Здраво. Сакам да прашам за Катедрата по македонски јазик. Во втора година нели треба да одбереме модул и во зависност од него следуваат предметите коишто ќе ги учиме - еден задолжителен од насоката, и изборни. Прашањето ми е следново: Дали како изборни предмети мора да ги земеме оние кои се наоѓаат во програмата (конкретно за наставна насока - Народна, Средновековна и Светска книжевност) или може предмети од други катедри, и дали мора да бидат 3 изборни (3 задолжителни, 1 од насоката и 3 изборни = 7 предмети)? И, да, може ли мислење за горенаведениве предмети и професорите кои ги предаваат? Ви благодарам.
Здраво. Треба да запишам трета година, но, паѓам во приватна квота па ме интересира дали некој е запознаен со следново... Брат ми кога беше во приватна квота плаќаше исто како во државна бидејќи сме деца на самохран родител. Дали ова се уште постои и ако да, како може да се изведе? Благодарам однапред.
Јас сум заинтересирана да го одберам смерот превод и толкување на англиски јазик. Доколку дипломирам какви се можностите да се вработам? Исто така кога се пријавував електронски на овој факултет зошто немаше опција за преведување и толкување на англиски јазик? Само имаше англиски јазик и книжевност да одбереш.
Затоа што годинава има приемен испит на катедрата за превод и толкување. http://flf.ukim.edu.mk/потребни-документи-за-пријавување-на/
Здраво.Јас сум од економски факултет па да прашам ако некој може да ми даде препорака за лесен изборен? Фала однапред
Девојки какво мислење имате за вонредно студирање? Мајка ми не може повеќе да ми биде финансиска поддршка, па, ќе морам да почнам да работам за да го завршам факултетов. На англиска катедра сум и ме интересира дали можат 3та и 4та да се завршат без присуствување на предавања или тешко е (мислам на совладување на материјалот)? Каков став имаат професорите кон вонредните студенти и нивното оценување (знам дека не се дозволени колоквиуми)? Дали може да се заврши во рок, со работа во една смена од 3 до 11, со слободен викенд. Мислам дека е изводливо, но, би сакала некој со искуство да ме посоветува. И уште едно прашање... Дали можам да се префрлам од редовен студент во вонреден во летен семестар или мора да е на почеток на учебна година? Благорарам однапред.
@buba4e89 Гледам дека имаш пишувано тука за некои предмети; јас не знам кој предмет да го одберам, па би ти била благодарна доколку можеш да ми помогнеш, поточно да ми кажеш мислење за предметите и професорите: Светска (кај Искра), Средновековна (кај Добрила) и Народна книжевност (кај Нина).
Искра ми нема предавано затоа не можам да ти помогнам. За кај Добрила кој предмет да го одбереш нема да згрешиш,професорката е срце ќе ти помогне во се. Не бара многу труд ама сака да покажеш заинтересираност за предметот. Предметите кај Нина многу ми се допаѓаа и часовите беа интересни. Професорката е фина,си бара труд и посветеност. Предметот е малку тежок но ако немаш проблем со тешкотија ќе го совладаш.Си бара Нина редовност и учевствување на дискуции на предавањата,пишување домашни задачи. Ова беше вака до пред 2 години сега можеби е сменето. Ако имаш можност искористи ги сите предмети кај Добрила со неа нема да имаш проблем. Едит: Искра да не беше ќерка и на Виолета Пирузе ( имам заборавено како се викаше таа), мене светска книжевност ми предаваше Пирузе ама ретко одев на часови зошто буквално се заспиваше на нив. Башка опасна жена е, ако те фати на препишување ќе те има на пик и нема да те пушти наредно полагање. На тестовите бара сешто и бара многи читање книги и секој дел да го запомниш зашто тоа се паѓа на испит. Дава по 10 прашања некогаш и по 2 и прима само повеќе од 2 страници испишани.
Да, ќерка и е. Знам дека Виолета била многу строга, само не знаев за ќерка ѝ, но штом предметот е тежок, сигурно и таа ќе бара премногу. Сепак, фала ти.
Девојки, од економски сум и земав германски 1. Каде да видам кога ми се предавањата и во кои простории?
da, no pisuva samo filoloski fakultet.. nema staveno vreme i prostorija.. treba na fakultetot da odam?
Здраво девојки, запишана сум прва година на ПИТ и не ми е јасно запишувањето на предметите преку IKnow системот. Ќе може ли некој да ми помогне? Може и во порака да ми напише
Девојки, мене не ми се отвара распоредот. Има ли некоја тука со истиов проблем или јас сум единствена?