За таму не сум сигурна како би било, германистика правеа доста голем проблем за тие што студираа вонредно, воопшто не ги ни сметаа дека се на факултетов. Мислам тоа секако потекнува од искомплексираноста на професорките. Теоретски можеш да си студираш вонредно само види како ќе ти биде со книжевностите, тие се доста неразбирливи па понекогаш бараат и да слушаш на предавање за да сфатиш што сакал авторот да каже. Со среќа
Здраво, дали може да ми кажете кој ден и од колку часот се предавањата на професорката Зорица Трајкова по англиски јазик? Никако не можам да ја најдам на факултет.
Доколку знаеш кој предмет го предава, можеш да видиш во распоредот на часовите на официјалната страна на флф.
Дали некој знае каде можам да ја најдам или можеби ја има авторизираната скрипта по Фонетика и фонологија на СМЈ на проф. Искра Пановска - Димкова?
Може вонредно, изводливо е и не прават никаков проблем професорите, другарка ми е на четврта година на Катедрата за англиски јазик и е вонреден студент.
Како што гледам од 9 почнуваат, јас кога студирав почнуваа од 8. Ама не значи дека секој ден ќе ти почнуваат исто, ќе си видиш распоред според групи. На АЈК немаш јазик под Б, само на катедрата ПТТ.
Аха, на листата со предмети пишуваше "изборен предмет од листа 2" а листа 2 скоро сите беа јазици...не се сеќавам ама мислам дека така беше.
Ја разгледав сега новата програма од 2023-та акредитирана, ама да, и да земеш јазик од 1-6 тоа секако нема да ти го пишува во дипломата. Еве, разгледај на пример програма на ПИТ катедра, тие други јазици се во задолжителни предмети и затоа после ќе ги пишува во дипломата.
Кога се полагањата од јунска сесија (според претходните години)? Прва година сум, па да знам колку време ми преостанува.
Можеш да си ги проверуваш овие работи на академскиот календар на факултетот. Секоја учебна година објавуваат. Семестарот трае до 31.5