Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филолошки факултет "Блаже Конески"

Дискусија во 'Образование' започната од viki85, 21 ноември 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ќе разбереш, ќе разбереш, од мака се ќе разбереш. :D

    На Превод и Толкување учиш три јазика и три јазика добиваш во диплома - Македонски (А), Англиски/Германски/Француски (Б) и Англиски/Германски/Француски (В).

    Јас имам Македонски, Англиски, Германски.

    Македонски учиш затоа што учиш да ПРЕВЕДУВАШ или ТОЛКУВАШ, па како ќе го правиш тоа ако не си го знаеш мајчиниот јазик ?! А не си го знаеш верувај, никој од нас не си го знае. :D

    Смерот е лудница, Бардовци не му е рамно во однос на преместување предавања, распоред, професори.... Секоја недела имаме барем по една смена на некое предавање, во смисол, термин се променил, училница нема. Некој не ми верува кога му кажувам, ама стварно е лудница. :D

    Отпрвен се нервирав, се разочарав тотално, сега ми е смешно и отрпнав. Ептен е смешно кога сред предавање ти иде нафурана теткица од Филозофски и те замолува да и се тргнеш од пред очи. :rofl:

    Пример, треба да полагам САЈ 1 во јануари, тоа е Современ Англиски Јазик 1, а ми фалат 4 часа неделно. Баш тие 4 часа се меѓу побитните - Grammar и Vocabulary. Во групата отприлика сите знаат англиски, во смисол, да направат општ муабет и слично, ама повеќето се бааги тутурутки за пишување или за Use of English... Лудница бе, не се ни они криви, идат да научат, тука никој не ги ферма. :D

    Е значи, тие трите јазика горе ти се задолжителни предмети. Нив мораш да ги положиш, и имаш САЈ 1, САЈ 2, итн... или Современ Македонски Јазик - СМЈ 1, СМЈ 2...

    Од изборни, можеш да бираш еден куп, мој совет ти е да земеш нешто полесно оти ти требаат само за кредити, па да можеш да се посветиш на јазиците. Не е така лесно како што ми кажуваа, баш чекам да видам колку ќе положат во Јануари. И немој, ама немој да се силиш дека знаеш англиски и дека најмал проблем ќе ти биде, оти ќе ти стане многу голем, наскоро. Редовна работа се бара овде, нема 100 страни за учење и тоа е тоа, ами се знае, јазик е и го учиш со време, редовно, секој ден.

    Мене ми се чудат колегиве кога викам дека си работам дома, ми викаат не си нормална, па немаме ништо за учење. Аха, чекајте вие да ни дадат 100 страни за бубање, ќе дадат, да. И тоа е најстрашното, што никој не ти вика УЧИ, УЧИ, УЧИ како во средно, а тебе нешто одвнатре те тера уште повеќе да учиш. :D

    На книжевност викаат дека биле поорганизирани, а и плус имаат редовни професори. Ние немаме, дека нова катедра, бла бла... Кога ќе подразмислам, и не е така нова, 10 години е веќе, ама ајде. :?:

    Прашај слободно што те интересира друго.
     
  2. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Ау, македонски убедена сум дека не знам, а исто и француски. Знам нешто али за таму не е доволно. Единствено англиски ми останува, но колку повеќе читам толку повеќе се разубедувам самата.
    За англиски ми рекоа дека треба 60% да го владеам, сметам дека до толку го владеам, ама француски аууу слаба точка, ни 20% не знам :x

    Најверојатно ќе го чкртнам факултетов од листава :D
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На книжевност исто си сме несредени. Е сега си имаме редовни професори, тоа да.... претежно :D :D :D
    Инаку, кога се работи за распоред, простории (расправање со истите теткици од Филозофски што ги спомна Дузи :D |( ).... Филолошки факултет е ова :D Но тоа нека не те обесхрабрува ;) Се навикнуваш едноставно на тоа, нема друго.
    Книжевниците во втора година се делиме на два смера: наставен и преведувачки. Тие што сме на наставен учиме Психологија, другиве учат Теорија на превод. Во трета година мислам дека повеќе предмети ни се разликуваат. Кај нас не мора да учиш друг јазик. А и да учиш, ќе ти се смета како изборен предмет и не ти врши работа во диплома.
     
  4. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Ја прелистувам темава веќе повеќе од 30 минути барајќи некоја информација повеќе за катедрата за руски јазик и книжевност, ама како што гледам никој нема што е таму запишан. Сега сум четврта година и сакам да се запишам токму таму, бидејќи другите смерови се премногу мејнстрим :lol: ;)
    Шала на страна, колку што разбрав од темава, по новиве „стандарди“ за да земеш втор јазик треба да плаќаш дупло т.е. имаш уште еден индекс како да си на два факултети запишан?
    Ако не барам премногу, дали ќе може некој што се запишал лани (или пред таа година) на било кој смер, а што избрал 2 јазика, накратко да објасни како иде тоа.
     
  5. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Да прашам само ако завршиш на ПИТ и се дообразуваш за професор сите 3 јазици можеш да ги предаваш (македонски, англиски и француски или германски)...ако е така..тоа е мн добро ??
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Мислам дека само првиот јазик можеш да го предаваш со полагање на додипломските (психологија, педагогија, методика).
    Така беше за мојата катедра (македонски јазик), но кај вас можно е да има и дополнителни предмети од типот на книжевност.
    Но дека можеш да го предаваш само првиот одбран јазик, тоа сум сигурна.

    Јас на пример под Б имам албански, под Ц полски, сигурно со моиве додипломски не можам да предавам ништо од овие два...
     
  7. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Tака и си мислев, но сепак реков да прашам за да се осигурам инаку би било To good to be true :D Фала во секој случај
     
  8. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека само за првиот мозес да полагас додипломски и потоа да предавас...јас имам македонски,книзевност и албански под ц,ама немозам да предавам албански :(
     
  9. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    27
    Ве молам информирајте ме нешто повеке за катедрата Македонска и јужнословенска книжевност.И за проф таму..фала однапред позз
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Јас како што сум запознаена ќе ја укинуваат, односно ќе ја ставаат во мирување катедрава. :)
     
  11. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Студентите на ПиТ не може да ги дополагаат трите дополнителни предмети и не можат после тоа да предаваат ни еден од јазиците, за жал.
    За да земеш втор јазик нема потреба од нов индекс и не е како да си запишан на два факултети, но зависи дали сакаш да учиш само јазик (под Ц, тоа е еден предмет во семестар) или цел модул. Ако сакаш да речеме да земеш шпански, можеш да земеш изборен предмет Современ Шпански јазик 1, 2, 3 и 4 (се следи 2 години), а ако сакаш да го земеш цел модул Шпански треба да следиш и граматика на шпанскиот јазик и книжевност плус (се следи 3 години).
     
    На Ducky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Има ли некој на форумов што има земено Современ Македонски Јазик 3 кај Славица Велева? Ако има ај плс инбокс :)
     
  13. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Za katedrata knizevnost ne znam,ama makedonski jazik definitivno nema da se ukine... :)
     
  14. sweet.lady

    sweet.lady Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојки, прва година сум на катедрата англиски јазик и книжевност и сум многу загрижена затоа што и покрај тоа што англискиот добро го владеам гледам дека со книжевноста ќе си имам проблем, тежок е материјалот и не ме привлекува да го учам :( па се размислувам да се префрлам на ПиТ. Знае ли некој каде можам да се обратам за да прашам за префрлање? И дали е можно префрлање на семестар? Навистина ми треба информација, многу ќе бидам благодарна ако ми каже некој.. Фала многу однапред.
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Бегај сестро, бегај, подалеку од ПИТ. Трчај ако можеш. :D

    Не, озбилна сум. Ако на книжевност со еден јазик ти е тешко, овде со два не знам како ќе ти биде, а прочитај поназад за нашите патешествија на нашата ценета катедра. :D

    п.с. Студентски прашања работат од 11 до 14, ако те интересира, можеш таму да си прашаш.
     
  16. sweet.lady

    sweet.lady Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Јазикот не ми претставува проблем сакам да го учам, имам положено CAE и во средно на англиски слушав предавања, а и со германскиот добро стојам, единствен проблем ми е книжевноста затоа што има премногу податоци за автори, дела, периоди многу многу е обемен материјалот, а секоја година по 2 испита се книжевност.. гледам од постарите генерации најголем проблем со книжевноста имаат.
    Фала во секој случај ќе прашам на студентски (ако се доволно љубезни па да ми одговорат) :)
    Инаку зошто не ти се допаѓа твојата катедра?
     
  17. Nimeo

    Nimeo Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    УКИМ - Португалски јазик (испит)

    Може некој да ми каже: дата, време и локација? Please!!!
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    ^oд што?
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Зошто не може? :?: Лани можеше, сигурна сум.
     
  20. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    ^ :?: Не знам зошто не може, ама така не' известија. Студентите кои се од катедрата за книжевност без разлика дали од трета година одбрале насока преведување или толкување смеат да ги дополагаат тие предмети за доквалификација, ама за студентите од катедрата ПиТ тоа не е дозволено. Не ни добивме логично објаснување зошто...