Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет "Блаже Конески"

Дискусија во 'Образование' започната од viki85, 21 ноември 2010.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    13.517
    Ни еден убав збор за неа немам да кажам.
     
  2. livethemoment

    livethemoment Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала ќе размислам за ова и доколку мора да бирам ќе одберам англиски јазик.Јас сум запишана на шпански јазик и книжевност и доколку одлучам да се префрлам на англиски преведување и толкување се надевам ќе може, за да не ја изгубам годината .
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Размисли си убаво, види кои ти се опциите. Ако сакаш на ПИТ катедрата, нема да можеш да работиш како професор во државно образование. Ако сакаш и шпански и англиски, види дали можеш да ги искомбинираш. Порано постоеше опција и студентите со висок просек (над 8.5 или 9) можеа да запишат втор факултет бесплатно после втора година, па евентуално така да искомбинираш ако не можеш поинаку. Во мое време шпански имаше само под Б, имаше доста интерес и многу задоволни студенти, тебе не ти се бендисува?
     
  4. livethemoment

    livethemoment Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да учам шпански интересно ми е ама мислам дека повеќе ми се исплаќа англиски јазик да учам, повеќе се бара англиски отколку шпански јазик сега, а доколку може да ги искомбинирам двата јазици убаво би било.
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Не се оптеретувај многу со тоа што е исплатливо. Работа е секако тешко да се најде, а и ќе ти се менуваат интересите и искуствата во животот. На пример јас немам формална диплома (никаква) за познавање на англиски јазик, а за сите вработувања ми бил потребен и сум работела без никаков проблем, и во Македонија и надвор од неа. Така што, и дипломата некогаш не значи многу. Што и да одлучиш, со среќа!
     
    На livethemoment му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    854
    Ако може некоја девојка од факултетов да ми пише во ЛП :)
     
  7. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    shto kje kazete za profesorkata Anastasija Gjurcinova na italijanska katedra predava,slusnav deka odvaj se polozuvalo ako ucis od kniga..weird
     
  8. Bella Ciao

    Bella Ciao Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Здраво кои теми се паѓаат за бранење дипломска?
     
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    24.087
    Пол:
    Женски
    Теми не можат да ти се паднат.
    Никој нема да смисли за тебе, тоа во договор со професорот и скоро сите очекуваат од тебе да бидеш креативен, сам да одбереш насока од областа на предметот кој го предава менторот и целосен наслов на дипломскиот труд.
     
    На WildMk, злоба и Bella Ciao им се допаѓа ова.
  10. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Ме чуди како воопшто луѓе од овој факултет бараат некој друг да им направи семинарска или дипломска.
     
    На ElenaOfRivendell, senza.parole и martiiinna им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Не знам сега каква е ситуацијата, но пред 15 години ( и повеќе) не постоеше книга по книжевност, учевме од прибелешки од час и вежби, од литература достапна во библиотека (исклучиво достапна на српско-хрватски и италијански, ептен ретко и на англиски), бидејќи и технологијата не беше достапна, барем не за мнозинството студенти. Ѓурчинова, барем според мене секогаш била коректна, си го цени предметот, бара да се учи (а книжевност се учи дури и премногу), ама ако следиш часови и вежби, имаш книга а имаш и интернет на кој не постои информација која не можеш да ја добиеш, не би требало да имаш проблеми. На времето полагавме исклучиво усно, комплетен испит (не постоеја колоквиуми) кај Ѓурчинова теорија, а кај странски лектор или кај Узуновиќ вежби. Напорно е, но по логиката на нештата на Филолошки се запишуваат луѓе кои сакаат да читаат (повеќе од скандинавски трилерчиња и Лајла Грејс) па ако си меѓу нив немај гајле за Ѓурчинова, она личи дрско можеби поради статусот кој го ужива и поради презимето, но навистина ако си коректна, ако немаш испади од типот ноторно незнаење, доцнење или непосетување предавања, нема да имаш посебни потешкотии.
     
    На italiangirl11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    redovna sum sekogas,sega za ucenjeto..ona saka da se kaze so svoi zborovi a ja nikogas nemam uceno taka , ucam kako shto e i napisano i imam primeteno deka i smeta toa, a tocni odgovri i davam no ne mozam da gi obrazlozam...mozam da zamislam kako e na ispit kaj nea :(
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Ќе мораш да поработиш малку на начинот на кој учиш, на факултет си, мора да знаеш како да објаснуваш општи и поконкретни концепти со свои зборови, да се одвикнешнод "бубање". Имаш на јутуб многу видеа за тоа како да правиш ментални мапи, како ефикасно да фаќаш прибелешки и да учиш концепти, верувај мораш да се обидеш затоа што на факултет материјалот е многу пообемен. Ѝ смета на професорката тоа нормално, ти бубаш, не учиш со разбирање. Не знам како е сега ама не е страшно воопшто. Пробај да учиш после секое предавање, да не ти се собира материјал и прераскажувај си го материјалот, фаќај кратки прибелешки на час па модифицирај си ги со свои зборови.
     
    На italiangirl11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Отров жена. Точно е,едвај се положува а и башка што знае како точно да го изврти прашањето,да те збуни и да те бутне.
    Си бара напор, не дека ќе ти користи во иднина многу нејзиниот предмет ама ајде...
    Подобро ти е, како што напиша членката над мене да се прилагодиш на неа.
     
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Отров жена стварно не би рекла, не ѝ создавај на членката тензија уште толку :) И не е точно дека тешко се положува. Јас не сум ниту посебно надарена ниту исклучително интелигентна па имам десетка сите четири години по книжевност, а не сум направила ништо повеќе од другите освен да се подготвувам убаво и темелно за испит. Предметот користи особено во однос на јазикот, ако го учиш правилно. Од тоа што памтам од моето време, апла дудуците ги буткаше, оние што гледа на прва топка дека поим немаат што предмет слушале цела година. Плус сега и книга ете имаат.
     
    На Mięta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Јас и кажувам реално, не секој е спретен да учи со разбирање и затоа и реков што мислам. Бев на италијански првично запишана и знам колку е тешко особено со особа како Анастасија, плус она има издадено книга во соработка со уште професорка која е многу помила и отворена да ти помогне,посочи за разлика од Анастасија која мора да ја бараш и чекаш со часови за во канцеларија на консултација. Секој четврток и беше ден за консултација ако добро ме служи сеќавањето и што е најлошо не е секогаш расположена. Затоа, кога веќе побарала мислење членката треба да очекува се.
    Да она бара од сите да учат со разбирање затоа што она мисли дека така е полесно, а уствари никогаш не допрела далеку до студентот и не го прифатила фактот дека сите се различни. Тогаш од 30 студенти што броеше катедрата,дали 10 успеаа да надминат сѐ.
    Од 30 студенти што обожаваа да ја слушаат на предавања, првично сите ги бутна вклучувајќи ме и мене тогаш.
    Јас кога бев студент она беше шеф на катедра.
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Не си објективна, искрено мислам. "Не била секогаш расположена" (посочи еден жив човек што е секогаш расположен, секој има лош ден) не значи дека е отров жена а секако не значи дека е најбоља на свет. Чекање со саати им е маана на сите професори (од година во година примаат сѐ повеќе студенти, нормално за пари, и квалитетот е драстично опаднат, и на предавањата и на знаењето), оној по лингвистика Пандев го чекав за испит до 23.30, што воопшто не е дозволено на полноќ да се полага, па еве преживеавме. "Не секој е спретен да учи со разбирање" , се надевам дека си свесна дека во овој случај Ѓурчинова не ти е виновна, или ќе научиш да учиш и да го користиш знаењето или ќе си најдеш друга занимација во животот. Срамота е академски граѓанин да каже дека не знае да учи, особено кога е свесен дека тоа е недостаток што може да се исправи, ама пак за тоа Ѓурчинова не е крива. Кога јас студирав, она само си предаваше, ама сепак Ѓурчинова му е ќерка на академик Милан Ѓурчинов што ја основал катедрата за општа и компаративна книжевност и внука на режисерот Александар Ѓурчинов (Исправи се Делфина, Македонскиот дел од пеколот, Солунските атентатори), преведува, пишува есеи и нејзина специјалност е италијанска книжевност иако била студент на катедрата за компаративна книжевност, ужива одреден општествен и академски статус, мислам и со право. Настрана сето тоа, од неа има навистина што да се научи, за разлика од многу "професори" на Филолошки на кои работното место им е само транзит.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Срамота е да извртуваш муабет како ти одговара. Јас реков “Не секој е спретен да учи со разбирање” во случајов со членкава. Професорот треба да има разбирање и да се прилагоди на студентот за полесно совладување на предметот,односно студентот да се осети пријатно и опуштено,а не да го мава стрес и трема при консултација.
    Ѓурчинова е таква особа, што те доведува до состојба да баталиш се. Ти знаеш која бројка е од 30 луѓе само 10 да завршат,разлика е баеги. И тоа што е нечија ќерка не ја прави ништо поразлична од другите. Има прекрасни професори кои ќе седнат со тебе и ќе ти помогнат во се, Анастасија не е во тој ранг.
     
    На italiangirl11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Не го извртувам муабетот, ама факултетот не е основно школо, не е задолжително да се студира, ама ако сакаш да студираш тогаш ќе научиш како да учиш, секој професор е задолжен за својот предмет, а не да те држи за рака. Седење до тебе и помош не е возможно во денешни услови, не знам дали си свесна дека стотици студенти посетуваат предавања. Подобро 10 од 30 отколку колеги кои не ги разликуваат Данте и Петрарка и колеги кои не препознаваат подмет и прирок во реченица. Тоа чија ќерка е го спомнав единствено во контекст на нејзиното држење, природно си е жената воздржана и на дистанца, на работа е, не е на кафе муабет.
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Она може дома да се држи како сака,а дрзок став на работа не ни треба. Место да им влее надеж на студентите она им влева негативна енергија.
    Јас сум доволно свесна (нашол кој да каже дали сум или не сум,некој кој смета дека учењето на памет е за глупи луѓе) ама со 10 деца не се прави катедра и сигурна сум дека најмалку 50 души се имаат пожалено од женава. Само ти ја правиш светица.
    Немој да ми кажуваш што е факултет, бидејќи не идеш во кланица да те малтретира некој и да те превоспитува како да учиш бидејќи дал на памет или со разбирање секако ќе научиш.
    Позз