Може ли да се запише нова година, т.е. сега нов зимски семестар ако фалат оценки во индексот од положени предмети од претходниот (летен) семестар?
Четврта година сум и размислувам помеѓу 3 факултети меѓу кои и овој, па сакав повеќе да се распрашам. Ако одберам мак.јазик и јужнословенски ј. како основна катедра, дали во 3ти семестар, односно 2ра година како втор модул ( како што читав и разбрав ) можам да изберам англиски јазик и дали ако изберам се доплаќа плус и како што сватив тоа му доаѓа нешто веќе како втор факултет. Дали може само како основна катедра да си одберам мак.ј. и јужнословенски ј. да не одбирам воопшто втор модул ... Стварно неможам да се снајдам да разберам, добро би било ако ми помогне некој, малце подобро ми објасни
Прво втор модул не се плаќа. Мораш да го избереш за да имаш јазик, може англиски јазик, може и некој друг. Второ тоа не му е втор факултет. Тоа е еден факултет. Трето ако избираш само една катедра пак ќе бидеш приморана да земеш втор модул за да имаш за што да дипломираш, се зависи тоа од насоката која ја бираш. Но за таа катедра е само насока за професор.
Добро фала, инаку за тоа така имам прочитано погоре по некои коментари затоа и така пишав. Не разбрав баш убаво. Фала ти многу
Како што знам јас не постоеше можност да се изберат англиски и италијански јазик да се слушаат како предмети. Од модулот кој треба да го избереш во втора година, односно во трет семестар ти зависи и називот на дипломата. Имаш три модули: 1.Професор по македонски јазик и книжевност; 2.Лектор и јазичен редактор; 3.Филолог по македонски јазик и словенечки, на пример.
Дали ќе може да ми образложите за тоа кои предмети се задолжителни за студентите од катедрата за Македонски јазик кои како модул ќе ја изберат наставната насока. Конкретно, сакам да прашам дали се задолжителни две, или пак, една книжевност. Значи, понудени се три книжевности (светска, средновековна и народна) и сега постои дилема околу студентите за тоа дали да изберат две книжевности. Некој од повисоките години да даде мислење. Секоја информација е добредојдена.
Која година си? Светска книжевност ти е кај професорката Пирузе, јас поминав одлично, предметот е тежок сам по себе бидејќи бара читање на книги, имавме за Хомер, Илијада и една книга( ама заборавив како се викаше) книгата има 4 дела од по 500 страници, и да ти кажам има и филм. Сега незнам дали професорката ќе биде пак со вас или ќе оди во пензија. Народна македонска поезија и проза е кај Шкрињариќ, ние кога бевме прва година поминувавме со семинарски, ама бидејќи се укинати ќе мора на испит. Моја препорака ти е да си избереш Средновековна книжевност кај професорката Добрила, бидејќи полесен предмет амин. Се одговараат на 10 прашања и се учеше за светци мислам. Лесно се поминува и под 8ка не става. Треба да изберете колку сакате, но еден од изборниот да ви биде задолжителен за насоката.
Ме интересира нешто за факултетов...дали на катедрата за германски јазик и книжевност предавањата се на германски или на македонски јазик? Значи, ете конкретно во прва година на кој јазик се предметите и предавањата и колкава основа треба да се има за да се студира на оваа катедра?
Ако можи да ми одговорите побрзо што се изучува на креативно пишување дали нешто се пишува како на пр есеи и такви слични работи и како е на вештини за правилно пишување?
Јас сакам да се запишам на филолошки идната година. Дали е можна комбинацијата А) Англиски јазик и книжевност, Б) Француски јазик и книжевност и Ц)Германски јазик? Дали под Ц јазикот e како курс(така слушнав) со два часа неделно?
bi trebalo da e mozno,vsusnost sekoja nova ucebna godina e posebna prikazna. Nekogas nekoi jazici pod b,ne dozvoluvaat da se zemat.Jazikot pod c e vsusnost kako kurs,so nego nema da predavas vo skolo.
Филолошки факултет - англиска катедра Дали некој може да ми каже какви искуства имал со предметите ИКТ терминологија, Дипломатска комуникација и Меѓународните институции и преведувањето од 1 семестар? Инаку сум катедрата на ПИТ
Со среќа на сите кои ќе го одберат овој факултет! Прекрасен е..само напред! Ми се допаѓа ентузијазмот со кој настапуваат идните студенти. Ако сега се запишувам, ке одберам под А македонска книжевност, а под Б (некој јазик) Јас дипломирав 2004 на група македонска книжевност , а под Б македонски јазик Со среќа на сите!
Во школото каде што учам професор со тој јазикот под Ц што ќе го одбереш што ти иде како курс,ни предава од недостадок на друг професор по тој јазик најверојатно или кој знае какви сплетки направил за да го вработат Ама јас мислам дека може,со тој што се важи како курс да се предава
^ Тоа со јазици под Б/Ц умре. Може да се земе само некој друг јазик кој ќе се смета само како еден предмет т.е. 5 кредити и ништо повеќе.
На странава пишува дека рокот за електронско пријавување е продолжен до 3 ти ( петок ) вистина е ? Јас сум прва година , сакам да земам агиологија како изборен зашто слушнав дека е многу лесно и професорката била супер. Некој што има земено романски јазик како е ?
Доколку на матура не земам германски,а се запишам на македонска книжевност,ќе треба ли да полагам приемен?