На ПИТ оти е формирана од страна на Европска комисија, имаш право да бираш меѓу трите најкористени јазици во ЕУ, англиски, германски и француски. Македонски секако ти се води како јазик А (мајчин), јазик Б ти е активен странски, а јазик В ти е пасивен странски. Во трета година ќе ја видиш разликата, пример, предмет Превод/Толкување од мак-анг и обратно, оти македонски ми е А, а англиски Б. Додека па преводот/толкувањето со германски ќе е само во една насока, односно гер-мак. Ова ти пишав превод или толкување во зависност што ќе одбереш како насока, тоа слушаш. Од страна делува исто, јас дури се чудев зошто не може и двете да ги имаме, ама верувај дека ако сакаш салам да си ја научиш работата, едното ти е и предоволно. Првите две години на ПИТ мене ми беа мачја кашлица, лесно се мине, ама во трета и четврта ни наплатија за сите пари и за сите прелетани испити. Посебно последнава година, окапав пред компјутер, ама и факт е дека најмногу научив годинава. Мада што мој совет, бегајте подалеку од Филолошки и општо јазициве...... Тешко е за работа. Преееемногу сме, и живо и диво иде тука, па некако ќе пробутка, ќе заврши. Ако сте веќе толку загреани, одбирајте англиски или германски, за со француски не сум запознаена како стојат работиве.... немојте да зимате некој чкљ јазик или некој чкљ смер колку да се рече, после ќе си ја чукате главата што и како. За ПИТ треба да те бива за да успееш, да ти фаќа кликерот и ти треба многу среќа понатаму, да налеташ на вистински клиенти. Ако ти се погоди, ќе правиш ока пари, ќе шеташ со делегации, нема да кренеш глава од рабоа, ама ако не ти се погоди, мисли му ја после што и како.
@Doozy А,на Катредрата за македонски јазик или за македонска книжевност не може да се одбере некој меѓу албански и турски? Мора ли да се бира меѓу англиски и германски?
Не сум Дузи, ама ќе ти одговорам. Ова Дузи што го објасна е за Катедра за ПиТ. Тие за македонски јазик или за книжевност си немаат никаква врска со преведување или со други јазици, туку си учиш САМО за македонскиот јазик или книжевност. Ако се запишеш на некоја од тие катедри, друг јазик можеш да си земеш кој сакаш, и албански, и турски, ама ќе ти се сметаат како предмети. Пример, Албански јазик 1 (немајчин), Турски јазик 1, тоа ти се предмети, како што е предмет Правопис, Правоговор, Зборообразување, Вештини на правилно пишување итн. Со одбирање на тие јазици (ќе имаш луфта мислам да си одбереш три изборни предмети, останатите три ти ги диктира самата катедра и ти се задолжителни) ти буквално добиваш одредени знаења од тој јазик како да си одела на курс за истиот. Не ти влегува во диплома.
ako si na katedrata za mak.jazik,ne znaci deka po difolt mora da zemes knizevnost(nastavna nasoka).Moze pod B da odberese nekoj jazik,e sega ne mozat site da se zemat(jas koga bev brucos sakav da zemam angliski ili albanski pod B,ama imase zabrana i za dvata jazika,pa taka bev prinudena da zemam kniz.podB).E sega francuski,germanski,slovenecki,turski sigurno moze da se zemat,najdobro i najsigurno e da si prasas na fax.
За други катедри ќе мораш да си прашаш некој од таму како точно оди. Јас за ПИТ стојам на располагање.
Јас полагам старословенски 2 веке 3 години и никако да го научам многу тешко ми оди па ако знаеш некои прашања или нешто слично ако сакаш пиши ми фала однапред инаку тука на фемина сум нова
Ако некој полагал старословенски јазик 2 поскоро нека сподели некои прашања или било што во врска со испитот полагам сега на 8 јуни
Доколку има некој на германски јазик и книжевност, веќе 3 или 4 година би сакала да прашам нешто во врска со факултетот во лп бидејќи ќе се префрлам од септември таму )
Dali ispitot po staroslovenski vo prvata dekada bese pismen ili usmen ako nekoj polagal neka pise blagodaram odnapred !
Здраво. Ме интересира дали некој/а полагал/а Споредбена граматика кај проф. д-р Емилија Црвенковска? Испитот е устен. Како се полага и кои прашања ги поставува? Фала!
Сакам да ве прашам за фонетика 2 кај марија јанева,какви искуства имате од усниот испит? Фала ви многу )
Јас сакам да се запишувам на Филолошки, ме интересира дали има некој што го учи шпански како прв јазик а како втор италијански ?? Доколку има би сакала да ми пише во лп и да ми ја објасни процедурата што како ..
ме интересира дали преку овој факултет има можност за работа во странтво во лето и ако има каде обично праќаат?
Знам дека се зависи од конкуренцијата, ама дали мислите дека би ме примиле во државна квота со 80 поени на германски јазик и книжевност?
Дечки планирам да се запишам француски јазик па ако може некој да ми објасни како оди тоа има ли некакви комбинации, опции и некој да ми ја каже разликата меѓу професор и преведувач ( што би било подобро да одам )
Здраво девојки, се думам да се запишам на филолошки катедра за преведување и толкување. Ако може некоја да ми објасни убаво што е како е, дали е тешко, што точно се изучува и како... Секоја информација би ми значела. Ви благодарам
Дечки и јас барам информации за филолошкиов, разбрав дека имало некои измени во последнава година. Во смисла, нема повеќе бирање прв,втор,трет јазик!? Ве молам дајте ми некои информации за новиов принцип бидејќи се ближи уписниот рок и јас сум мнооогу збунета тенк ју!