http://www.flf.ukim.edu.mk/LinkClick.aspx?fileticket=7mv7SX65i1E=&tabid=97&mid=1729 Овде ли можат да се видат изборните?
Дечки сигурно сега треба да го пријавиме семестаров и да избереме изборни предемети? Кога ќе се логирам на iKnow и ќе отидам во запишани семестри немам опција да изберам ништо
Дечки што се случува кога ќе се логирам на iKnow и ќе отидам во Запишани семестри не ми дава опција да изберам Изборни предмети?
Луѓе, има од филолошки уште некој што сѐ уште нема добиено мејл? На англиски и книжевност сум иначе, завчера се јавив на факс и ми рекоа по празникот ќе пратат, еве по цел ден проверувам мејл... И прочитав во темата за матура дека тоа од 3-10 септември не важи за бруцошите, е сеа има ли некое ограничување околу пријавувањето семестар за нас?
Ни мене, ни на другарка ми, ни нема стигнато мејл. Се прашувам да не го погрешиле мејлот, што знам. Ќе почекам уште малку и ако нема абер, или ќе се јавам или ќе отидам до студентски прашања да видам што е работата.
Почитувани студенти бруцоши, Со особено задоволство ве известуваме дека првиот академски час ќе се одржи на 15 септември 2015 година (вторник) во 10:00 часот во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Ве покануваме сите да присуствувате на овој свечен час и заедно да го одбележиме почетокот на новата академска година.
Јас сум на македонска книжевност, мејлот ми стигнал на 2ри септември. Не грижи се, претпоставувам кај и да е ќе добиеш.
Дали има некој точни информации кога се обично запишуваме на студентски прашања? Знам дека е крајот на септември, ама не се сеќавам лани на која дата.
Дечки кој предмет го препорачувате од факултетов да го земам за изборен за 1ва година? На германски јазик и книжевност сум. И се уште немам добиено еmail па пробав да се најавам на Iknow системот и пишува Емаил адресата не постои во системот. Сигурно ли треба електронски да се изберат предметиве и да пријавам семестар ...
Да, да електронски е избирањето предмети и пријавување семестар .(доколку претходно си го упишала семестарот на студентски )
Би требало деновиве да објават на страната. За бруцошите-не паничете, од 15 натака ќе ве упатат на факс околу избирањето на предмети.
Земи предмет кај професорот Пандев (со малку турд до 10ка) исто и кај деканката Славица Велева Инаку да електронски мораш да ги избериш и пријавиш семестар
Да прашам,каде точно треба да ги земаме индексите? Пишуваше нешто во амфитеатар,но не знам точно каде се наоѓа бидејќи не сум од Скопје,ако знае некој да ми каже .
Значи во факултетот има повеќе амфитеатри од кои најголем е на филозофски. Јас кога бев бруцош пред 3 години првиот академски час го одржавме таму. Влеваш во факултетот од главната врата се качуваш по скалите од левата страна, и горе повторно лево одиш до крајот во левиот агол се наоѓа амфитеатариот
Има информација кога бруцошите започнуваат со предавања? Едни викаат одма после 15ти, некои пак дека се почнува од 1ви октомври.