Многу се размислував и многу се распрашував и се одлучив за англиски јазик и книжевност. Сите ми кажуваа дека е тоа подобра опција, се распрашував и на факултетот а и самата некако тоа повеќе ме влечеше. Пред се зашто можеш да биде преведувач од англиски на македонски и обратно, а исто така можеш да бидеш и професор, додека пак со ПиТ си само преведувач или толкувач. Мене искрено оваа опција ми беше најдобра, се надевам сум донела правилна одлука Ти за што се одлучи?
http://www.fakulteti.mk/news/15-08-11/retrospektiva_od_minatogodishnite_upisi.aspx Овде можеш да видиш лани отприлика со колку поени примале
Кој ве излажал? Секако дека на смерот за книжевност имаш две насоки, превод или професор, но мораш да избереш една од нив и на крај пак излегуваш професор ИЛИ преведувач. Гениј ќе беа сите ако беше толку лесно со 4 години да бидат две во едно.
Секако дека не ги добиваш двете во едно, не ни напишав дека се добиваат двете во едно може според некој погрешно сум се изразила, ако сакаш да ги добиеш и двете ќе мора да ги дополагаш тие неколку испити, ама во суштина доколку ги дополагаш можеш да бидеш додека пак со ПиТ во никој случај не можеш да бидеш
Добро сепак, која е целта некој што дипломирал преведувач да биде професор, ако имал толку желба за тоа можел од старт да си избере професор и толку, затоа и донекаде сфаќам зошто нема можност да се полагаат тие испити. Не гледам зошто некој би жалел доколку нема можност да биде и двете, освен ако некој професијата првично ја гледа од материјална корист, што денес е премногу застапено.
Добро според мене убаво е да се имаат и двете затоа што не знаеш која можност ќе ти се отвори прва, ама секој со своите желби нели.
Исто така можете да си запишете и преведување и толкување (за тие што не им се учи многу е полесно) и откако ќе си ја добиете дипломата да си положите плус 5-6 предмети на филозофски или педагошки за да си имате диплома и за професор. Секако, ако сакате да се стекнете со вистинско знаење помеѓу тие две катедри каде каде е подобра книжевност.
Не можеш така да кажеш која е подобра и со која се стекнува вистинско знаење, бидејќи и на ПиТ има солидни професори, и кој што знае како да учи и САКА да научи, ќе се здобие со квалитетно образование па на која било катедра да е. Значи тука зависи од личноста, не можеме да мериме квалитет на катедри на таков начин. И уште нешто. Некој може да дипломира на книжевност и пак да не научи колку што треба, а некој може да дипломира за преведувач и да има поголемо знаење и стручност. Видиш тука се' е релативно.
Нема потешка, полесна. Ако учиш, што и да е ќе научиш(секако доколку тоа е според твоја желба). Така што, види што тебе повеќе те привлекува и што ти навистина сакаш да учиш, без да влијаат на тебе зборови кои се сведени на туѓи убедувања и мислења.
Ќе ве молам да ми дадете пример како треба да изгледа уплатницата каде што треба да уплатам 300 денари. А како треба да изгледа онаа на која треба да уплатам 50 денари за административна такса.
http://www.flf.ukim.edu.mk/tabid/719/Default.aspx Еве Уплатница http://www.flf.ukim.edu.mk/таксена/tabid/845/Default.aspx Еве за админинстративна такса
Само уше нешти извини на досада За уплатницата треба тие истите бројки бројки шо се напишани( само името и презимето и матичниот број) а за административната истото само на местото на ххх треба бројчето на градот и дали уплатниците можат да се земат од поштата во нашиот град иако не живеам во скопје? Фала