Четврта година сум средно школо,сакам да се запишам на Филолошкиот факултет во Скопје-за јазици,насока преведувач,а треба да се бира проектна задача и интерен предмет.За проектната задача незнам што треба да изберам,кој предмет,а и за интерен,па ако може да ми објасните кои предмети треба да ги изберам за проектна и интерен.Има некој/а што студира на овој факултет,да ми каже дали се бира за преведување еден или два јазика?Фала ви однапред.
Можеш да ги земеш филозофија,втор странски јазик,социологија,историја. Ти го кажувам истото што ми го кажале и мене,бидејќи и јас сум со намера да одам на истиот факултет.
Полесно е да земам социологија или историја,професорката по Германски ми рече дека ако земам за германски проектна,че ми било потешко за кога че го презентирам,зашто на германски че треба да зборам.
(Конечно најдов каде се цитира. Јухуууу!) Диме, може да ми кажеш која година си и што студираш? Јас старословенски имам полагано по стара програма, ама треба да полагам Споредбена кај проф. Црвенковска... ‘ За прашањето на Asparagus - веројатно на 27.01 и 28.01 во 10Ч00 пред библиотеката на МЈ.
Матуранка сум годинава и имам голема желба да се запишам на германски Би сакала да прашам дали е важно за да се запишам на германски да полагам за матура задолжителни: македонски,математика и АНГЛИСКИ, а да го полагам германски како интерен или пак повеќе се вреднува ако го полагам како задолжителен германскиот наместо англиски (бидејќи можам да изберам било кој странски јазик). Јас имам заокружено екстерен англиски , а германски како интерен па затоа прашувам Проектната ми е биологија бидејќи ми кажаа дека таа не игра голема улога за упис. Ве молам одговорете ми
Изборот ти е добар, земи си го германски како интерен предмет. другарка ми е на гермаски јазик, и за матура ги имаше земено како тебе истите предмети, и помина многу лесно. а дали ќе е интерен или како задолжителен нема многу врска, поголема улога има просекот од оцените од сите 4 години.+ матурата
И јаас би сакала да дознаам нешто повеќе за предметов, начин на полагање и сл. Ве молам некој ако знае да ни одговори
Здраво девојки, би сакала да се запишам на Филолошки.За проектна земав шпански а интерен дел филозофија.Бидејќи сакам шпанскиот јазик да го изучувам дали ќе можам да земам уште еден а би сакала албански.Само незнам дали може, зборувам како изборен.Не сум многу запознаена како одат работите на Филолошки,затоа и сакам да ми кажете детално во врска со факултетот.Да не заборавам,точно ли е дека и латинскиот се учи во прва година?Инаку во гимназија учам и сум јазичен смер ) Благодарам однапред.
Здраво девојки, размислувам да се запишам Филолошки но во странство,еве незнам дали да го запишам германскиот.Па ме интересира мислења,дали е добра идеја еве пример во Словенија да завршам Филолошки,германски јазик? Ме интересира вашето мислење...
Ако живееш за стално во Словенија јас сум за тоа ти да завршиш германски јазик на Филолошки факултет,зошто да не,една моја колешка исто од Филолошки факултет во Скопје отиде да живее во Словенија и таму продолжи да студира германски бидејќи овде не се пронајде себеси на Филолошки факултет во Скопје.Така што јас ти препорачувам да си запишеш слободно германски на Филолошки факултет во Словенија затоа што таму образованието е подобро,а и нема да ти требаат партиски врски за вработување по дипломирањето,така ми рече колешка ми.Среќно!
Ти благодарам многу за охрабрувачкиот одговор Ааа мислам дека и по завршувањето на студирање можеш да да вратиш и да си работиш по струка или ? Мислам дека може да се предава приватни курсеви да држеш,само незнам за превод и толкување дали ке може,сепак македонскиот ти е мајчин јазик.Што мислиш за тоа? Ако не е проблем би сакала да ја контактирам твојата колешка да ми објасни некои работи за таму,секако ако тоа е во ред. Ти благодарам однапред
Ако си жител на Словенија нема да имаш никаков проблем ни за превод и толкување,ни за предавање во училиште,зависи што насока ќе избереш.А,за колешка ми што е мажена во Словенија не сум сигурна дали продолжила таму со факултетот или учеше некои курсеви,ниту,пак,дали е вработена сега воопшто бидејќи лани роди уште едно дете бидејќи не сме контактирале од поодамна на фејсбук и не ми има убаво објаснето какво училиште учела во Словенија и мислам дека нема да се согласи да исконтактираш со неа,но тоа воопшто не треба да те загрижува ако го владееш одлично словенечкиот јазик.И секако,гледај да си извадиш во Словенија словенечко државјанство најбргу што можеш.Среќно и гурај храбро само напред!
Ова мислам дека е возможно единствено доколку се запишуваш на Катедра за ПиТ (Превод и толкување). Македонски ти доаѓа како прв јазик, па мислам треба да бираш меѓу Англиски и Германски како јазик под Б, и плус да земеш некој трет јазик како изборен предмет (што би му дошло јазик под Ц). @Doozy би требало да е поинформирана. Ама ако се запишеш на Катедра за македонски јазик, или за македонска книжевност, другиве два можеш да ги земеш само како изборни предмети и ќе ти стојат во Уверение само како предмети од по 5 кредити и ништо повеќе. Не може да бидеш стручна и за нив, ниту да дополагаш предмети дополнително па да можеш, на пример, и албански да предаваш. Се надевам ме разбра, зашто малку хаотично ти објаснав.