1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет "Блаже Конески"

Дискусија во 'Образование' започната од viki85, 21 ноември 2010.

  1. Hulya1901

    Hulya1901 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, мене ми треба дипломата од средно дали некој знае што треба, како треба да поднесам? Вртам цело време на фак не можам да ги добијам
     
  2. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Дипломите од средно ги враќаат после неколку месеци од уписот. На секој факултет е така.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    ^ Мислам дека документите од средно се чуваат во досието на секој студент и ако ти се потребни се земаат на реверс :) од студентски прашања. Кога ќе дипломираш, комплет досие добиваш, со пријави, документи, комплет. Вака паметам дека беше на времето. Може грешам.
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не се лути, ама стварно е штета во ера на дигитализација да не си информирана за "вредноста" на она што сакаш можеби да го учиш, а и да го работиш. Најдобронамерно ти го кажувам ова, без иронија. Погледни ги огласите за јазичарите и ќе видиш дека сигурно 70-80% се за познавачите на германскиот јазик. Германскиот е моментално доста популарен, не знаеме што ќе се случува за 5-10-15 години, но факт е дека невработени германисти не познавам. Или уште подобро, не познавам луѓе кои го знаат јазикот, а се невработени. Што ќе работиш, зависи од тебе и од твоите интересни. Активни и доста актуелни се неколку компании за корисничка поддршка за германски пазар. Замисли вака, сѐ она што можеш да го работиш на македонски јазик, можеш и на германски или на било кој друг јазик кој го знаеш, за тоа не ти е нужно потребна диплома.
    Пс. Често се случува луѓе од нејазични струки (архитекти, градежници, медицински персонал, па и продавачи, ѕидари, молери) да учат јазик за да си ги зголемат шансите за работа, со странски клиенти или во друга земја. Исто како што преведувачите се специјализираат за одредена област (право, економија, медицина, технички струки) преку обуки, курсеви. Во животот не постојат само 4 години факултет.
     
    Последна измена: 8 септември 2020
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    И уште една информација која можеби ќе им користи на идните колеги/колешки. Доколку немате врски да работите во државно основно/средно училиште, воопшто не се надевајте тоа да се случи, не се разочарувајте без потреба. Имате толку многу прилики за работа со јазици, не знам зошто сакате да бидете дел од нефункционален образовен систем, и тоа за 20 илјадарки. Не постои човек кој работи во образование, а влегол на тоа место без врски. Кој тврди такво нешто, лаже. Второ, законот вели дека да, кога училиштето објавува конкурс за избор на наставник, логично (нели?) предност имаат оние кои завршиле наставна насока, доколку нема таков тогаш може да се одбира од кандидатите кои завршиле доквалификација (значи постои опција да завршите и наставна насока)или преведувачка насока (ПиТ не знам дали влегуваат во игра), а ако не тогаш може конкурсот да се поништи, поради немање соодветен кандидат. Ова се информации кои мора и треба да ги знаете, памтам дека нас овие работи ни ги кажуваа на времето кога биравме насока. Во однос на титулата "судски преведувач", секој кој излегол од јазичен факултет, МОРА да полага испит за судски преведувач затоа што тоа е под ингеренција на Министерство за правда, а не за образование, и не е исто што и ПиТ или преведувачка насока.
     
  6. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Screen Shot 2020-09-08 at 4.13.38 PM.png
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Рекпв дека можно е да грешам. Памтам со согурност дека јас кога студирав, документите од досие ги зимавме на реверс.
     
  8. Hulya1901

    Hulya1901 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Да и јас така памтам, не знам сега како е ама моите документи се на факс. Јас сум од 2011 и затоа ме интересира ако знае некој дали се уплаќа нешто, дали се даваше молба и сл да ми каже како оди тој процес.
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ако никој не ти крева ниту во библиотека, ниту на студентски, ниту во деканат тогаш оди директно и информирај се, друго чаре немаш :)
     
  10. Hulya1901

    Hulya1901 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Утре прва работа тоа :mm:
     
  11. Opheliac

    Opheliac Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ме интересира дали треба повторно да вадам лекарско уверение за овој уписен рок? Во јануар се префрлив вонредно и земав лекарско уверение од кузман, таму нешто ми спомнаа дека тоа "важело" само неколку месеци и дека од септември/октомври сум требало да извадам ново при упис, ако не сум извадело ново уверение- факултетот самиот електронски ќе ме отпишел. Е сега прашав на факултетот и таму на студентски ми рекоа "нее незнам нема потреба, па нели си сега вонредно зошто да вадиш потврда ?! " Доколку има некој искуство нека ме извести, навистина не знам што да правам :sweat::(
     
  12. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Девојки, лани одбрав изборен предмет и не го положив, па сакам да го заменам. Жената од студентски прашања ми даде ливче според кое би се водела при запишување на новиов семестар. Пишува 7175 ден. за партиципација, 600 за презапишување, 600 за замена за предмет и плус другите уплатници.
    Не разбирам зошто 7175 за партиципација кога вообичаено плаќам 6150, и дали треба да ги платам двете уплатници и за презапишување и за замена?
    Друго се' ми е положено.
    Ве молам за одговор.
     
  13. livethemoment

    livethemoment Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво јас се запишав исто вонредно оваа година па ако може да ми кажеш како се снајде за учење од каде добиваше насоки што и како ќе учиш бидејќи сеуште не ми е јасно тоа прва година ми е
     
  14. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    166
    Ги продавам:

    300 денари (учебник, работна, ЦД)

    Le Nouveau Taxi ! 2
    Le Nouveau Taxi ! 3

    Alter Ego 2
    Alter Ego 4

    CAE Result

    IMG_20200805_112726.jpg IMG_20200814_121012.jpg
     
  15. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Некоја судски преведувач по англиски ми треба од ск
     
  16. Elena777

    Elena777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Nekoj da kaze nesto za profesorkava Stanislava stasa sofoska?
     
  17. livethemoment

    livethemoment Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали некој има избрано англиски јазик во струка и да ми каже што се учи по тој предмет ?
     
  18. sweet-fighter

    sweet-fighter Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, ми треба меил од професорот Ристески Ѓорѓи, дали го има некоја?
     
  19. livethemoment

    livethemoment Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво доколку некој знае да ми објасни дали може да учиш англиски јазик под а и шпански јазик б и да дипломираш како преведувач на двата јазици
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Во мое време, максимум можеше да се учат три јазика (а,б,ц) со тоа што мораш да одбереш два во комбинација(или а-б или а-ц) и јазикот под Ц не влегува во диплома, се учи само како двегодишен курс. Проблемот тогаш (верувам и сега) е распоредот на часови кои многу често се поклопуваат и затоа може да биде ептен напорно, а и контрапродуктивно да учиш јазик и под А и под Б, едноставно логистички е немогуче да бидеш на две места истовремено. Мој совет е да видиш што точно нуди факуктетот како опции и потоа да кој јазик најмногу сакаш да го учиш (тој да ти биде под А) а за другото убаво да рзмислиш. Студиската програма за јазици под А и Б е иста со тоа што Б се учи три години, но има исто толку обемен материјал, особено книжевност како и јазикот под А. Ако ептен имаш ќеиф и капацитет, земи ги двата, ако не земи си А и Ц. Имај предвид дека јазик се учи и на курс, било каде да се запишеш да учиш по 8 часа дневно, за четири години ќе го совладаш јазикот многу подобро отколку на факултет. Факултетската програма е доста оптеретена и со книжевност и со теориска лингвистика што може да ти биде проблем ако сакаш само да научиш јазик, да речеме за секојдневна комуникација или за работа.
     
    На livethemoment му/ѝ се допаѓа ова.