јазикот.
Spanskiot i ne mi e bas taka taka znaci poslabo mi odi gramatikata so e mn bitna zato rekov taka taka a inace italijanski nez ii ne od zanimacija tuku sakam da gi ucam tie jazici
^ Значи дефинитивно не се запишувај на Италијански книжевност туку земи го како предмет и учи од прв степен затоа што повеќе секако не можеш. А за Шпански сепак треба да знаеш течно да разговараш на шпански јазик за да можеш да успееш (секако не треба сите најформални и необични зборови да ги знаеш но...). Ако мислиш дека тоа го можеш тогаш оди сигурно напред. Инаку не ни реков дека би ги учела од занимација ниту од интерес, те потсетив да не го правиш тоа затоа што има и такви. Сакав да кажам ако ги учиш учи ги за да можеш еден ден професионално да работиш со нив.
http://88.85.123.169/web/guest/rsslink/ ... id/4445017 дали може некој да ми објасни или да ми каже каде да се информирам во врска со овој оглас пишува услов за аплицирање дека треба да си запишан прва година на универзитет каде се изучува старотурски но на филолошки гледам само институт за турски јазик
ke ima li priemni ovaa godina? jas sakam da se zapisam angliski jazik i knizevnost a kako vtor germanski jazik. mozno li e ova? aj nekoj podetalno
Здраво Би сакала да ве прашам дали некоја од вас полагала старословенски јазик 2 кај Емилија Црвенковска? Дали на испит испрашува усно или писмено, што најмногу испрашува, на кој дел од материјалот да обрнеме повеќе внимание, и според вас колку време е потребно да се совлада цел материјал? Ви благодарам однапред
Мои колеги што полагаа стсл.2 кажаа дека испитот бил писмен и сите паднале. А материјалот за морфологија е прилично тежок и доколку сакаш да положиш треба добро да се прочепка зашто кај Црвенкоска не се поминува лесно. Не е до нејзе, туку до материјалот.
Ми кажаа дека оваа година на Филолошкиот факултет нема да има приемни испити. Дали е ова точно? и ако е тогаш како ќе се пресметуваат бодовите за запишување на факултетот? (Колку ќе важи маутрата, колку успехот во средно?) благодарам од напред.