Ако знае некој да ми помогне... Студирам германски јазик и книжевност прва година и сега треба да одбереме изборни.. Како еден изборен ни се смета и современ македонски и сега дали можам да одберам Општа лингвистика и Книжевност за деца пошто и тие се во склоп на македонскиот? Не знам дали се воопшто и активни тие предмети..Ако знае некој кажувајте
Драги Михајловски е најдоброто нешто што и се има случено на Македонија. Инспиративен, трпелив, ведар, генијален професор. И пред се човек. Овој човек треба да биде славен не само тука, туку и пошироко. Не посрои студент што има да каже нешто лошо за него. Апсолутна инспирација.
дали има врска кој предмет ќе го одберам за проектна?дали мора да е македонски?или може да се одбере некој стручен или општ предмет
Сите поминуваат кај Пандев. Ако си ги знаат одговорите на прашањата. Но, може да изненади со некое прашање неповрзано со материјалот и да те врати. Затоа треба да се слуша што зборува на предавањa, пошо тие рандом глупости што ги кажува, од типот зошто некои флаши од пиво се зелени, а некои кафеави, знае да ги праша.
ЈАС ДИПЛОМИРАВ ВО 2015 И ИМАМ ДИПЛОМА: ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ СО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ. ВЕ ЛАЖАТ ДЕКА НЕМА ЈАЗИК ПОД Б
Добрила е срце не се плаши,јас кога дипломирав таа ми беше ментор. Злато жена е,се што те интересира прашај си,се ќе ти каже. Таа речиси не бута студенти,опуштено научи го само главното и најважното.
Оффф, не си дипломирала а и не си се запишала многу одамна (под претпоставка околу 2011?), ама ете доста се сменило од тогаш Јас во 2015 почнав и прво прашав за ова во факултетот пред да се запишувам, баш би сакала најмногу таква комбинација ко ти што си завршила. Не знам од која година е укинато ама за жал нема јазик под Б/втор модул... Само на ПиТ не само што може, туку и обавезно се бира англиски со германски или француски на пример, значи да се два јазика (и тоа и од вториот мора да имаш познавање). Иначе на катедра за јазик и книжевност ако сакаш друг јазик да учиш, единствено како јазик под Ц можеш да го земеш (ако е активен) т.е. како изборен за два или максимум четири семестри, зависи кој јазик. И со тоа не си квалификуван за тој јазик, не ти влегува во дипломата. :/
Потребна ми е книга по словенечки јазик, ја имало на филолошкиот оние што студираат македонски, но не познавам никој таков. Може да се најде од друго место?
Некој што имал изборен предмет Вештини на правилно пишување кај проф.Велева и дали предметот е изборен во зимски или летен семестар?
Здраво, Дали некој има за продавање Италијанско-македонски и Македонско-италијански речник од Наум Китановски? Благодарам.