Каде прочита дека треба до 5 август ? Задолжително електронско пријавување на www.upisi.ukim.edu.mk за новите студенти од 25.06.2014 до 15.08.2014 г. до 14:00.
Јас сум на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Како прво имаш разлика меѓу книжевност и јазик. Велат дека со дипломата од книжевност имаш поголеми шанси да се вработиш во средно училиште, додека пак со јазик само во основно, но јас лично дискутирав со деканката и таа констатираше дека секој како ќе си се снајде, неважно дали со јазик или со книжевност. И самата рече имај пријатели и ќе се вработиш лесно. На јазик предноста е тоа што можеш да бидеш и лектор со полагање на лекторски испит доколку имаш избрано наставна насока, а доколку во втора година си избереш насока за лектор, тогаш нема потреба од таков испит. Со книжевност не можеш да бидеш лектор, само со мак. јазик. За тешкотија, можам да кажам дека секој факултет си има своја тежина, така и овој смер, конкретно. Во прва година потежок предмет беше старословенски јазик, кој ни е задолжителен, а другите задолжителни не беа тешки. И зависи како ќе си се снајдеш. Имаш три изборни предмети. Јас имав избрано малку потешки предмети: правопис на смј, руски јазик и херменевтика и семиологија, за разлика од некои мои колеги кои имаа избрано предмети кои се полагаа само со семинарска и ништо друго, но мислам дека не е важна само тежината на предметот, туку најважно е што ти всушност ќе разбереш и како еден ден ќе предаваш. Немој да се концентрираш само на тоа „ее лесно е, јас таму ќе се запишам“, туку треба да ја согледаш и ситуацијата во која се наоѓаш, бидејќи еден ден ќе застанеш на катедра пред 30 ученици и доколку ти не знаеш да го пренесеш своето знаење, џабе ти е. За понатамошните години не сум компетентна да кажувам, затоа што не знам
Ќе се запишувам на катедрата за француски јазик.Е сега едно прашање, како ова и втор ли јазик треба да изберам? Се мислев за турски на пример , но дали се почнува од почеток бидејќи за турскиот немам никакви познавања? пс- ке имам ли некоја колешка на истава катедра ?
Француски јазик Филолошки факултет Сакам да се запишам на француски јазик и книжевност.. што можам да земам како втор јазик и со предавања од кој степен се почнува (скроз од почеток или веднаш на француски). Некој има што ке се запишува на ова?
Француски јазик Филолошки факултет Најверојатно германски или англиски....иначе мислам дека зависи предходно како си учела,иако во краен случај повеќето од почеток почнуваат.
Сакам да се запишам на катедрата за шпански јазик и книжевност.Но слушнав дека многу ретко се формираат групи и некако не знам дали да ризикувам затоа што нема да можам да се префрлам на друг факултет туку ќе мора да бирам друга катедра.Не знам што да правам,ако некој е информиран малку повеќе во врска со ова ве молам помагајте.
Здраво. Дали некој се има запишано, или веќе студира на Албански јазик. Доколку да, дали може да го сподели искуството, како е, дали е тешко, каков е односот професор-студент....? Фала однапред
Го продолжија рокот поради одморите. А башка беше до 5 август. И да, на страната прочитав, но потоа го смениле. Иначе тоа е пријавување за септемвриската сесија.
За втор јазик како втор модул, се зима дури во втора година. И се почнува од почеток мислам. ( Освен ако не е сменето).
Јас сакав да ве прашам дали сега ние што сме 4та година дипломската работа ќе се рачуна како 6ти предмет а не одвоено од др. предмети како порано?
Ќе може ли некој да ми каже за уверението за положени испити дали треба да е на жиро сметката на фах исто како за партиципација шо е или...? И каква молба треба за да земам уверение? Фала
Moже некој да ми каже дали има слободни места на катедрата за италијански јазик и катедрата за шпански јазик..неможам да проверам од моб. ни од компјутер..
Девојки јас се запишав сега на филолошки, 1ва година на смерот македонска и јужнословенска книжевност..но прочитав тука дека со оваа диплома не можам да бидам лектор..Ве молам некоја што знае да ми каже дали е навистина така и ако е, дали можам да земам нешто дополнително или што треба да направам за да можам да земам диплома за лекторство? Ви благодарам многу, однапред
Ај,ако може некоја да ми објасне која е разликата помеѓу Македонски јазик и јужнословенски јазици и Македонска книжевност ијужнословенски книжевности?
За жал, ништо не можеш да направиш. Лектори можат да бидат само лица дипломирани на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици доколку имаат желба да полагаат лекторски испит кој се изведува во Министерството за култура.
Девојки имам едно прашање. Сега сум ќе бидам втора година, но ми останаа неположени двете морфологии од прва, што значи дека 1от ќе треба да го презапишам, прашањето ми е дали ќе треба да исфрлам еден од изборните предмети за да го презапишам овај или ќе можи сите 7 да ги запишам? Поздрав и фала однапред