јас сум сега 4 год. средно и размислувам да се запишам на пит англиски јазик,па ме интересира за катедрата пит англиски јазик, кои професори ќе ми предаваат англиски пошто наслушнав дека имало надворешни соработници кои предаваат па ме интересира дали истите ќе бидат или редовни професори ќе имам и ако може да ми кажете дали добро предаваат и дали се строги?? ве молам ако знаете нешто повеќе за ова пишете
Можам да казжам дека моментално филолошки факултет најнеорганизирана институција во Македонија.Пред 10 дена бев да пријавам предмети за полагање..тоа што го доживеав никогаш нема да го заборавам..од толку многу гужва од луѓе ..ти дишат во вратот..те туркаат..се онесвестив! Толку се неорганизирани што не бев единствена што ми се задеси ова!на студентски прашања имаше 500 души луѓе од сите катедри..девојчина бремени ги туркаат хаос..е тоа е филолошки факултет последниве години..само будали се тие како мене што се запишале и се запишуваат.поздрав
ех сеа ме разочара...абе ако гледаш така на секој факултет нешто фали така е овде за жал у нашава државичка..ама ме интересира дали истите професори предаваат секоја година или различни? конкретно ме интересира за 1 год. дали добро предаваат и дали се строги? плс одговорете ако сте биле на англиски пит, ме интересира да знам..фала
Па трипати одговарам за катедра ПИТ, прочепкај наназад и ќе го најдеш одговорот. А инаку за гужвите за пријавување испити, сите чекаат до последен ден и затоа е така. Јас пријавував ден или два откако испадна рокот за пријавување и завршив работа буквално за 3 минути. Влегов, подадов документи, печат ми ставија и си излегов.
Верувај дека тука фалат многу многу работи..Јас сум апсолвент со 3 испити последни на филолошки и многу добро знам како беше кога јас се запишав и како е сега.Има и позитивни страни но повеќето се негативни.За англиски неможам да ти кажам но во глобала се сите исти..По кажување на мои колешки САЈ е најтежок предмет Doozy кај нас за закаснување на рок следи казна од 2000 денари Али тоа е тоа таква ни е државата
Дали има некој на форумот од ПиТ англиски и германски или англиски и француски тука? Ако има нека ми пише лична порака, би сакала да прашам за искуство на катедрата Благодарам однапред.
Па во канцеларија бе девојки Пробајте среда околу 8 часот. Или ако не го најдете еве ви Спојлер број 071559224 јавете се. Тој му беше до пред некое време, ако го сменил тогаш...
Дали на пример ако студираш на филолошки можеш да земеш книги од библиотеките на филозофски или да одиш на некое предавање чисто од љубопитност да видиш како се предава?
Девојки, има ли некоја од вас во скоро време полагано Правопис на СМЈ кај Станислава Тофоска ? Ме интересира како изгледа испитот и дали има дефиниции или конкретно само вежби...
Сакав да прашаам дали студентите што се на ПИТ..одат некаде на пракса (или пак преку стипендии) може да се отиде во некои меѓународни организации каде што се потребни огромен бр на преведувачи/толкувачи (ОН,Унеско)..?? или било каде во амбасади, министерство... Знам дека ако си граѓанин на ЕУ имаш мн шансии да успееш во ваквата работа кај нас нз..? Ве молам повеќе информации !
И јас да прашам за ПИТ..колку што сфатив понеорганизирано нешто здравје ! Ама вака со предметите Учиш Мак.јаз, Француски (во мојот случај) и Англиски. Е сега тоа се 3 задолжителни а изборни? Треба да има уште 3? Меѓу кои се избира??
Во организации низ Македонија се оди на пракса во 4та година (таа е задолжителна пракса). Толкувачите имаат и посебен предмет понеделнички конференции што е всушност пракса. Секој понеделник факултетот кани гости од амбасадите или од други места, говорници чиј мајчин јазик е англиски, француски или германски и каде студентите вежбаат во сала за толкување, како што би работеле подоцна во реален живот. Во институциите на ЕУ има една организирана пракса за тие што се на постдипломски толкување, а за додипломците нема такво нешто Ова ти се задолжителни предмети само во 1 и 2 година (јазик се учи само 2 години), а во 3 и 4 година задолжителни предмети се културолошки студии (македонски, англиски и француски). Секој семестар треба да изберете мин 2 предмети по струка и еден од било која катедра. Во тие по струка спаѓаат од прилика Меѓународни институции и организации, Контрастивна анализа 1 и 2, Теорија на превод и толкување, двонасочно толкување итн., а третиот може да биде било кој др јазик (шпански, јапонски, корејски...) или па било кој друг предмет што ви се допаѓа од некоја друга катедра
Дали некој досега има полагано испит Вештини за правилно пишување кај Станислава Сташа Тофоска за да ми кажи како изгледа?
Кога се заверува семестар, се запишува нов и слични проблеми на овој? Тоа на студентски се се одвива, колку време има дадено? Нешто сложено за нив или оди прилично брзо? Си прашувам зашто на страната ќе напишат вечерта во 2 дека сабајле треба до 10 да се пријавиме, па вака посовреме.
^ Од први февруари. Сигурно ќе има рок од една недела, а за тоа како се одвива- процедурата како процедура е неверојатно проста и брза, ама се' зависи кога ќе идеш. На почеток нема многу гужва и брзо оди, а последните два три дена ќе си почекаш некој саат