Се плаќа ли за молба или за земање документи (оригинал уплатници, дека е платен семестар)? Претходно кога барав потврда ми побараа уплатница од 100 ден., затоа прашувам.
Италијанската катедра се прилично фини професори, 90% зависи од тебе колку ќе вложиш и колку ќе учиш. Наставата на македонски јазик ќе ви биде само прва година, а потоа сите останати три на италијански јазик. Италијанска книжевност во прва и втора ќе ви предава Анастасија Ѓурчинова - оваа професорка има тежок нарав, сака се да е префектно, преовеличува ама затоа барем јас тогаш кога одговарав, одговарав со затворена книга. Се учи за цела италијанска книжевност ( песни,раскази и остало ) се мора да се знае. Граматика ќе ви предаваат во прва и Александра Саржоска и Руска Иванова Наскова, мислам дека овие две се до крај на студирањето. Саржоска убаво предава ама кај неа повеќе има филозофија отколку објаснување, нема лоша душа, бара активност и редовност. Руска мене ми беше една од омилените професорки, многу е мила, спремна да помогне, во секој чекор достапна за секој студент. Предава убаво, со разбирање неколку пати ќе ви објасни ако треба бидејќи италијанскиот јазик е претежно тежок јазик кој се состои од комплицирана граматика. Тоа е она што сите ги кочи, од вкупно 65 души останавме само 20. Веќе не беше ни пола семестар се откажавме потполно. Навистина е тешко, ако си волјна и лесно владееш со јазиците запиши се, ако си почетник и незнаеш подобро немој. Исто така имав и предмет на кој ни предаваше професорка од Италија, така ги носеа тука ни предаваше до втора година после си замина. Има доста професорки Лучиана Гвидо исто така е многу фина професорка. Сега можеби има нови професори. Инаку тогаш кога се запишав јас ни рекоа дека речници биле задолжителни, па за набавка на речниците ни требаа околу 50 евра. Навистина огромни речници кои ќе ти бидат потребни во текот на предавањето.
Фала ти, инаку одам на курс веќе година дена Проџето првата ја завршив, сега ја почнав втората запознаена сум доста со јазикот.А право,економија уопште не ме влечат, математики физики па бетер, затоа си ја гледам иднината со јазици.
Да не знае некој што ќе стане со колоквиумот по етика бидејќи професорот не ни дозволи нам од Филолошки да полагаме? Се дојде до некаков договор? :/
Јас сум прва година од Филолошки полагавме како тоа не ви дозволил? Колку што знам јас ,требаше на 4 да се полага но ни даде една недела пред да не извести,но беше многу лесно најверојатно знаеш како поминале тие што полагале ..
Се е точно.Анастасија Ѓурчинова е многу арогантна.Навистина има тежок карактер и многу треба да се внимава со неа.Сите од катедрата ни дадоа колоквиуми само она не.Така да ќе видиме што ќе направиме, ама изгледа ништо .
Има ли некој од катедрата по италијански јазик, кој би бил љубезен да ми помогне околу некои дилеми ? Се работи за некои основни работи, се обидувам да го научам јазикот, би ви одземала 5 мин