Дали на катедрата за турски јазик почнуваат со учење на јазикот од 0 или пак треба да се има некое предзнаење?
Хелоу дечки Сакам да се запишам на факултетот за германски јазик и книжевност на филолошки. Живеам во странство и сакам да се запишам вонредно. Има ли некој искуство? Колку кошта година? Благодарам однапред
Ако сум најискрена, како студент на германистика втора година не би ти препорачала да се запишуваш на Германистика овде. Најпрво има одредени професори што се многу искомплексирани и ако не ја посетуваш наставата не сакаат да те пуштат на испит, и повеќето од нив бараат присуство иако си вонреден студент а потоа на испит те паѓаат затоа што си вонреден студент. Пробај си ја среќата во странство сите си бегаат од тука. Мој најискрен совет како паталец не гаталец. Со среќа
@bookslover колешке, јас како студент на Германистика не сум се соочила со ваков проблем. Се знае дека вонредните студенти не посетуваат настава и не може од нив да се бара присуство. Не знам за кои професори мислиш дека се искомплексирани, но мое најискрено мислење е дека професорите навистина многу вложуваат во нас-студентите. Презадоволна сум од сè на Катедрата и сега да треба повторно да се запишам на Факултет без размислување би се запишала на Катедрата за германски јазик и книжевност.
Потешко е отколку редовно, затоа што професорите немаат книги за предметите и на испит го бараат тоа што го предаваат на час што препорачувам барем да имаш од кого да земаш белешки иначе не се положуваат предметите, иако повеќето од предметите се полагаат со есеи или една семинарска. За овие предмети според лично искуство, ти ги вреднуваат помалку како вонреден студент место да ти дадат гратис поени од редовност што ти следуваат како вонреден студент. Сепак ако не ти е толку битен просекот во ред е, со меилови можеш да комуницираш, враќаат професорите, можеш да ги прашаш за обврски, некаде се полага само се семинарска, некаде со испит и семинарска.
Не постои таа професија кај нас. Лектор може да биде само роден говорител со високо образование. Ти можеш да си се декларираш лектор по англиски но не можеш да го полагаш истото ако не ти е мајчин англискиот.
Лектор по англиски јазик може да биде само звање на предавачите на Филолошки, инаку таа професија не постои како што постои кај нас, најблиску е proofreader или editor. За да стигнеш до таа фаза на познавање во мајчиниот јазик е тешко, а камоли на странски јазик. Тоа е работа што се доверува на мајчини говорители, без исклучок.
Ok, svakam, togas kako baraat lektor na angliski tekstovi vo makedonija? So pecat? Znaci nekade se izdava. Jas zvonev na filoloski mi zedoa broj, i mi rekoa deka ke se javat pokasno. Nisto. Nitu se javija a mozi i ne ni prasaa. Za samo ovaa informacija ne mozam da odam do skopje. Najdov deka za makedonski lektor da si mora da imas makedonski jazik nekoj smer diplomirano, i se polaga vo ministerstvoto za kultura. A za ova nema info na net.
Технички постојат natives кои имаат положено и го работат тоа во Македонија, тие си имаат извадено исто како што можеме ние за македонски. А може да се работи фриленс editor/proofreader на места каде што не бараат лиценца, веројатно за некоја приватна фирма или онлајн.
Не можеш да бидеш лектор по странски јазик затоа што не си роден говорител. Таков испит не постои кај нас
Искрено првпат слушам дека бараат лектори по англиски јазик кај нас, не постои тоа? Кој бара, можеш да посочиш каде си видела? Да не бараат лектор предавач? Како звање на факултет? Може да бараат content writers или евентуално мајчини говорители да бараат. Печат исто не постои, си посои лекторски испит кој го полагаат дипломци на Филолошки, не може тоа секој да го полага. Печат имаат преведувачи. Нешто погрешно си разбрала. Филолошки секако не може да издаде таква потврда бидејќи не постои таков испит кај нас на факултет. Постои испит за познавање јазик, ама тоа не значи дека можеш да работиш како copywriter на странски јазик, тоа само фирмите од индустријата може да користат ефтина работа рака.
Не постои таков испит, ете со печат судски или книжевници знаат да лекторираат. Нели само добро да го знаеш јазикот.. или постирај во групата на факсот или во групата прифатилиште за преведувачи и толкувачи таму ако постои такво нешто ќе ти кажат .