Сакам да ве прашам нешто.. Ако изберсм Англиски јазик , превод и толкување.. Кои деуги јазици можам потоа да ги бирам ? и каква професија всушност се има со ваква диплома?
Луѓе, зошто веќе една недела не ме најавува на iKnow системот???? Значи сигурна сум дека ми е таа лозинката, никако не сака да ме најави, а многу ми е итно! Се има некој најавувано деновиве?
Па ваљда Амфитеатар 3 е исто што и А3.. а тоа е горе десно во ќошот, на прв кат. Значи се качуваш по скалите од десна страна, го поминуваш деканатот од Филозофски и таму си - скриен е малце ама ќе го најдеш.
Ве молам да ми објасни некој како оди со презапишувањето на предмети? Сега треба да бидам втора година,односно да запишам трет семестар.Имам 2 неположени предмети од прв семестар и 2 од втор.Е сега како ќе биде,што ќе биде,ќе треба некои изборни или задолжителни предмети од трет да не ги слушам или како?
Zdravo, sakam da prasham neshto vo vrska so filoloshkiot fakultet Blaze Koneski. Bidejki sum sega primena i treba da pochne prv semstar, gi barav koi se tochnite predmeti od sekoj semestar, zaedno so izbornite i ne uspeav tochnata lista da ja pronajdam. Pa dali moze nekoj da mi kaze shto ima pominato prva godina od prv i vtor semestar koi se zadolzitelnite predmeti zaedno so izbornite?
И јас сум прва, ама еве може ќе можам да ти помогнам Еве ги студиските програми http://www.flf.ukim.edu.mk/студии/НаставниплановиCurriculum/tabid/97/Default.aspx Во секоја програма стојат задолжителните предмети за секој семестар (3), а дури понатаму се бираат и изборните (3, значи 6 вкупно).
Кога се бираат изборните предмети за прв семестар и ќе може ли некоја што учи на Катедрата за македонски јазик да ми каже кои предмети да ги изберам, некои полесни?
Добар ден на сите, дали знае некој кој изборен предмет можам да го изберам и да не присуствувам на часевите? Само да одам на полагање/да правам семинарска/проекти. Знам дека одбираат некои од филозофски факултет на кои не мора да посетуваш настава.
Здраво феминки, брцуш сум на пит англиски со француски на 15ти треба да ги пријавам предметите а врска немам кај да ги најдам, ги потражив на страната ама ги нема, дали некој ќе може да ги пише или да посочи кај да ги најдам?
Од кога почнуваме прва година? Ми кажаа од 15-ти, ама пишале соопштение од 18-ти. Знае некој за сигурно?
Сепак на 18ти е, така е објавено на страната. И јас бев збунета, изгледа во последен момент го сменија.
Првиот час (за бруцоши) ќе се одржи на 18ти во големиот амфитеатар, може некој да каже каде одприлика се наоѓа амфитеатарот?
Мене ми рекоа А3, ако е истиот, тогаш е од десна страна по скалите, после деканатот од Филозофски. Малку е збутан, ама ќе го најдеш.
Дали ако во трет семестар изберам преведувачка насока потоа на крајот од студиите имам можност да ги положам тие неколку испити за професор?
Доколку знае некоја нека ми објасни, затоа што гледам дека на филолошки е доста неорганизирано. Прва година сум на македонски јазик и треба да изберам изборни предмети. Нам ни дадоа изборни од катедрата, но не ни кажаа дека можело и други предмети освен нив. Гледам дека од третиот семестар има понудени три изборни, а ние си одбираме два, но за првиот и вториот семестар не можам да најдам изборни предмети. Дали тој еден предмет што ќе ми остане неизбран од третиот семестар (се до осмиот) може да го земам сега во прва година? Нема кој да ми објасни убаво, ќе може ли да ми кажете кои предмети можам да ги одберам?