Феминки кој предмет го предава Венко Андоновски, и дали може да дојдам на негово предавање иако не сум на Филолошки? И каде имате распоред на предавања??
Семиотика на македонскиот роман е предвиден за овој сместар, а во зимски го држи Дискурски на моќта. Распоредот е истакнат кај библиотеката за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Семиотика на македонскиот роман, Нова Хрватска книжевност и Македонска култура и цивилизација, но за последниот не знам дали Венко го предава оваа година. Можеш да избереш предмет од Филолошки како слободен изборен предмет од цел Универзитет ако си прва година, но можеш и да доаѓаш на предавања иако го немаш запишано предметот, кај Венко секогаш има студенти што доаѓаат да го слушаат без разлика од која катедра се и дали ги запишале преметите
Планирам после средно, да продолжам со превод и толкување англиски јазик...совети, искуства и сл.? Се е добредојдено
Дали има некој што е на превод и толкување, јазик B-германски, да ми кажи дали е тешко германскиот ако немаш многу познавање или се учи од нула?
Дали досега пишувал некој рачно изработена семинарска не на компјутер? Појма немам како да направам, ве молам за помош!
Годинава се запишувам на германски јазик и книжевност. Ме интересира колку предмети се изучуваат по семестар, дали се 6, односно 3 задолжителни и 3 изборни? Кои се задолжителни во прв семестар и што би ми препорачале за изборни?
Дали знаете која е постапката за испишување од овој факултет? Што се треба да направам? Ако имате некое искуство ве молам пишете ми, многу ми е итно.
Еве какво мислење има една од попознатите професорки на овој факултет за нас студентите: http://www.twitlonger.com/show/n_1sq3t58 За неа ние студентите сме глупави девојчиња, некои од нас се напразно потрошена биолошка материја. Не подобро мислење има за своите колешки. А најдобро мислење има за себе сепак таа повеќе заработува од повеќето....Разочарувачки.... „Имав супер група. Еден од студентите, Илија, беше манекен - работеше за најдобрата модна агенција кај нас, и беше одличен во анализите. Секогаш знаеше да ги примени сувите теории врз примери од светот на модата, ги препознаваше постмодернистичките техники во најновите модни каталози од Гучи и Версаче или во рекламите за Т-мобиле. Но, Иван кому сакав да се јавам, за да го откажам часот, беше многу поподготвен. Неговите анализи беа восхитувачки. Иван изгледаше како бирократ бирократски, грд, неугледен, очичен и генерално изгледаше постаро од повеќето асистенти, дури и од дел од нас професорите. (И, да, нивните имиња беа комплетно обратни: достоинственото Иван му се беше паднало на човекот кој изгледаше како совет советски, а селското Илија требаше да го носи овој супер модерен и згоден тип, кој секогаш изгледаше како да се симнал од насловната страница на Вог)....“
Ако може некоја да ми објасни, на која катедра треба да се запишам за да бидам професор по македонски јазик и литература? Дали и двете катедри, Македонски јазик и јужнословенски јазици и Македонска книжевност и јужнословенска книжевност нудат можност за професор и која е разликата? Ако одберам македонски јазик, таму се става акцент на јазикот, но се изучува и книжевност, така? Фала однапред.
Доколку сакаш да бидеш професор по македонска книжевност, за да можеш да предаваш во училиште ќе ти треба македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а доколку сакаш да бидеш лектор по македонски јазик ќе треба да запишеш македонски јазик и јужнословенски јазици.
Но, тоа зависи од модулот што се бира во втора година, така? Доколку на катедрата за македонски јазик како втор модул одберам наставна насока, сепак можам да бидам професор?