Па не знам баш многу да ти кажам за оваа катедра,само знам дека треба да имаш некое основно познавање на јазикот зошто не се почнува од нула. Школска ми сега е апсолвент на албански јазик ама само ова го знам.Позз
Е навистина сакам да се запишам таму.. ако нешто би работела од срце и со ќеф - тоа е тоа! Но, моите драги родители се запнале дека јас немам никаква иднина со тој факултет - премногу завршени а премалку места. и така..
животна желба ми е овде да студирамм...овде одам па шо сака нека е .. сакам само да прашамм дали можи еден јазик да се студира или сите одат комбинираноо..како на пример англиски-германски и слл..јас сакам или италијански или англискии..очекувам одговор ..Позз
па на еден јазик се запишуваш на пример англиски,само бираш англиски јазик и книжевност или англиски јазик превод и толкување,а ако сакаш плус уште еден јазик ќе си го земеш како изборен предмет е сега незнам дали уште ги делат вторите јазици под Б или Ц(ако учиш Б можеш после и да предаваш за него,ако учиш Ц онака како курс ти иде мислам така беше ако сум грешка нека ме поправи некој) али тоа не е битно сеа,битно е дека се студира еден јазик а втор ако сакаш учиш поздрав
Планирам да се запишам на филолошки факултет-англиски јазик преведување и толкување па би ве замолила да ми кажете дали е тежок? Колку отприлика предавања има во една недела и дали има работа со овој факултет со тој смер преведување и толкување?
Jас студирам на Филолошки факултет македонски јазик, значи вака, англиски јазик и толкување има учење значи треба да имаш доста познавање на англиски јазик.Некои мои колеги што студираат на англиски викаат дека има учење доколку се учи континуирано полесно е.Имаш книжевности, дела што ќе ги учиш на англиски јазик, имаш современ англиски што учиш граматика, синтакса на англиси јазик, морфологија...Јас студирам на македонски јазик со под Б јазик словенечки но не ти препорачувам да одиш на македонски зошто ништо не е организирано како што треба немаш пристап до професорите тешко можеш да ги најдеш или предаваат на приватен факултет или се на службен пат.А за студентски прашања да не правам муабет КАТАСТРОФА никогаш не е организирано како што треба, секогаш има гужви и чекања ( на мојот шалтер) а на англиски катедрата е исто само малку е поорганизирано на некој начин.Размисли си убаво, се надевам ќе донесеш добра одлука. Поздрав
А наставната насока дали е полесна?Мислам јас го познавам англискиот и имам многу желба да учам јазици.А дали покрај англискиот треба да се одбере и втор јазик.Благодарам поздрав.
Аххххх Стојка и нејзините хаљини хахаха. Јас студирам на македонски јазик апсолвент сум имам уште некое испитче до крај, а оставам нешто и за во септември да учам да не ми биде досадно Оние што мислат дека нема работа со овој факултет се излажале.Има работа со овој факултет или можат да бидат професори по јазикот што го одбрале, можат да бидам преверувачи, лектори, филолзи...Јас со овој факултет работам во Собрание на Р.М како лектор и ми е супер.Значи доколку се сака се се можи и има надеж за сите само треба да сме оптимисти.Им препорачувам на сите што сакаат да се запишат на ФЛФ на македонски да размислат мноооогу зошто јас искрено сум разочарана од некои професори зошто нема однос студент-професор и ги чекаме по сат-два за една оцена, испитот закажан во толку и толку часот а тие касната саат-два зависи, не се знае кога се полага, а сесијата веќе почнала, секој месец нови правила, на студентски е катастрофа никој не те ферма, само нивните интереси си ги гледаат, плати за ова плати за она, плати за користење на интернет а интерент ни за жива глава нема во факултет нигде, незнаеш дали си положен резултати чекаш со недели а веќе закажале втор термин за полагање....се на се КАТАСТРОФА.Се надевам нема да го земете ова многу во предвид доколку сте се решиле да одите на ФЛФ на македонски само ви посакувам многу среќа и борба до самиот крај Наставната насока е малку потешка, што знам.Во глобала се учи исто скоро освен превод и толкување што учиш повеќе граматика, а наставната мислам дека учиш повеќе книжевности.Ако сакаш можеш покрај англиски да одбереш, кој јазик друг сакаш.Јас би ти препорачала да не земаш друг јазик, зошто може да се заглавиш.Вака фокусирај се на англискиот само и учи си.Значи размисли си сама уште еднаш подобро како е подобро за тебе.И ти посакувам се најдобро.
BlackSwan5, јас студирам на анг. јазик и книжевност, на наставна насока. Нашата насока е анг.јазик и книжевност и од втора година (по ново) се делиме на наставна, превод и толкување, но покрај стручните, сите изучуваме и заеднички предмети, како книжевност, граматика и современ анг.јазик. Не е многу тешко, но е напорно. Се учи и граматика и книжевност и современ англиски јазик (граматички конструкции, вокабулар, се вежба говорот - слично како до средно што учевме по англиски), имаш и изборни предмети ( македонски јазик, контрастивна анализа, методика, историја на англискиот јазик, деловен англиски и др.). На почетокот е потешко дури да се навикнеш, што е нормално, но после се ти станува природно, се навикнуваш на јазикот и се олеснува работата. Потребно е редовно учење, вежбање, читање на делата ( романи, драми, поезија) и голема концентрација на час зашто многу се учи и од на предавања, па после кога ќе учиш за испит тоа веќе ти е познато и полесно се запомнува Со труд се се постигнува. Можеш да земеш јазик под Ц - тоа е да го изучуваш како на курс, можеше и под Б да се земе - втор јазик, кој што се изучува паралелно со англискиот, и книжевност и граматика, само некој предмет помалку и кога ќе завршиш можеш да го предаваш и тој јазик, но сега ( од минатиот септември) нешто измениле и не знам дали може да се земе јазик под Б. Е понапорно, но не е ништо невозможно. На ПИТ (превод и толкување) покрај англискиот мора да знаат и да учат паралелно уште еден јазик (француски, германски), не учат книжевност ( мислам), но не сум многу информирана за таму. За на студентски и кај нас е хаос, не е организирано. Многу студенти сме и се чека и по неколку часови за да се запише/завери семестар, пријават испти или да се заврши некоја друга работа. Да ја споменам и дрскоста на службениците ( Стојче им е врвен во тоа, но и другите не се ништо поарни). Имаш и една цела тема за англиската катедра, па посети ја, еве линк - http://forum.femina.mk/obrazovanie/filoloski-fakultet-angliska-katedra-t2759/ И еве ти линк од Филолошки факултет, имаш за сите катедри - http://www.flf.ukim.edu.mk/ Се надевам дека ти помогнав
Јас сум на ПИТ, толкување.. Полесно е од книжевност, интересно е, ама незнам баш за работа.. Многу има англиски толкување
И јас се приклучувам на форумџиките на Филолошки. Горд германист Задоволна од квалитетот на наставата, разочарана од нередот што владее, не само кај мене на катедра. Инаку, во прв семестар избрав Лингвистика кај Пандев и ме враќаше, за двата колоквиуми, по три пати.. Зажалив што го избрав тој предмет. И покрај тие 30 прашања, ми бараше уште материјали поврзани со германски јазик бла бла бла.. и едвај 8ца ми стави. Затоа, памет за во втор семестар
сакам да прашам дали на двете катедри (книжевност и преведување и толкување) се оди директно на испит? пошто мислам многу е тоа само на испит да се оди :/
Сакам да ги прашам тие кои што се на смерот Превод и толкување со прв јазик англиски, а втор германски кои предмети ги имаат и по колку предмети се во еден семестар? Зошто на сајтот на факултетот ништо не пишува за студиите...
Има едно како книгиче, можеш да го симнеш и да видиш се за студиите таму. Пишува број на часови неделно, предмети, професори, учебници... Протарашкај таму некаде, во фрка сум моментално инаку ќе ти го најдев.
Девојки има некоја што студира Турски?Ме интересира дали се почнува од почеток или треба предзнаење?И дали знаете како оди ова со запишување на факултет кога некој е од постара генерација на пример 88,89та и не полагал матура,како иде тоа запишување сега,треба нешто накнадно да се полага или?
^ Запишувањето се врши само со сведителства и диплома од средно. На тие оцени те бодуваат А како е на турски, незнам
Многу предмети имаш.. Ама не се секирај, не се обемни, и затоа се повеќето 3 кредита, а ти требаат 30 по семестар. Инаку, јас завршив 3та и имам положено 45 испити до сега (плус 20 во 4та) значи отприлика 65 вкупно
Јас сум прва година (уште од 1 испит чекам резултати) и до сега се‘ ни било на испити освен морфологија 1 и 2 (мнооогу олеснителна околност!). Не е до толку тешко, ако се испити - има време и тука е предноста.