Да можеш да земеш превод, и после да доучиш уште неколку испити за професор али колку се точно не знаам
мислам дека се 3, но ќе се распрашам во секој случај. и имам уште едно прашање, освен англиски којшто нели е основен, колку други јазици може да се одберат и кои?
Па освен трите задолжителни предмети постојат уште три изборни.Изборните кои што сакаш можат да ти бидат, е сега постојат некои кои што се обележани со астерикс и кои што мораш да ги земеш и да ги учиш иако се изборни, тие ти ги наложува катедрата адругите сама си ги бираш.Ако имаш само еден на пример обележан со астерикс можеш другите два да си ги земеш јазици ако сакаш.Е сега кој јазици можеш да ги земеш точно нз.Некои од моиве колешки имаа земено српски,шпански,албански,чешки. Овие со сигурност можеш а за други нз
Трета ќе бидам, и сега за сега супер ми оди малку мачам маки со Зоко и Кошка али со другите супер е, ако учиш нема да имаш проблеми
А дали доколку се дополагаат испити од наставна програма (педагогија, методика на настава и сл.) а се дипломира на катедрата превод и толкување може потоа да се предаваат јазиците кои биле изучувани?
Па ако ги дополагаш и тие тогаш фактички ќе ја имаш и дипломата дипломиран филолог лектор и со тоа ( според мене) би значело дека ќе можеш и да предаваш
Современ јазик секогаш после писмениот дел иде усен и во втора година идеш и фонетика на усно. Понекогаш има усно и кај Анчевски ако си во положените со ѕвездица
Епа се пишав, шта чеш. Таа ми рече дека сум била бубалица, ма немој молим те. Бубалица бубалица, ама со 99 поени - горда бубалица! Ако има некој другар или другарка од ПИТ - анг со герм, лп да се упознаеме. Пис нигас.
хаха И мене истото ми го кажа,али јас не се запишав на ПиТ туку на англиски јазик и книжевност (иако се мислев до вчера вечер на која катедра да одам) Па нека ни е со среќа. Се надевам дека ќе бидат интересни студиите. Само ме плаши фактот што никој не познавам од англиски јазик и книжевност. Во случај да се предомислам може да сменам катедра/факултет на завршен семестар или година? Иначе дали некој знае кога се запишуваат модулите и изборните предмети, дека на уписот само англиски јазик и книжевност пишав? Дали може и германски да земам под Б па да го предавам после и германскиот? Фала многу однапред
Во прва учите сите исто во втора се делите а за земање на јазик од б неможи, прочитај погоре има напишано
Штета ќе биде ако не може, баш сакам и двата да ги учам Фала ти многу teddygirl ќе се распрашам подетално на студентски па ако може ко што викаш тогаш одлично ќе биде Фала lady.N Нека ни е со среќа колешке Дали при упис запишавте негде и изборни предмети или кога ќе почнеме тогаш ќе одбереме и дали ви дадоа ливче со број? Дека на други факултети им давале ливчиња со број,а мене не ми дадоа да не не сум го земала
Кога ќе почнеме тогаш ќе бираме.А ливче со број не даваа,ама мене ми го кажаа бројот.Сепак бројот служи само за проверка на документи и нешто слично,не е морално да го знаеш(на една другарка исто не и го кажале бројот,ама и рекле дека може и со име и презиме да се провери)