Види, не секогаш и кога мислиме дека го знаеме јазикот го знаеме. Јас имав интерактивно зборување 7 ипол месеци во фирма со германци од кадешто научив убаво да го зборувам и да се изразувам, предходно одејќи во билингвална ми беше претешко да зборувам, не можев да гукнам.Така што ти препорачувам ако не си 100% сигурна да не се запишуваш, доста тешка катедра и сите мислат дека ќе го поминат факултетот како курс но многу повеќе од курс е.
Добро те советуваа членките. Тоа што одбра матура германски не значи ништо, зашто матурска германски е прелесна. За добро зборување треба многу повеќе од матурата.
Многу многу се согласувам, затоа и дадов компарација со мене, дека многу треба за убаво владеење за јазикот, а факултетот си е доста захтевен. И посакувам среќа на членката но и да не очекува премногу бидејќи го учела јазикот со години.
Ви благодарам многу за споделените мислења. Свесна сум дека Факултетот е тежок, но всушност што е лесно ако не вложиме труд. За германскиот сум многу пофалувана уште од основно училиште и навистина многу ми е интересен јазикот, така што не мислам дека би имала проблем на Факултет. И, како што знам се бара знаење на Б1 ниво, јас имам можеби и повеќе од тоа. А матурата секако дека игра важна улога со оглед на тоа што заедно со професорката имаме дополнителни часови на кои вежбаме и го зборуваме јазикот на повисоко ниво, отколку на класичните часови.
@Pinna21 не се секирај, слободно запиши си. На факултет се учи основата на лингвистиката, методологијата која се користи за предавање јазик и за превод/толкување и толку. Сѐ друго е живот и работа. Јас повеќе од 15 години работам со италијански јазик, неколку години живеев во Италија и сѐ уште учам. И во ред е тоа. Исто како и со мајчиниот јазик, го знаеме 100%? Секако дека не. Ако немаш его, ако си го тераш ќеифот, ако ти се допаѓа јазикот, ќе најдеш начин да научиш.
И за еден семестар се поминува комплет морфологија. Сите зборовни групи, глаголски времиња и начини плус морфосинтакса. Нема ништо лесно тука, така само се чини.
Филолози, македонисти, дали песната годишнина прва од Блаже Конески целата претставува перифраза и зошто?
Здраво на сите. 4та година сум па сакам да се запишам на филолошки,одбрав македонски јазик. Сакам да ве прашам вие што сте веќе таму како е колку поени е потребно дали е тешко и сл. Благодарам однапред
Дали некој има полагано кај професорките Искра Тасевска - Хаџи - Бошкова и Ангелина Бановиќ - Марковска да сподели искуства?
Сега сум 4та година и денес имало презентација за филолошки факултет но јас се успав. Ќе може ли некој кој е на отсек македонски јазик да ми пише? Благодарам однапред
Да, мене. И воопшто не се изживува дури и премногу е добар. Има огромно знаење и сака да научиш ама помирен е дека пола и повеќе сме сите даалеку од писмени и од прелазна и знае да запне да побара нешто да научиш плус, ама на крајот сепак сите ги пушта, за разлика од еден Симон Саздов кој да кажам и да се превртиш ако не знаеш се ко што сака нема трошка сочувство ни коректност.
Воопшто не се согласувам, еден од најдобрите професори на Филолошки е дефинитивно! Секогаш е спремен да помогне и дава одговор на секое прашање, дури и директно да не е поврзано со темата. Премрасен оратор е, омилен ни беше на нашата група, ми фалат предавањата кај него. Само 10% од наставниците и професорите да имаат 50% од неговото знаење ќе бидеме многу поуспешни како земја.
Јас кажувам мое искуство, а дали се согласуваш или не, твој проблем. Јас кажав дека се иживува со некои од студентите, а не дека нема знаење. Јас со него имам одвратно искуство и тоа е тоа.
Професорот предава на факултет (видока образовна институција) и нормално дека ќе бара знаење, а ако на некој не му се учи и сака со 5 минутен вложен труд да земе диплома ќе пишува вака по форуми. Срамота е да се биде академски граѓанин, а повеќе време да се поминува на интернет отколку над книга.
Ај олабај. Јас одамна завршив факултет со многу добар просек. А еве ќе ти кажам една од случките со Треневски. Полагам еден саат усно кај него и ми става 8. Му кажувам дека ќе преполагам, и ми вели: " аа нема потреба, колешке, еве ќе ви пишам 10. Да продолжувам уште? Ако е толку добар професор како може да става оценки од ракав, м?