доколу има девојки запишани на италијански јазик, ја продавам книгата по книжевност за прва година. Слободно пишете ми. Книгата е како нова.
decki se dvoumam meggju spanski i italijanski... ako znaete pisete...kako e so gramatikata , profesorite, casovite?sakam dogodina da se zapisam..a ne znam i dali kje vlezam u dr.kvota so 4ki iam proagjano ali nema veze...pisete mi za dvete ako ste slusnale ili znaete
Zdravo,sakam i jas da ve prasham,planiram da se zapisham italijanski jazik,pa me interesira dali site predmeti se na italjanski jazik,blagodaram odnapred
Прва година сите предмети се на македонски јазик, од втора година веќе некои од предметите се на италијански, а од трета па натаму сите се на италијански.
Dali ima nekoj od vas tamu shto studira,ako mozhe da mi kazhe kako odat predavanjata,ispitite i tie raboti,dali e mnogu teshko
Предавањата се задолжителни, имаш право на 3 изостаноци. Првата година предавањата се на мајчин јазик, се почнува од најосновните работи во италијанскиот. Од втора година па натака веќе предавањата се на италијански, значи мора да се посвети време и труд да се научи добро јазикот, посебно за оние кои почнале од нула. Предметите не се премногу тешки, но секако си бараат учење. На професорите им е многу битна редовноста на студентот на предавањата, кон нередовни студенти имаат поинаков став дефинитивно.
Јас дипломирав пред повеќе од деценија но, со оглед на тоа дека 80% од професорите се истите, верувам не се смениле многу работите. Редовноста е клучна, впрочем јазик не се учи како економија или право, учиш од книгата на професорот и одиш на испит. Има многу за читање, книжевност се учи четири години, има многу домашно (звучи смешно, ама се испишуваа страници и страници со граматички вежби). Треба и да бидеш навикнат да учиш јазик, да те интересира. И она што можам да го кажам како некој кој работи петнаесет години (скоро) со јазикот, факултетот е основата. Потребно е навистина многу слушање, зборување и вежбање за да се совлада говорниот јазик (ова секако важи за сите професии, ама посебно за јазичните). Сума сумарум, ако те влече, ќе уживаш. Ако не те влече, ќе се мачиш.
Пс. Сите предмети се учат на италијански, освен изборните нормално, односно оние од други Катедри и студиски групи ( на времето учевме теорија на книжевност, антропологија, психологија и слично). Во прва година се почнува со азбука, но за два семестра се поминува цела граматика, значи од учење да читаш и пишуваш до сите можни глаголски времиња. Во втора се продлабочува знаењето, во трета веќе се преминува на синтакса. Ако не ти е важно која насока ќе ја одбереш, односно ако немаш врски во училиште за да те вработат како професорка (по закон предност секогаш имаат кандидати со наставна насока), подобро е да слушаш преведувачка насока, затоа што повеќе се користи јазикот, се вежба превод и доста се учи од професорките и од самите вежби, а мислам дека во последниве години се вежба превод и во кабина (во мое време бевме среќни ако најдеме столче за седење).
Здраво. Ме интересира дали доколку се запишам на Филолошки факултет- Германски јазик, како втор јазик можам да изучувам Италијанскиот. Благодарам однапред
Можеш да ги учиш сите за кои ќе можеш да се искомбинираш со распоред, бидејќи студентите под А и Б ги слушат истите предмети. На пример, ти ако одбереш италијански под Б, ги слушаш главните предмети (современ јазик, граматика и книжевност) со студентите кои одбрале италијански јазик под А. Ако слушаш јазик под Ц, тоа ти е курс кој трае две години и се организира посебна програма.