Освен англиски, мислам дека може кој било друг. Прашајте си поубаво на студентски прашања, немате ли Прирачник за да се консултирате со правилникот? Имате шпански, германски, француски, српски, хрватски, словенечки, турски, албански под Б. Една година имаше дури и грчки, не знам дали се' уште е така. А за под Ц имате полски, руски, кинески, па дури и унгарски. Барем имаше додека јас студирав.
откако се појавија модулите на факултетов, опциите Б и Ц не важат. сега има модули, 1 и 2. има 3 задолжителни предмети (тоа е првиот модул) и има 3 изборни (тоа е вториот модул). во вториот модул можеш да го избереш било кој јазик што е достапен на факултетот доколку има група и го изучуваш исто како на курс. но немора да значи дека само јазици треба да се одберат. има и други интересни предмети. професорите најчесто ги препорачуваат британска цивилизација и лексички категории. се надевам бев јасна
Сестра ми е 4та год,англиски превод и толкување.Сака кога ќе дипломира,да ги дополага тие методики и незнам друго што има,за да може да биде и професор по англиски.Е сега им кажале дека за да дополага,кога ќе дипломира морало да запише наставна насока како факултет и да си плаќа ,а само да чека во која година ќе бидат тие методики...да ги полага,друго да не полага нели,само тоа што треба Е не се нормални,навистина ли е така????????
мислам дека да. треба да запише, методика, психологија и педагогија (ама не сум баш сигурна) во нов индекс, да уплати и да си ги полага.
Па викам јас не се нормални, вие не ми верувате. Инаку, Трендафилке, нема веќе на книжевност опција јазик под Б. Само на ПИТ можеш да учиш два јазика, т.е. да ти ги пишува во диплома дека си ги учел. Ако си на англиски и книжевност, можеш да си земеш јазик под Ц, ама само како изборен предмет ќе ти биде и ќе ти служи за носење кредити. На книжевност, на тие катедри, се изучува и културата на самиот јазик, се читаат дела, поезии, прози, морфологии и слични такви подлабоки навлегувања во јазикот. Ние учиме само современа граматика, современ говор. Затоа што наша работа е да преведуваме, на тие од книжевност, е да предаваат. Стварно е океј ваквата поделба, не може секој да биде филолог по три јазика, на пример. А на ПИТ може да бира само меѓу англиски, француски и германски, како најфреквентни јазици во ЕУ. Дека знаеш, нас за во ЕУ не спремаат. Виц, немаме училници, а прво тоа се кажа - вие се спремате за во ЕУ! Јас затоа и дојдов на ПИТ, за да имам два јазика во диплома. Ади, професорите се различни. Односно, не се ни професори, повеќето се надворешни соработници и секоја година се менуваат. Тоа се луѓе кои завршиле на ПИТ и работат како преведувачи/толкувачи, но поради недостаток на кадар, се сложиле, за пари нормално, да предаваат овде. Ги напоменав јас кои се трудат стварно, а не би да ги спомнувам и им правам реклама на тие кои идат само колку да се дојде на час, ако ме сфаќаш. п.с. Прирачник има, само што за да го најдеш, ѕврцките ќе ти испаднат.
Немаше ни во моето време за книжевностите јазик под Б. Јас како прв си имав македонски јазик, (затоа можеше да се бира) , под Б некои одбраа книжевност (за професорки нели, наставна насока), некои како мене си земаа јазик (двопредметна), а некои ништо (еднопредметна насока). А тие што беа македонска книжевност, не можеа да одберат јазик под Б, освен книжевност со македонски јазик нели. Бооо, ништо не ви се разбира денеска... кредити, модули, арно се снаоѓате девојки.
Имавме специјално ден за модулите, кредитите и ЕКТС системот. Ни објаснува кое, што е и како е, ама ако некој нешто ги разбра, Дузи да не се викам. Знам само дека ако сакаш, пример, да земеш англиски под А и германски под Б на книжевност, ќе ти дадат два индекса и тоа ќе ти биде како два факултета да завршиш. Не сум до толку амбициозна, да бидеме реални. Многу има да се средува и досредува на факултетов, многу работа има. Кадар, професори, амфитеатри, ПОСЕБНА зграда, на пример! Кој има вишок на слободни нерви, вишок на неискористено време и сака да внесе малку авантура и адреналин во секојдневниот живот, бујрум тука.
Не би било лошо да се почне од еден убаво скоцкан приемен испит и намалени квоти. Да се примаат максимум 50 студенти, а не која мајка си го изгубила детето тука да го бара. Како не размислуваат за тоа дека немаат ни простории ни професори кога ги земаат парите од 500 студенти? Џунгла...
Страшно е на ПИТ... Ама ај, до 4та ќе си се привикнете на се И на настава во природа, и на доаѓање за џабе на факс, и за професори кои зборуваат за домашни проблеми место да предаваат... Ја сум кажала, ке кажам пак... да го имав овој памет кога се запишував, никогаш немаше на ПИТ да се запишам.
Здраво, може ли некоја феминка да сподели искуство околу предметот Општа лингвистика кај Димитар Пандев. На прв колоквиум ни кажа есеј ќе има, па ако може на кратко да ми кажете околу колоквиумите, испитите кај овој професор и сл. ??
Јас сега гледав на страната сега, тапа е. Ништо не сфаќам. Јас се уште паузирам но здравје од следната година планирам да продолжам. Читам нешто за модули и не капирам. Тогаш кога јас се запишував не се работеше баш по ектс. Сега не знам до кај се и што треба да правам. Од 1-ва година 1-рв семестар треба да имам 36 кредити, а гледам потребни се 30, и упорно не капирам. Дали тоа значи дека оној предмет, изборен кој не сум го положила во 1 семестар не треба да го полагам.
Да не знае некој што има полагано кај Живко Цветковски негов меил или човеко вне користи електронска пошта?! Јас имам завршено ама ме интересира за полагање лекторски испит, а тој е претседател на Комисијата. Ако знае некој нека ми пише .
Значи секоја година мораш да имаш 30 кредити. Е сега тебе предметите ти носат 36 кредити, што значи ако не сакаш некој изборен предмет да го слушаш можеш да го откажеш. Предмет можеш да откажеш само ако немаш потпис од професорот или ако не ти е пишан во индекстот. Ако веќе си го пријавила за полагање , не можеш да го откажеш. Сепак оди горе кај информатичарите тие можеби подобро ќе ти објаснат.
Ќе може да ми кажеш како помина на есејот кај Пандев и до кога може да се одговара усно на прашањата ?
Дали има некоја феминка што е запишана на катедрата за Македонски јазик и ако постои таква дали има материјали за интонацијата во Македонскиот јазик
Луѓенца, каде е Архивата на факултетов ?? Цело ли време работи, или има определено време, како студентски прашања пример, од 11 до 14 ?? Ај ако знае некој, најитно да ми пише.
^Кога ќе влезеш во факултетот, се качуваш по левите скали и одма тука има врата пишува Деканат (ова претпоставувам веќе го знаеш ама за секој случај ). Кога ќе влезеш од лева страна има скали, се качуваш, од десно има една бела врата, влегуваш таму и одма од десно, првата собичка е архива. Мислам дек работат секој ден од 8 до 16h
Koлку повеќе ве читам, толку повеќе се разбркувам! Ако се определам за ПиТ ги учам Македонски, Англиски и во мојот случај Француски? Зошто Македонски овде? И после овие другите јазици се изборни? Колку од нив треба да изберам? Како функционирате таму бе луѓе ништо не ве разбрав, дури понејасно ми стана И некој да ми објасни нешто за англиски и книжевност? Се насочуваш само за професор? Како функционира овој смер, исто е разбркан како и ПиТ?