Дечки успеав да се логирам конечно но сега немам опција да го пријавам семестарот и да одберам изборни предмети што е проблемот?
Трите задолжителни предмети за ПИТ англиски се: македонски јазик, англиски јазик и француски или германски, во зависност за кој од овие два ќе се одлучите вие.
Претпоставувам има трет уписен рок и сеуште е рано за да бирате предмети, веројатно нема објавено точна дата за пријавување на предмети. Вие почнувате од 15ти така да од утре би требало да има некое соопштение.
Јас сум грешка дури сега гледам дека грешка листа на предмети сум најдила за прв и втор семестар -.-.. ох добро значи Англиски,Македонски и Изборен јазик (Германски/Француски) учиме, а за изборните од кои може да се избере бидејќи гледам имам големи листи на изборни. Мхм. Фала на информацијата.
Листата предмети ти што си ја нашла е за катедра англиски јазик и книжевност, а твојата катедра е превод и толкување, со сосема различни предмети. Еве ја најдов програмата за катедрата ПИТ http://www.flf.ukim.edu.mk/LinkClick.aspx?fileticket=GCkeMzGg400=&tabid=97&mid=1729 Тука можеш да ги видиш задолжителните и изборните предмети за сите осум семестри.
^^ На истиот линк ја има и програмата од ПИТ и е сосем различна од оваа . Затоа се збунив . А изборен може да си одберам Шпански јазик иако не е наменет за мојата катедра?
Еве направив screenshot на една страна од линкот што ти го испратив пред малку. На сликава се дадени задолжителните и изборните предмети за првите три семестри. Можеш да забележиш дека во прв (задолжителен) модул, постојано се истите предмети: македонски, странски јазик Б и странски јазик В, а во втор (изборен) модул ти е објаснето како можеш да избираш помеѓу другите предмети. Пример, во прв семестар од изборниот модул мораш да слушаш еден изборен предмет од листа 2, а кај другите два предмета пишува ПРЕДМЕТ ОД УКИМ ( не знам што точно значи ова, но според мое лично размислување, може да биде кој било предмет што го нуди Универзитетот, нека помогне некој од повисоките години ако може тука, да ти дообјасни ) Друг пример гледајќи ја сликава, за трет семестар од изборниот модул - слушаш еден предмет кој ти е задолжителен за насоката, вториот предмет го избираш од листа 1, а третиот ти е или од листа 1 или од листа 2. За да видиш кои предмети се нудат во гореспоменативе листи 1 и 2 и дали меѓу нив спаѓа и шпански јазик, разгледај го линкот.
Се надевам дека ќе се снајдеш, иако програмата што ти ја пратив е прилично обемна. П.С. Листите 1 и 2 се кон крајот на документот.
Се снајдив, и Шпански јазик припаѓа на втора листа највероватно можам да го изберам, а оваа изборен од УКИМ како што викаш највероватно би требало било кој да можам да изберам. Уште еднаш фала ти.
Нема проблем, а веројатно при бирање на изборните предмети ќе бидат од помош и вработените на катедрата. Еdit: Сега и јас ги видов листите изборни предмети, малку ми е на мисла тоа што кај шпански, португалски,турски, корејски јазик итн. стојат празни полињата за предавања и вежби. Не знам, можеби тоа значи дека иако се во листа 2, не можат да се слушаат како изборни предмети? Мој совет, од 15ти натаму да зборуваш со луѓето на студентски прашања, се надевам тие најдобро ќе ти објаснат.
Оф , сега и јас го приметив тоа другите изборни не ги разгледав и не видов дека пишувало за предавања и вежби ама највероватно нели пшува за др. два изборни од УКИМ би можело којбило предмет стварно незнам.. Секој различно кажува и незнам на кој да му верувам попрво. Сега да на факултетот најточно ќе ми кажат али слушнав нешто дека овие денови требе да се запишат и изборните електронски затоа барам што и како е , сега и оваа колку е точно незнам.
Ме интересира дали оние студенти што имаат одберено македонска книжевност, на крај може да полагаат лекторски испит или тоа сепак го можат само тие што се на македонски јазик?
Дечки може ли некој да ми каже кои се три задолжителни предмети на Француски јазик и книжевност и да ми каже каде можам да ги видам изборните предмети?
sovremen francuski,gramatika i nesho tretiot im beshe francuska knizevnost,izbornite mozesh da gi vidish na iknow sistemot
Здраво девојки ,со среќа нека ви е на тие што се запишавте на ФЛФ,а тие шо им останало нешто како на мене да си завршиме побрзо .За изборни јас како бруцош идев на јазици,можеш да одбереш португалски јазик или пак руски (за шпански мислам дека веќе нема,може и грешам),после вовед во лингвистика кај професорот Пандев,агиологија 1 кај проф.Добрила Миловска има и агилогија 2 за втор семестар да се земе. После од трета година ќе има задолжителни изборни предмети кои ќе мора да се земат,нема да мораш да се секираш.