^ Евелин, па зимски треба да имаш запишано, оти зимоска ќе полагаме испити. Летен ти е летоска, оти нели во јуни полагаме. Таман ти е запишано. А зарем успеа и да се логираш ?? Види мајката, куде нас това њема.
пробај, може ќе моeш сеа да се логираш. инаку добро е, дерењето прееска од тој ненормалниот не беше бадијала. ми го поправиле тоа. инаку да немаа направено ништо, јас ќе се дерев утре на студентски
Здраво. Може ли да ми предложите некои предмети што можам да ги изберам како изборни, но при тоа лесно да се поминува, да не се оди на предавање, туку само со семинарска да се заврши работа??? И ако може да ми кажете предметот Општа лингвистика дали е тежок, дали многу треба да се учи за испит и каков е професорот. Ве молам очајно ми треба некој поискусен да ми даде совет, бидејќи никој на факултетот не помага околу изборниве предмети а веќе е ноември
Јас општа лингвистика полагав кај Димитар Пандев и кај него се знае како е - си одиш на колоквиуми. Нема класичен испит, пишуваш неколку домашни, на теми кои проф. ќе ти ги даде, од 5-7 страници обично, и притоа треба да внимаваш добро да ти се научени, да не пишуваш глупости, затоа што поставува прашања од домашните. Потоа дава список од 20-тина прашања и ќе ти постави неколку за време на колоквиумот, покрај домашниве, нели. Клучното е да имаш доволно трпение да дојдеш на ред, обично колоквиумите кај Пандев траат со часови, и секогаш има над 100 луѓе во амфитеатар и да не губиш концентрација кога ќе ти дојде ред за испрашување. Инаку може да си заглавиш и пет пати на еден колоквиум. А за сите други кои се интересирате за предмети и сл., зарем не добивте Прирачник на почетокот, каде што се' е фино објаснето, од програма, до предмети и полагање? Или нема повеќе такво нешто? И да - сега е зимски семестар.
Фала на одговорот, некако ми изгледа тешко ова Општа лингвистика... А шпански јазик, агиологија или словенска митологија некој да не има избрано, да сподели искуство?
^^ Професорот Пандев предава и на Педагошки во Битола. Мене не ми е јасно како ни закажа колоквиум на крај на ноември, а до крајот на декември треба да имаме втор колоквиум? Ми предава Општа лингвистика и Современ македонски јазик-фонетика и фонологија и по двата предмети на крај на Ноември рече Ај некој нека ме просветли со ова колоквиумиве оти ко некое теле сум Или па ќе се предомисли и ќе не прати директно на испит Уште да прашам, ова учебникот што е на интернет по Општа лингвистика, ви користеше или не го ни употребивте (ова до Трендафилка е прашањево )
Првпат слушам за учебник по Општа лингвистика, ние немавме ништо такво. Ова веројатно е добар момент да кажам дека јас завршив последната генерација по старата програма. Но, методот на Пандев за колоквиуми не се сменил со години. Значи домашни и прашања кои ќе ви ги даде, чинам дека ги даваа и одговорени, ако не - уште поубаво ако имате учебник, ќе си ги одговориш и готово. Нека закаже и 3 колоквиуми, начинот на полагање за секој предмет ќе е ист кај него. И без страв, Пандев е многу фин професор. Не е воопшто злобен, ниту злопамтило, а ако те врати 2-3 пати, сфати го тоа како комплимент, зашто сака да гледа убави девојчиња пред себе. Не, сериозно, не познавам никој кој имал проблеми кај Пандев по кој било предмет. Сите положиле и става високи оценки, без да се штеди. Пандев ви е најмал проблем и грижа, слушај ми го зборот. *Кои други професори македонисти ви предаваат?
Е значи ми го разубави денов, жено. Жими сВе Иначе Виолета Јанушева си предава Социолингвистика, Венко Андоновски исто потслушнав оти му предава на повисокиве години.. А што се Пандев тиче, изгледа за арен професоров, само што многу измешано предава. Од едно одма оди на друго, па ќе продолжи за другово да зборува па пак назад се враќа на првото А ко ќе пишува на табла, цела е хаос. Пиши едно па избриши го, па во еден ќош друго напишано што врска нема со темава на предавање денеска, и така
А од него не очекувајте чудо на предавање. Малку е монотон, ќе се проѕевнеш, па и дремка може да те фати
Здраво Феминки, прва година сум на факултет и не сум баш доволно информирана ќе може ли да ми објасните за колоквиум дали треба да се пријави нешто и сл.???
Не, се пријавуваат само испити, не колоквиуми. Процедурата за пријавување испити барем на нашиот факултет се менува секоја година откако студирам јас, така што ќе ви објаснат професорите се' на крајот од семестарот кога ќе треба. Во секој случај тоа ќе биде при крај на семестар, сега уживај и со среќа на колоквиумите
Пандев Метод е тоа драги мои и немој да се чудите. Јас полагав неколку пати по различни предмети кај него и од прва ме пушти со 10ка, другите предмети одев кај асистентката(Педагошки Факултет - Битола) од причини што оценува еден ден и не се изморува човекот, тоа му е задоволство. За враќањето на испит, Пандев враќа зошто сака да извлече повисока оцена од сѕудентот, не сака да пишува 6ки, и кога ке те врети еднаш-два пати прашува повеќе прашања да види дали стварно има студентот научено. Пандев е најперспективен професор според мене, заедно со Венко, а она со ,,мешањето,, на предавање, ќе сфатите дека тоа го прави само да го повтори предаденото за вие да го запомните, така нас ни правеше. Човекот е закон, ич не се секирајте.
Најнеорганизираниот смер кој воопшто, некогаш, вегетирал на било кој факултет. Нема кадар, нема распоред, нема предавални, нема ништо. Никој со ништо не се замара, сите си ја/го ладат, студентите го собираат ,кајмакот, - сите нервози. Предавања се поклопуваат, нема кој да го среди тоа. Кога ќе решат да сменат нешто, менуваат во неразумни денови од денот, пример, 3 после полноќ, 5 и пол насабајле и други, слични термини, кои ти го оневозможуваат нормалното функционирање. Ако видиш, арно, ако не, ќе се прошеташ до факс и назад за да ти кажат дека нема. Губиме часови, нема кој да предава. А и тие што ги имаме, ретко кој се труди да предава или да каже нешто корисно. Јас сама си учам, на моја иницијатива, затоа што сакам да научам и некој ден лебот да го вадам од таму. Јавна пофалба за проф. по македонски, Елена Петроска и за Магдалена Симионска, надворешен соработник е, предава дел од часовите по англиски. Едни од ретките таму што имаат поим и желба да не научат нешто. Друга работа е, ако сакаш да идеш тука, спремај се англискиот да ти биде БАРЕМ на Адвенсд левел, оти голема мака ќе имаш. Граматика тата мата, зборување, огромен фонд на зборови, пишување есеи, се тоа не те учат, подразбираат дека знаеш. Јас ја благословувам тичер сега, фала ти жено, за сите граматички вежби и есеи кои сега ми дозволуваат да се сконцентрирам повеќе на германскиот. Оти ако јас сама не земам да учам германски, нема кој друг. Тоа би било тоа, прашања ?
Ако може да ми дадете совет, ми фали уште еден изборен предмет, не знам што да одберам... Некои така полеснички предмети каде што лесно се поминува на колоквиум и испит???
А кој јазици се одбираат?? јас сакам англиски на пример?? ..можи е глупаво што прашувам вака, али сепак многу ме интересира
Само англиски не можеш да го земеш. Мораш да земеш француски или германски како трет јазик. Затоа што македонски ти е прв, англиски втор и франц/герм трет. Ако сериозно размислуваш за овде, најдобронамерен совет да си го згрееш столчето и за македонски и за англиски и за третиот јазик кој ќе го земаш. КОЈ за множина не поминува кај Петроска на колоквиум. Слободно прашај што друго те интересира, ќе ти кажам.
значи македнски добро, англискиот го владеам..3 јазик би требало да почнувам на германски ..ми изгледа како полесен од францускиот, али сепак се мислам уште оти има време ..професорите какви се??
Кај мене многу колешки под Б си земаа шпански, хрватски или словенечки. И многу добро поминаа, професорите се сите супер. Знам дека професорките по шпански биле малку построги, ама се исплатело, затоа што научија прилично многу. А професорите од катедрите за хрватски и словенечки јазик беа многу фини, полни со разбирање. Плус, многу колешки беа на семинари во Хрватска и Словачка, ако се покажеш добар и ентузијастички настроен кон учење на јазициве. Така што размислете си. Не се залетувајте сите по германски и француски, групите се и поголеми, а и потешко е бајаги. Од мое искуство јас не би ви препорачала да земете албански на пр. под Б. За под Ц земете си полски. Лесно е, интересно, професорките се супер, ставаат високи оценки и можете да завршите на некое патување во Варшава или Вроцлав во текот на студиите.