Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет "Блаже Конески"

Дискусија во 'Образование' започната од viki85, 21 ноември 2010.

  1. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Дали некој знае да ми каже дали со диплома од ПиТ англиски и германски може потоа да се предаваат јазиците? Дали треба да се дополага нешто и ако да тогаш што?
    Многу би ви била благодарна ако пишете, итно е :)
     
  2. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Да ми даваат незнам ти колку 1000 евра НИКОГАШ не би се запишала на Филолошки НИКОГАШ А МОЖИ И ТОГАШ НЕМА.Значи толку неорганизиран факултет не сум видела.Еве прикрај сум со факултетот на македонски јазик сум, и 4 години гледам што се случува на факултет, неодговорни професори то чудо невидено значи.Со исклучок на некој професори.Значи тие што ги мислев дека се Бог да чува и да брани од нив на крај испаднаа ПРОФЕСОРИ НА МЕСТО, а тие што ги "фаворизирав" испаднаа НИКАКВИ.А исто и тие во студентски службата БЛАГЕ ВЕЗЕ немаат од ништо, ти даваат лажни информации, едни ти викаат вака, колегите ти кажуваат друго, професорите да ги бркаш во бифе или по кафичи.Секоја година нови правила и прописи.Не ти даваат простор да се навикнеш на веќе тоа новото, и ОП ајде нешто ново лупнале.Плаќање на таксена марка во банка ??? Мислам WTF ?! Ајде тоа ОК, не е до Факултетот тоа е од Министерство за образование.Професорите ги нема нигде кога најмногу ти требаат, или се на службен пат или Бог знае кај се.Ти гинат пријави што е мошне интересно тоа, а ти оди плаќај за пријави по незнам ти кој пат.На консултации одиш ги нема за жива глава, одиш резултати чекаш едно 2-3 саати сигурно СКАПУВАШ во ходниците најомилени што во лето е пекол жешко во зима е кочан, метро на метро.Полагаш два испити а може и три зависи како се расположени во ДЕН, како јас на пример во прва кога полагав 3 испити во еден ден.ИНТЕРЕСНО МНОГУ али успеав да ги положам фала му на Бога.Ги чекаш за да полагаш едно пола сат или сат време, во последен момент принтаат тестови или снемува секогаш зошто се "многу" oрганизирани.....Аууу има многу да се пишува едно ден-два, али ако сте се запишале на Филолошки на МАКЕДОНСКИ блазе вас и сами ќе се уверите во ова што го пишав, само издржливост до крај.
     
  3. foxlife

    foxlife Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам да знам дали предавањата се одсабајле, а вежбите од поручек ?
     
  4. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Девојки прашувам за совет каде е подобро да се запишеш на ПИТ или книжевност?? (за прв француски, втор англиски и трет зависи(италијански или шпански или ниеден :lol: ако воопшто може таква комбинација :^) )..или франуски и книжевност само пошто не може др јазик да се бира)) :) :$
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    До скоро време не можеше да се земе англиски како втор ( мислам дека уште е така ), на самата катедра за англиски јазик има многу студенти и сите сакаат англиски, па затоа така направија. Место англиски може да се земат амерички студии, нешто како амерички јазик, ама дали е под Б или Ц не знам.
    Вториот и третиот јазик обично се почетни, значи си почнуваш од почеток да учиш, освен германски, тој е продолжителен, мора да имаш некое предзнаење и тоа солидно.
    Е сега, ако се запишеш на ПИТ ќе бидеш преведувач ама за судски печат секако се дополага, и на наставна ако се запишеш а сакаш да земеш судски печат треба да си дополагаш.
    Ако се запишеш на ПИТ може да си земеш доквалификација за наставник, на педагошки се дополага методика, педагогија и психологија .
    На ПИТ има повеќе практична настава, преводи и слично, на наставна има малку повеќе граматика и теорија, во глогала ПИТ се смета за полесно затоа што немаш многу бубање ама па затоа си по цел ден на факултет, а од друга страна наставна не е којзнае колку потешка, само зависи што ќе си одбереш, нијанси се во прашање и зависи што повеќе ти лежи. Исто така зависи и од катедрата и професорите.
    Мислам дека нема да можеш да земеш 3 јазици, многу тешко ќе ти дојде, ќе ти се поклопуваат предавања и испити. И со А и Б ЈАЗИК е тешко не па и Ц да земеш. Може да си искомбинираш А и Ц , разликата е во бројот на испити и ако е Ц нема да ти го пишува во диплома само ќе ти ги пишува испитите , а ако имаш Б јазик во диплома ќе ти пишува Дипломиран преведувач/наставник по А јазик со Б јазик.
    Уф мислам дека објаснив малку :)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Иренче, се мачеше ти и навистина опширно и објасни, ама со воведување на новиве модуларни студии не може да се земе јазик под Б.
    Уствари ми се чини дека може, ама како уште еден модул да запишуваш (не знам како е точно ова, не бев заинтересирана, координаторката минатата година им објаснуваше на заинтересираните студенти) и треба да си извадиш уште еден индекс, да плаќаш уште една партиципација.... фактички како втор факултет паралелно да студираш.
    Катастрофа |(
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Аууу, многу работи се смениле. Па џабе ја намалиле партиципацијата ако треба да доплаќаш за втор јазик.
    Тогаш подобро да не ги збунувам девојкиве, застарени ми се информацииве :roll: :)
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Само да ве поправам. :D

    До пред една недела, сите, вклучително и јас, мислев дека ПИТ е полесно. Како демек, помалку граматика, повеќе се гледа на практичен дел. Нема литература, нема поезија, драма... А, бе, најлесен факултет. :D Но, всушност, ПИТ е потешко.

    Зошто ?!

    Затоа што на книжевност, почнуваат буквално од нула. Зироу. Учат азбука, најосновни работи. Читаат некои поезии стари, не викам не, тоа не е така едноставно. Чисто за споредба, денес, еве, прв час на САЈ на ПИТ, ни ја даваат Големиот Гетсби. Да, ја имам читано порано и точно, книгата е интересна, ама воопшто не е до толку интересна да треба јас да ја анализирам, до некои ситници и скриени метафори. Ви се верува дека Чаптер 1 го работам од 20ч до сега ?? Настрана непознати зборови, тоа и не е толку комплицирано. Метафорите ме убија во поим. Мозокот ми размислува уште на инглишки.

    Поентата ми е, дека, штом се запишуваш на ПИТ, очекувано е дека веќе добро го владееш БАРЕМ едниот јазик. Прогледуваат низ прсти за вториот, но не треба ни тоа да биде така, само ајде. Ние продолжуваме на Адвенсд ниво, само две години ги учиме јазиците. Во трета и четврта, веќе работиме практични работи.

    Не дека некој го интересираше нешто за џунглава, него чисто информативно, да си го одбранам смерот. :rofl: Ако учиш, кај и да учиш, ќе поминеш добро. ;)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Само да се надоврзам на преубавиов опис со кој се сложувам и тоа потполно :) Колку и да се прогледува низ прсти за вториот јазик на ПиТ секако се работи со два јазика активно од понапредно ниво. Кој го поминал тоа знае како е постојано да мораш да слушаш, читаш и да се надоградуваш на два сосема различни јазика. Прва година на ПиТ се учи адвансд а втора година е више профишнси и плус во трета година се почнува веќе со преведување и толкување и тоа на стручни теми, за што нормално се очекува да ги имаш двата јазика ако не во малиот прст барем на дланка.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Дечки знае ли некој почнати ли се предавањата за прва година на македонска катедра за вештини на правилно пишување и кога се? Патем има некој што има учено поетика на митот и имагинарното,што предмет е тоа?
     
  11. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Дечки знае ли некој почнати ли се предавањата за прва година на македонска катедра за вештини на правилно пишување и кога се? Патем има некој што има учено поетика на митот и имагинарното,што предмет е тоа?
     
  12. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Девојки го поставив милењево и во ФИлолошки факултет англиска катедра, ама некако нема одзив, ај ако некој залута тука да ми одговори, за да знам дали да го менувам изборниот ако е незгодна или не... Дали ја познавате Билјана Наумовска, сега ќе ни предава англиски 1 на економски, па чисто да ми кажете како е што е до минатата година Беше Мери ама што среќа ќе имав сега да се смени за мене... Ај ве молам,кажете збор два, и се надевам ќе речете дека е мн добра и подобра од мери(мада не верувам) Фала однапред :D
     
  13. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Да прашам дали факултетов дава некакви стипендии за студирање во странство на пр за време од еден семестар, една година или сл.???
     
  14. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    20
    Ако изучуваш странски јазици (англиски,француски,германски,или пак македонски јазик под а,странски јазик под б,кој ќе го учиш 2-3 години),има стипендија,не знам кои се условите,но сигурна сум дека има стипендии.
    Но ако изучуваш само македонски јазик и ниеден друг јазик освен тој (значи ако имаш мак.јазик под а, книжевност под б) тогаш стипендија за студирање во странство нема.
     
    На AngelAny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Пак јас :$ со прашање..Студира ли некој на француски јазик и книжевност? Може ли да ми ги каже предметите од прва година :$ ? Ако може и кои книги се обработуваат? фала однапред :)
     
  16. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Мојов одговор малку е задоцнет, извини, но сега ја отворив темава и видов. Ако е таа Билјана Наумоска што предава англиски и на филолошки, тогаш е предобра. Многу е фина, не замара со непотребни работи, има разбирање за се, ако не ти е јасно нешто го објаснува без проблеми, за неа имам само најдобри зборови.
     
  17. alternative

    alternative Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Зар нема никакви шанси на ПиТ да се земе за втор јазик, некој кој не сум го учела во средно? Бидејќи има такви случаеви колку што знам...
    :?:
     
  18. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Феминки, дали ви се отвора веб страната на факултетов :^) ? Мене не ми ја отвора, а потребна ми е за да симнам некои учебници :doh:
     
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    Мене ми се отвара. Кажи што ти треба ;)
     
  20. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    хелоу :) сакам да ве прашам нешто... кој семестар ви е сега запишан (бруцоши)? на профилот на страната од факултетот ми пишува дека имам запишано зимски семестар а дека треба да имам запишано летен. бев денес во студентски, им ја објаснив ситуацијата, и искрено, се покајав што отидов -.- па бог да чува! ми се издери едно убаво и после ме испрати со иронична насмевка, уф!
    може за помош?
    фала :)